Мислев дека го има истиот ефект или бар сличен како кавитацијата што ја прават по болнициве. Како и да е, од кога ќе се пукнат/лизираат масните клетки, што се случува со маснотиите? Како понатаму се отстрануваат од организмот? Или има шанса да се наталожат по крвните садови?
Гледам дека тебе повеќе те интересира што беља можат да направат масните клетки, отколку тие истите да ги ,,испразниш,,, но за тоа не треба да се загрижуваш организмот е направен така да се активираат разни биохемски реакции на трансформација на маснотиите од масна клетка во енергија доколку ти не внесуваш калории и го создаваш тој дефицит на енергија, телото сам се грижи ,,да најде енергија,,...
ај малку онака општо,
...возрасно лице има околу 75 милијарди масни клетки, во случај на тешка дебелина може да биде до 250 до 300 милијарди масни клетки, телесните клетки со масти во основа се само резервен извор на енергија, би рекла тие почнуваат уште во детството ,,да се полнат,, како речиси празни масни клетки за складирање и кога енергетскиот внес ги надминува детските потреби (чоколади, чипс, хамбургери) тие се ,,полнат,, со масни материи...
но имаме и нормален процес на ,,полнење,, на тие телесни клетки т.н масни клетки добивајќи во тежина и тоа почеток на пубертет, бременост па и доба на зрелост, тука е и фактот дека жените имаат повеќе масни клетки од мажите затоа се повеќе склони кон дебелење, а да спомнам и факт на генетски предиспонирани да имаат повеќе масни клетки од другите со што се склони на дебелење, така да ако генетски имаме повеќе масни клетки ние не можеме да делуваме да ги имаме помалку...
НО НИЕ МОЖЕМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ ДА НЕ ,,ги полниме,, СО МАСНОТИИ тие празни масни клетки и тоа со дисциплина на исхрана, вежбање па и ментален став кој сметам дека има големо влијание денес за дебелење поради стресна состојба, но пак ќе речам ГЕНЕТИКА НЕ ИЗГОВОР, МИНАТОТО НЕ ИЗГОВОР, МОМЕНТАЛНАТА МЕТАЛНА СОСТОЈБА НЕ Е ИЗГОВОР ДА РЕШИМЕ ДА ГИ СТОПИМЕ ,,испразниме,, овие масни клетки, затоа што ние ако ослабниме и сме идеални во тежина не значи дека сме се ослободиле од масните клетки, тие се во нас, но само што ,,се празни,, и доаѓа до израз мускулната маса...
и ПРВ ЧЕКОР Е - ДЕКА МОРАМЕ ДА ПОТРОШИМЕ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ОД КОЛКУ ВНЕСУВАМЕ СО ЈАДЕЊЕ!!!
...на телото му треба секогаш енергија и кога има ,,енергетски дефицит,, оти ова соодносот е пореметен на внес на калории се активира природниот сигнал во човекот за лачење ензими и хормони кои ќе делуваат на телесната маст...
...масните клетки (наречени адипоцити) не одат никаде се движат во мускулната ќелија за да се изгорат ,,испразнат,, , така да самото масно ткиво (за жал) останува токму таму каде што беше - под кожата во бутовите, стомакот, колковите, рацете па и на врвот на мускулите затоа не можеме да ја видиме дефиницијата на пример на добра задница поради високата телесна маст...
...маснотиите се складираат во внатрешноста на масните клетки во форма на триаглицерол преку малку сложени хормонални / ензимски патишта во крвотокот како слободни масни киселини (FFA) и се транспортираат низ крвта до ткивата каде што е потребна енергијата што е намалена поради мал внес накалории (исхрана)...
... еве да речеме
@Sungerot Bob како млад машки организам чуваш да речеме околу 60.000 до 100.000 калории енергија во телесните масни клетки, кога на твоето тело му е потребна енергија бидејќи внесуваш помалку калории ( исхрана, диета) отколку што ти треба (дефицит на енергија), тогаш твоето тело дава сигнал и се ослободува хормони и ензими кои ги сигнализираат твоите масни клетки да ги ослободи твоите масни резерви, наместо да ги чуваат во складиште и сега за да складираните маснотии бидат ослободени од масните клетки...
...настанатите биохемиски реакци т.е.настанува хидролизата (липолизата или распаѓањето на мастите) ја дели молекулата на триаглицерол во глицерол и три масни киселини под дејство на важен ензим наречен hormone sensitive lipase (HSL) кој е катализатор за оваа реакција, складираната маст (енергија) се ослободува во крвотокот како FFA и тие се префрлени на мускулите каде што е потребна енергијата, додека крвниот проток се зголемува на активните мускули, повеќе ФФА се доставуваат до мускулите кои им се потребни, потоа важен ензим наречен липопротеинска липаза (LPL) му помага на FFA да влезе во митохондриите на мускулната клетка, каде што FFA може да се изгори за енергија кога на пример играш фудбал во ноќни часови наместо да спиеш!
...кога FFA се ослободуваат од масните клетки, масните клетки се намалуваат и затоа изгледаш послаб како да си ослабел , губењето на телесна маст затоа што масната клетка сега е помала односно масната ќелија е ,,празна,,, ама ако не си дисциплиниран и пак се вратиш на лошиот начин на исхрана и неактивност со вежби тие масни клетки пак,,ќе се полнат,,тие никаде не одат, туку само се трансформира во енергија кога не му даваш на телото да јаде, затоа ти велам без фластер на уста и вежби ништо не ја бидува од ослабувањето т.е ,,испразнувањето,, на масните клетки од маснотиите ...