Имам проблем со коленото, скинат менискус и лигамент(преден вкрстен) и ова ми е 4та повреда на коленото во период од 3-4 години, последниот пат во декември 14ти и не можев да одам, ниту да го исправам, се мислам за операција бев кај Алан Андоновски, некако незаинтересиран не ја ни погледа снимката на ЦД-то од магнетната, туку го прочита само извештајот и одма за операција( а ми го пофалија дека бил најдобар за артроскопска лигаментопластика) бев и до кај Небојша Настов, се размислував и за приватно Боро Илиев или Златко Темелковски.. Па ако може некој да даде совет/искуство пошто веќе преку глава ми е од коленава пошто сум полн енергија и мора да се движам а со колената ни можам да планинарам ни да спортувам.