...
А да се надоврзам на другата тема околу СССР.
Не е баш јасно како луѓето го сметаат тој СССР на Сталин за нешто позитивно. Тоа што две години бил сојузник на Хитлер, што заеднички ја нападнале Полска а после еден куп други држави со грб од Хитлер. Дали тоа што тргувале со оружје и ресурси со Рајхот и тоа што купувале директно оружје од нацистите, воделе заеднички тенковски и воздухопловни маневри и имале тајно воздухопловство во СССР за да избегнат ограничувања од Версај е нешто за восхит не знам.
Нејасно.
Не знам дали беше ти што спомена или некој друг дека од 1939 до 22.6.1941 СССР не мрдна со прст да помогне на сојузниците, не само тоа туку си напаѓаа други земји со Хитлер.
Па можеби бидејќи над 2 третини од воените сили на Нацистичка Германија биле поразени на источниот фронт од страна на сталиновиот СССР, а не на западниот фронт во Франција или на северноафричкиот фронт во Египет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко.
А да беа Британците во сојуз со Нацистичка Германија, ќе ги нарекуваа борци за мир и хармонија.
" Следува мир во нашето време " - рече Невил Чемберлен на 30 септември 1938 кога се врати во Велика Британија со потписот на Адолф Хитлер врз Минхенскиот договор, со кој им ја подари Судетската област од Чехословачка на Хитлер и нацистите, без воопшто да ги праша Чехословаците дали воопшто го прифаќаат ваквиот договор.
" Не знаеме ништо за тие народи " - рече Чемберлен за Чехословаците кога го потпиша Минхенскиот договор, за нецели 2 години подоцна, во мај и јуни 1940 да дознае дека германски тенкови и артилерија произведени меѓу другото и во Чехословачка, успешно ги преминале Ардените и навлегле длабоко во Франција, па додека да се освестат Британците и Французите, бегаа со бродови од Данкерк за да извадат жива глава од германските тенкови кои ги опколија. Испадна дека тие народи за кои Чемберлен и неговите истомисленици не знаеле ништо, ги бивало за тешка индустрија, вклучувајќи ја и воената гранка на тешката индустрија.
Русија од секогаш била дежурната бабарога на Европа, едноставно бидејќи е премногу голема и премногу богата.
Фактот дека Руската Империја била заколнат душман на слободата и демократијата, воопшто не им пречел на Велика Британија и Франција за да си тераат добри трговски и воени бизниси со царот и неговите аристократски сојузници, на крајот на краиштата, парите се тие кои имаат вредност, без разлика дали се крвави пари или не, додека човековите слободи и права немаат вредност.
Советскиот Сојуз се обидувал да формира анти-фашистичка коалиција со Велика Британија и Франција, но тие не сакале да имаат ништо заедничко со социјалистичката диктатура со седиште во Кремљ, поради што полесно им било да им попуштаат на Хитлер и нацистите, па дури и откако го прекршиле Минхенскиот договор со окупирањето на целата преостаната територија на Чехословачка во март 1939.
Кога на Јосиф Висарионович Сталин му станало јасно дека Британците и Французите попрво би биле лицемери отколку анти-фашистички сојузници, одлучил и тој да ја игра нивната лицемерна игра и го потпишал договорот за ненапаѓање помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија, познат како договорот Молотов-Рибентроп, во август 1939, со што сталиновиот СССР станал неформален сојузник на Нацистичка Германија.
Подоцна дури имало и обиди за СССР да стане формален сојузник на Нацистичка Германија со придружување на силите на Оската, но за Хитлер тоа делувало неприфатливо - да влегува во анти-социјалистички и анти-комунистички сојуз со најголемата социјалистичка диктатура во светот, поради што сталиновиот СССР останал само неформален сојузник на Нацистичка Германија, се до 22 јуни 1941 со нападот на Нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз со почетокот на Операција Барбароса. Иако за волја на вистината, најголемиот анти-социјалист и анти-комунист во самиот СССР, бил токму Јосиф Висарионович Сталин, кој испоубил милиони лојални социјалисти и комунисти и` пред и после Втората Светска Војна.
" Европските народи мораа да бираат помеѓу срам и војна. Одбраа срам, но ќе трпат војна " - рече Винстон Черчил откако Чемберлен го потпиша Минхенскиот договор.
" Ако Хитлер го нападне пеколот, ќе кажам по некој добар збор за ѓаволот во Парламентот " - рече Черчил во одбрана на неговата поддршка кон Советскиот Сојуз и Јосиф Висарионович Сталин.