- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.114
- Поени од реакции
- 6.607
- Возраст
- 46
Ако спомнувањето на пастирот и пвеводбениците во секој пост или во секој втор пост кој го објавуваш на темава, ти е приоритет, а не објективната критика, верувај ми, повеќе им правиш услуга со тоа што ги спомнуваш, отколку што ги потсетуваш нивните тролови на форумов дека пастирот и пвеводбениците се минато и нема да се вратат, баш обратно, ти ги враќаш со тоа што постојано ги спомнуваш.
Но кога сме кај граѓанската самосвест која според тебе не смее да ги третира пастирот и пвеводбениците како никогаш да не постоеле и како никогаш да не ги направиле сите тие криминални дела кои ги направија, бидејќи можат да се вратат, би требал да бидеш малку посовесен и да посветиш критика и за зајко кукурајко и плавите жолтици, бидејќи не знам дали знаеш, но веќе втор месец по ред се на власт, и исто како пастирот и пвеводбениците, имаат свое криминално минато, и исто како пастирот и пвеводбениците, не смеат да бидат ослободени од било каква критика, особено сега кога се на власт и за разлика од пастирот и пвеводбениците во моментов кои се политички немоќни, зајко кукурајко и плавите жолтици сега имаат политичка моќ со која можат да ги повторат криминалните дела на нивните претходници за своја корист.
И уште го одржуваш во живот на темава.
Те молам цитирај ги моите коментари каде што сум ги спомнал "надворешни фактори, јудеомасони, илуминати, тајни сили" и не знам кои други.
Ако под релативизација подразбираш изедначување на една криминална банда на власт со друга криминална банда на власт, тогаш да - слободно можам да кажам дека не разликувам помеѓу едни и други криминалци, бидејќи сум живеел под власт и на едните и на другите и не сум забележал ама баш никакви разлики помеѓу нив.
Всушност, еве ти најтазе пример - пред некој ден зајко кукурајко и плавите жолтици најавија дека ќе воведат втора смена во државната и јавната администрација. По овој повод - ова можам да ти го потврдам од партиски извори и од двете партиски канализациски цевки - во царина се частеле меѓусебно и пвеводбеничките пулени и пулените кои шират плава жолтица, бидејќи сега ќе барале поткуп од секој шпедитер за секој камион кој ќе ја поминува границата.
Можеби е само чаршиски муабет, ама чудно е како и едните и другите пулени низ населба говорат за частенката во царина, ретко се случува да бидат вака обединети за заеднички цели.
Не знам дали изедначувањето на една криминална банда на власт со друга криминална банда на власт за тебе е феномен, за мене лично е здрав разум, бидејќи не гледам ништо позитивно на заминување на еден криминалец и негово заменување со друг криминалец.
Јас ги додадов јудеомасоните но таа ти е поентата, ти пишуваше нешто ЕУ, САД, НАТО, читај "од горе" дека е наредено, јасно е. Релативизирање е лажење дека некој воопшто барал такво нешто како амнестија. Одговорноста лежи кај оние од кои се обидуваш да ја изместиш во странство некаде, којзнае каде.
Добро, разбравме, сите се исти, и едните амнестираа масакри и другите, ок.
Непостоечката трета опција loading 3,4%............