- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Не бе друже, Раиола не сакаше пари од Милан и парите не беа проблем во ниту еден момент. Целта на Раиола беше трансфер на Донарума ова лето и ништо повеќе или помалку од тоа, а на крај кога видоа и двете страни дека нигде нема да ги однесе инаетот најдоа некоја средина. Поголема откупна клаузула можда значи поголем процент за Раиола, но од друга страна значи и многу поголеми пари за Милан од оние првични и мизерни 20-30м.Како бе што добија од Милан? Па го добија све тоа што сакаа, плус и брат му го пикнале во тимот. Поголема откупна клаузула ќе значи и поголем процент за дебелиот.
Никако Милан не го заеба ни Донарума а ни Раиола, напротив, им ги исполнија речиси сите услови на двајцата.
Ќе биде свиркан 5 утакмици дур не почне да брани ко луд, ако пак биде на ниво, сите ќе ја заборавата сагата...
Јас не ни реков дека Милан е тој што го заебал Раиола, но не се согласувам ни со тоа дека Милан е заебан од страна на дебелиот. Единствен заебан од целава ситуација е Донарума кој што го загуби лицето пред навивачите, а Милан и Раиола во име на евентуален бизнис т.е. продажба на Донарума во иднина се повлекоа од тоа што првенствено го кажаа, односно како што кажав и претходно, видоа дека инаетот нема да ги однесе нигде па се направија на три ипол за да лапнат и двете страни убава пара во иднина.
Што се однесува до платата факт е дека истата е поголема за милион-два во однос на тоа што се збореше за плата на Донарума пред еден месец, но ако не се лажам тогаш на Донарума му нудеа 5 годишен договор со 4 или 5м по сезона, а сега доби 4 годишен договор со 6м по сезона. Факт е дека вака ќе земе поголеми пари, но исто така факт е дека за тим како Милан 3, 5 или 7м во период од 4 години и не се којзнае какви пари.
За тоа што дојде и брат му искрено ич не се замарам. На Милан секако му е потребен трет голман зошто Габриел ќе оди пак на позајмица и не може да останат само со Сторари на клупа.