Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
На денешен ден (1941) за прв пат во Војната е употребена каќуша.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
На денешен ден во 1942 година во Ленинград е одржана ленинградската премиера на Седмата Симфонија на Дмитри Шостакович, посветена на неговиот роден град Ленинград.

Со цел да биде слушната низ целиот град, вклучувајќи го и непријателот, симфонијата се емитуваше преку мегафони низ Ленинград, а за безбедносните потреби на премиерата, Црвената Армија испали 3.000 гранати од висок калибар кон позициите на германскиот Вермахт.

Пред почетокот на премиерата во градот под опсада на нацистите, диригентот на ленинградскиот радиски оркестар Карл Елиасберг им се обрати на жителите на Ленинград со зборовите:

Другари! Голем настан во културната историја на нашиот град ќе се одржи. За неколку минути, ќе ја слушнете за прв пат Седмата Симфонија на Дмитри Шостакович, еден од нашите истакнати граѓани. Тој ја напиша оваа голема композиција во градот во деновите кога непријателот се обидуваше, залудно, да влезе во Ленинград. Кога фашистичката свиња ја бомбардираше и гранатираше цела Европа, и Европа веруваше дека деновите на Ленинград му се избројани. Но оваа изведба е сведок на нашиот дух, храброст и подготвеност за борба. Слушајте, другари!

Композиторот Шостакович подоцна ќе изјави дека Седмата Симфонија нема само анти-хитлеров карактер, туку и општо анти-злобен карактер, бидејќи е подеднакво анти-сталинистичка колку што е и анти-хитлерова. Всушност, Седмата Симфонија е едно од ретките анти-сталинистички музички дела кои биле емитувани во Советскиот Сојуз за време на личната диктатура на Јосиф Висарионович Сталин, кој ја одобрил изведбата на Седмата Симфонија со цел да ги поттикне моралот и одлучноста кај советските граѓани и Црвената Армија за време на Втората Светска Војна, а особено кај жителите на Ленинград.

22 години подоцна, во 1964 година, во присуство на авторот Шостакович во Ленинград, Елиасберг повторно ја диригираше изведбата на Седмата Симфонија, овој пат во изведба на Ленинградскиот Симфониски Оркестар.

Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.866
Неговото најпознато дело, мое омилено,

ептен сме надвор од темата.[DOUBLEPOST=1502306026][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Еден од ретките, а можеби и единствениот говор на Хитлер, каде што е снимен како зборува со нормален глас.
Средба со Манерхајм, 4 јуни 1942.
Интересни забелешки.
Хитлер збори за својата зачуденост од руското вооружување. Да му рекол некој дека некоја армија имала 35.000 тенкови не би верувал, а Русите со толку му почнале. Германците уништиле до тој период 34.000 тенкови. Потоа објаснува како тоа е можно и збори за гигантските руски фабрики со илјадници вработени кои живеат како животни.
Зборат и за други работи, меѓу кои може да се забележи надалеку познатата инфериорност на Италија и маките и дистракциите што заради тоа ги имала Германија, која требало да се бори на запад (Бенелукс,Франција, Британија...), исток (Полска, Русија...) и север (нордијски земји), али не, пошто се ужасно неспособни нивните сојузници Германците мораат и да вадат жешки костени на Балканот (Грција и Крит), северна Африка и Медитеран општо.
Вреди да се чуе од многу аспекти.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

After the tape was revealed to the public, some believed it was a fake because Hitler's voice sounded too soft. Photographs taken on the day of the event showed that Hitler had been drinking alcohol, which could have affected his voice as he rarely drank alcohol. After listening to the recording, Rochus Misch, Hitler's former bodyguard and radio operator, said:

"He is speaking normally, but I'm having problems with the tone; the intonation isn't quite right. Sometimes it seems okay, but at other points not. I have the feeling it's someone mimicking Hitler... It really sounds as if someone is mimicking him."
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
The Hitler and Mannerheim Recording is a recording, made in secret, of a conversation between Adolf Hitler and Carl Gustaf Emil Mannerheim in 1942.

Thor Damen, a Finnish engineer from the broadcasting company, Yle, was on hand to record official birthday speeches and Mannerheim’s responses.

Damen left the recorder running after the conversation became a private conversation. He succeeded in capturing 11 minutes of their private talk.

Since Hitler never allowed anyone to record him without being prepared, it is the only known recording of Hitler’s normal speaking voice.

When the SS realized that Damen was recording, they demanded that he stop. They were furious, but Yle was allowed to keep the recording hidden without ever being opened again.

The tape was given to Kustaa Vilkuna, the head of the state censor’s office. It was returned to Yle in 1957.

A few years later, it was made publicly available. It’s one of the few recordings of Hitler giving a narrative without raising his voice.
 
на телохранителот на Хитлер Rochus Misch му е сумњива снимката како некој да го имитира гласот. Тој беше со него често го слушаше како зборува му го знаеше гласот и кога е нервозен и кога е среќен и кога е уморен...

Misch was transferred to the FBK in early May 1940. As a junior member of Hitler's permanent bodyguard, Misch travelled with Hitler throughout the war .When not serving as bodyguards, Misch and the others in the unit served as telephone operators, couriers, orderlies, valets, and waiters. When on duty, the FBK members were the only armed men Hitler allowed to be near him. They never had to surrender their weapon and were never searched when they were with Hitler. It did cause Misch some concern that they were armed only with Walther PPK 7.65 pistols.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Телохранителот вели дека час му звучи ко Хитлер, час не му звучи. Снимен глас и глас во живо исто не звучи баш ни во денешно време, ни со денешна техника, а камоли со таа тогаш.
Скроз може да не му звучи исто. Колку пати тој го има слушано Хитлера на снимка како збори нормално? Колку снимки такви упоште постојат? Само оваа?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Снимен глас и глас во живо исто не звучи баш ни во денешно време, ни со денешна техника, а камоли со таа тогаш.
Скроз може да не му звучи исто. Колку пати тој го има слушано Хитлера на снимка како збори нормално? Колку снимки такви упоште постојат? Само оваа?
Кузнај и дали е само ова. Имаше на времето и дневниците на хитлер сосема сериозно прифатени и објавени па се испостави дека се лажни. Баш зато шо нема други снимки на нормален глас на хитлер, веродостојноста може да ја потврди некој кој го знае неговиот глас и интонација,
 
Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
На денешен ден (1941) за прв пат во Војната е употребена каќуша.
"Катјуша" - ВМ многозарјадна реактивна артилеријска установка. Името е умалено от Катја(Екатерина).
БГ имаше 12000 зарјада. Мај некакви дадохме на МК, но не суми сигурен.[DOUBLEPOST=1502455320][/DOUBLEPOST]
Колку пати тој го има слушано Хитлера на снимка како збори нормално?
През 1999 г. в офиса за един превод дојде едно почти антично, но много аристократично и симпатично бабенце.
Заговорифме се и се оказа, че е била резервен преводач на делегациата на Борис ІІІ в Германија.
Запознала се е с Хитлер, Горинг, Химлер и сите други.
Гобелс и целунал рака.
После кога служебниот персонал болгари и германци, седнале да објадват, дошли Борис, Хитлер и не помнам оште кој.
Најголемото впечатление на госпожата(дано е жива и здрава оште) е дека тие германски лидери са говориле совсем приателски човешки за лични нешта, и гласовете има не сабиле како нарадиото.
Попеахме си Лили Марлен(световна песен) и това беше.
Уточниавам - аз сум антинацист.
Изучавах историата на националсоциализма(това не е фашизам, а нешто много полошо) за да разбера, как е било возможно најцивилизовата нација в света - германската да се подчини на такива луге и особно на такива идеи.
Чел сум Mein Kampf.
Не знам дали кај Македонија имате литература за зараждането на нацизма - В БГ има много.
Излезоха книги - на Рохус Миш, на една секретарка и др.
По книгата на секретарката е филма Der Untergang.
На англиски е Downfall - Падението.
Много, ама много е вистински.
Ако се интересувате от Хитлер, надевам се не заштото го харесвате, много доб'р е стариот филм от 1935 г. на Лени Рифенштал - Triumph des Willens - Триумф на волјата. Там го има и нормалниот глас на ....онја.
Дано да го намерите без дополнително озвучаване на англијски.
И да знаете, за нацизма вистината е дори пострашна от всичко, което досега сте видели.
Но таа вистина требва да се знае докрај.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Све ова што си го пишал е ОК, особено последната реченица.Инаку ние не сме паднати од небо и све што си набројал е верувам поминато и гледано од сите кои тука, на темава пишуваме.
(освен Мајн Кампф, јас не сум ја читал)

Луѓето обично навиваат и немаат баш често објективна перспектива за настаните од II СВ.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Еден од ретките, а можеби и единствениот говор на Хитлер, каде што е снимен како зборува со нормален глас.
Средба со Манерхајм, 4 јуни 1942.
Интересни забелешки.

Само сакам да кажам пар збора за биографијата на овој човек бидејки е многу интересна.
Манерхајм е по многу Финци најголем Финец од сите времиња.
Но тој едвај зборувал фински (од шведско потекло е).
Од благородно семејство , кавгаџија и коцкар. Татко му исто со коцкарски дух ги губи парите, банкротира и го напушта семејството со својата љубовница и се сели за Парис.
Без пари , на младиот Густаф не му преостанува многу освен војната кариера. Прво оди во финската кадетска школа од која е бргу исфрлен. Сепак после пар перипетии оди во елитната војна школа во Петроград. Завршува и рангиран е десети, после паѓање од второ место бидејки се раскарал со надредениот официр во пијана состојба околу автономијата на Финска.
Се жени со богата жена, се разведува, влегува во коцкарски долгови. Паѓа во депресија и се обидува да ја лечи со промена на средината.
Тоа во неговиот случај значи доброволец во Руско-јапанска војна од 1904-5. Се истакнува со храброст и унапреден е во полковник.
Потоа е пратен во шпионски мисији во Монголија, Тибет и западна Кина, преправен во етнограф.
Понатаму е унапредуван и во првата светска војна повторно се покажува импресивно. Кога е одликуван со највисокото одликување во Русија, орденот св. Георгие рекол "е сега можам да умрам".
Понатаму нема да пишувам ама веројатно е познато на сите неговата феноменална организација на одбраната на Финска од СССР во зимската војна 1940 . Веројатно имал доста бивши колеги од спротивната страна (т.е од оние што преживеале разни чистки, што обично значи шкартот). Но во секој случај да добиеше куршум во главата од Јапонците во 1905 или од Кинезите во 1907 или од Австроунгарците во 1914 тоа ќе беше смрт на некој си руски официр, царски гардеец. Идентитетот е чудна работа, зар не?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom