Де де, намали од „набадањето„ оти 100%-тно промашуваш без да ти текне, а ако веќе треба да се вреѓаме, еве „една„ и од мене; не ти треба очен лекар.............туку ти треба психијатар.
За секој случај, еве го текстот од линкот во целина а ти биди умен и посочи го текстот кој јас не го гледам, а кој ти „као„ го гледаш:
„...Капетанот на Капетанијата на пристаништата, Горан Устијановски, ја потврдил информацијата дека постои таков пловен објект и истакнал дека глисерот во моментов се наоѓа во постапка за регистрација
Монашкото братство од манастирот „Света Богородица“ во струшкото село Калишта од Епархијата со која раководи поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, се подновило со луксузен пловен објект во вредност од 180.000 евра, пишува порталот „Охридскај“.
Како што е наведено, најверојатно станува збор за глисер марка „страјдер 8“, кој е долг 8,32 метри и кој поседува два мотора „меркјури“ со вкупна моќност од 300 коњски сили. Нивната потрошувачка изнесува 150 литри безоловен бензин за еден час, односно 200 евра за еден час.
Глисерот е паркиран на пристаништето на хотелот „Бисер“ во Струга, открива порталот и наведува дека монасите овие денови земаат часови за обука од вработени во Капетанијата на пристаништата на Република Македонија со седиште во Охрид.
Капетанот на Капетанијата на пристаништата, Горан Устијановски, ја потврдил информацијата дека постои таков пловен објект и истакнал дека глисерот во моментов се наоѓа во постапка за регистрација.
– Како увозник се јавува компанијата „Сис травел груп“, но точно не знам дали глисерот е даден само на користење на монасите или е подарок кон МПЦ – рекол Устијановски.
На прашањето, како тоа монасите управуваат со пловен објект без пловидна дозвола и дали е дозволено Капетанијата да ги обучува монасите со нерегистриран глисер, Устијановски истакнал дека никој не го известил за евентуално прекршување на законите, но и дека нема информација дали вработените од Капетанијата им држеле обуки на монасите.
Од Македонската православна црква вчера ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата.
Ова не е единствениот луксузен пловен објект што го користат владиците од Македонската православна црква, бидејќи како што пишува порталот „Охридскај“, митрополитот дебарско-кичевски господин Тимотеј веќе некое време поседува сличен глисер „катамаран“, чија вредност наводно изнесува 28.000 евра...„.