Хехе, судејќи според твојата логика, над 90% од Македонците се сојузници на фашистите, Хитлер, татарите, швабите и останатите сили на Оската, бидејќи за време на Втората Светска Војна, Партизанските Одреди на Македонија броеле помалку од 100.000 партизани, поточно некаде помеѓу 60.000 и 70.000 луѓе, а во тој период во Македонија живееле над 1.100.000 луѓе, што значи дека над 1 милион јаделе трици.
Леле извини, заборавив, сите тие над 1 милион биле прикриени комунисти кои толку многу ја обожавале социјалистичката диктатура во Македонија и во Југославија, што добар дел од нив си ги собрале парталите и фатиле џаде во странство после Втората Светска Војна - вклучувајќи и мои роднини, исто како што и денес младите фаќаат џаде во странство - а и добар од нив завршиле или позади затворски решетки или на Голи Оток бидејќи не биле доволно лојални комунисти.
На протестите против екстерното тестирање, па против режимот, па таканаречениот камп на слободата, сигурно не се собраа над 200.000 луѓе, море и 100.000 луѓе дали се собраа, ама ај нека бидат 200.000 луѓе, пак добиваш бројка од 10% од целокупното население. Значи останатите 1.800.000 жители на Македонија јадат трици бидејќи не излегле против режимот.
Навистина стануваш ист како пвеводбениците
, треба да почнеме да ги запишуваме изразите кои ќе ги користиш во иднина за етикетирање на истомислениците, па да правиме споредба со изразите кои заколнатите душмани на соросоидите ги користеа/користат на форумов.
Мој проблем е тоа што ќе правам јас со моите пари, јас не си го пикам носот во твоите финансии.
Добредојден си да докажеш дека сум излегол било кога во темава во одбрана на било која политичка партија.
Не знам за тебе, но јас не сум од вчера за да не знам дека МРТВа телевизија не нудеше ништо асално во својата телевизиска програма и пред 2006 година, таа телевизија треба да се приватизира и ајде здраво со нејзе и со радиодифузната такса.