Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.033
- Поени од реакции
- 24.742
Има уште една опција што не знам дали ќе ја играат а тоа е да тргнат директно од југ, преку пустината. Нема никакви поголеми брда и ридови како што има во триаголникот Табка-Палмира-Деир Ез Зор, нема населени места, односно нема места кај што Исис може да се утврди, карта на којашто се повеќе играат во недостаток на човечки ресурси, се заобиколува Сукна која нема да ја дадат лесно, едноставно имаат празен и пушка прав пат. Кога можеа инкогнито без фама одеднаш да се појави вест дека за 2-3 дена пробушиле 50-тина километри на потегот Маскана-директно на неколку километри од Русафа, на терен далеку покмплициран и географски гледано и од аспект на концентрацијата на населени места и вооружени формации, мене нема да ме изненади ако брзо стигнат до Деир ер Зор по таа рута. Слично направија на јужниот фронт, додека сите мислеа дека се на автопатот Дамаск-Багдад, одеднаш се наоѓаат на ирачка граница заобиколно и проаѓајќи околу 120 километри за 2-3 дена. Визуелно од прилика ова би бил тој потегЗасега главната цел на војската е да се пробие до градот Де(ј)р ез Зор кадешто околу 100-200 000 цивили веќе седум години живеат под опсада на ретардираните издркотини од ИСИС. Остануваат 120 км од Ресафа и околу 140 преку Палмира до Деир ез Зор.
Последно уредено: