Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија
18.10.2014
Новиот, репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вечер свечено е отворен претставува музеј на 21.век. Преку повеќе од 6.000 експонатите и со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика тој ќе ја презентира автентичната повеќевековна историја и култура на територијата на Република Македонија.
Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред претседатѕелот на дравата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, акдемската заедница и други гости истакна дека археологијата, која претставува значајна дејност која во многу други држави активно е развивала и унапредувала во Македонија долго време била запоставена, а националниот Археолошкиот музеј бил само еден од одделите на Музејот на Македонија, додека голем број локалитети биле запоставени проследно со целосна стагнација на науката и арехеолошките истражувања.
Ваквите процеси, додаде, беа видно изменети во 2006 година како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања и ангажман на голем број македонски археолози и научници низ многу археолошки локалитети во државата,што придонесе за откривање на стотици илјади вредни експонати од огромно значење за земјата.
- Сите овие артефакти преставуваат дел од нашето културно наследтво, кое е израз на специфичните традиции, знаење и вредности од минатите генерации на овој перостор. Тоа ни овозможува подобро разбирање на историјата и претставува колективна меморија на општеството од која ќе можат да црпат знаење новите генерации. Нашата денешна генерација ја имаше таа чест ова наследство соодветно да го конзервира и презентира на целиот свет, затоа што ваквото минатото му припаѓа на целиот свет, рече премиерот Груевски.
Тој подвлече дека Археолошкиот музеј, кој е еден од највпечатливите, најсодржајните и најубавите музеи во современа Република Македонија, ќе претставува и нова значајна понуда во делот на туризмот на земјата. Неговата содржинска поставенот и вредност, мноштвото артефакти и низа предмети кои јавноста ќе може ексклузивно да ги види, како што се статуата на Венера Будика од 2. век, ритуалната кочија стара 18 века, единствената копија на Александровиот саркофаг, свештеничката од Лисичин Дол, но и неговата локација, додаде, ќе претставува поттик тој да биде посетен од мноштво домашни и странски годсти.
- Сите овие предмети имаат непроценлива вредност за нашата земја, даваат белег за нашата култура, неуморно го конзервираат нашето минато и на најубав можен начин ја афирмираат нашата држава. Ваквото културно наследство претставува една од основите на одржливиот развој и може да биде корисен онструмен за поттикнување на меѓукултурниот дијал и поттикнување на општествената кохезија, како и обликување на нашиот идентитет како народ и држава, рече претседателот на Владата.
Тој најави дека инвестициите во културата ќе продолжат, а следен во низата владини проекти во областа го посочи отворањето следната недлеа на Музеј на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција, како и нов дел на Етнолошкиот музеј во рамки на комплексот „македонско село“.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека денеска Македонија добива музеј кој ќе овозможи културна интеракција помеѓу нашето минато и сегашност, помеѓу историјата и современото живеење, помеѓу археологијата и културниот идентите на македонскиот народ. Таа подвлече дека станува збор за монументален објект, кој претставува пандан на најсовремените светски археолошки музејски институции.
- Новиот Археолошки музеј е музеј на 21. век. Современите технологии, анимациите, амбиенталната музика, ликовните дела со имагинативна рекострукција на определни периоди од развојот на цивилизацијата на нашето тло и другите содржини овозможуваат посетителот да направи свое сопствено археолошко истражување. Современиот начин на презентација во Музејот уверена сум дека ќе овозможи секој граѓанин на нашата држава, но и странски посетител, длабоко да го осознае богатото културно наследство на Македонија и да научи мнгу повеќе за нашето културно минато. Музејските содржини ќе бидат особена провикација за младите генерации, кои од овој Музеј во иднина ќе црпат чувство на припадност и почит кон сопствените корени, посочи Канческа Милевска.
Директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева истакна дека во создавањето на приказната раскажана преку поставката активно учествуваа стручните оддели при Музејот, како и заводите и музеите во РМ и Управата за заштита на културното наследство.
Музејот е сместен во трикатна зграда на површина од 6.000 квадратни метри и во него ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, почнувајќи од праисторијата па до средниот век.
Првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите, меѓу кои: рановизантиските оригинални мозаици од локалитетот Суводол, копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век.
Музејот има повеќе оддели - за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка... Покрај богатата археолошка поставка, Музејот е опремен и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, а има и реконструкција на објекти од неолитот, современо музеолошки конципирана.
По повеќе од 30 години, Република Македонија во новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори.
ИЗВОР
„ДНЕВНИК“ - ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД НОВИОТ АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ
Саркофагот за Александар и 6.000 артефакти изронија од македонското минато
Весна И. Илиевска
Златните предмети од некрополата на Требеништа и Горна Порта од Охрид, меѓу кои и уникатните обетки со гулабици, единствениот бронзен појас заедно со реконструкција на гробот на т.н. пајонска свештеничка од некрополата кај валандовското село Марвинци, штитот од селото Бонче, на кој го пишува името на македонскиот крал Деметриј Први Полиоркет, стаклената чаша дијатрета, вредни рановизантиски мозаици, копија од саркофагот од Александрија, кој Турција ~ го подари на Македонија. Ова се само дел од илјадниците предмети кои првпат ќе бидат обединети и презентирани на едно место - во Археолошкиот музеј на Македонија во центарот на Скопје.
Свеченото отворање е закажано за вечерва во 19 часот. Во импресивната постојана музејска поставка на 6.000 квадратни метри ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата, па сè до средниот век.
Според министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, со изградбата на новиот репрезентативен објект, каде што е сместен Археолошкиот музеј на Македонија, нашата земја доби монументален објект, мошне значајна инвестиција за нашата држава гледано од историски, културолошки, образовен и од туристички аспект.
- Во музејот е презентирано нашето непроценливо културно наследство, кое е потврда за милениумскиот цивилизациски континуитет на овие простори, аргументирано сведоштво за нашата историја. Голем дел од експонатите првпат и ексклузивно ќе бидат прикажани пред јавноста. Меѓу изложените артефакти се и оние што беа пронајдени во рамките на капиталните истражувања поддржани од Владата - вели Kанческа-Милевска.
Бронзениот појас од Марвинци првпат пред очите на јавноста
Во постојаната археолошка поставка се наоѓа комплетната реконструкција на „гробот на свештеничката“ од локалитетот Марвинци заедно со реконструираниот, уникатен бронзен појас, кој првпат ќе биде прикажан пред јавноста. Тука се исклучително вредните оригинални рановизантиски мозаици од Суводол, копијата на саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пред новата ера од локалитетот Бонче, но и импресивната колекција на античкото злато, кое набрзо ќе биде вратено од меѓународната изложба во Манхинг, Германија.
- Новата поставка на Археолошкиот музеј на Македонија слободно може да се спореди со поставката во кој било врвен светски музеј. Верувам дека употребата на современите технологии во естетско-визуелниот пристап ќе резултира со огромен интерес музејот да го посетат домашните и странските посетители - вели Kанческа-Милевска.
Посетителите ќе можат да ја видат импресивната бронзена, теракотна и стаклена колекција од римскиот период, но и целосно реконструираната погребна ритуална кочија од Делчево, стара 19 века. Во поставката е и исклучително ретката стаклената чаша дијатрета од 4 век, која беше реконструирана во Мајнц, Германија. Од доцноантичкиот период се претставени и импресивните стаклени садови за вино (амфори) од охридскиот регион. Долгата и богата македонска историја ќе биде надополнета со целосната колекција на уникатните теракотни икони, кои минатата година беа презентирани во Украина. Археолошката поставка завршува со средниот век и со богатата колекција на накит од османлискиот период, кој исто така првпат јавно ќе биде изложен.
Наоди од 150 археолошки локалитети
- Убедена сум дека за кратко време музејот ќе стане дел и од едукативната програма на повеќе образовни институции во земјава. Преку посетата на овој музеј младите ќе можат преку специјални интерактивни и мултимедиумски едукативни книги, програми и игри да добијат поопширни информации за нашето богато културно наследство - вели Kанческа-Милевска.
Археолошкиот музеј на Македонија првпат ќе го обедини целокупното археолошко богатство од сите градови во земјава оформувајќи целосна слика на културните слоеви на ова поднебје низ вековите. Во поставката ќе бидат изложени наоди од повеќе од 150 археолошки локалитети.
Предметите ќе бидат изложени во нови стаклени витрини. Таа ќе биде збогатена со 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, видеоанимации, а има и амбиентални реконструкции на објекти од неолитот. Витрините нудат целосна заштита на експонатите од сите надворешни влијанија. Во секоја од нив е вграден соодветен систем за заштита од прашина, влага. Тие имаат соодветен систем за осветлување кое не ги оштетува предметите и може да се регулира јачината на светлината. За безбедност и заштита на музејските експонати витрините се опремени со најсофистицирани безбедносни системи за заклучување, алармирање и сигнализирање.
На продажба копии на ексклузивни артефакти
Во Археолошкиот музеј на Македонија се застапени повеќе оддели: за праисториска, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка. Во рамките на институцијата ќе функционира и музејскиот маркетинг, кој со својата продавница ќе нуди широк избор на специјални музејски копии од ексклузивни артефакти пронајдени на нашите археолошки локалитети децении наназад. Ќе има и многубројни сувенири, подароци, разгледници и публикации од областа на археологијата.
ИЗВОР
.