До вчера става rainbow знамиња на профилна, иде на геј паради у први редови, бара закоравени ВМРОвци да бидат осудени за говор на омраза против ЛГБТ, бара поддршка од либерална Европа на база на остварување на права и слободи за сите маргинализирани групи, у црква не влегол никад.
У меѓувреме добива власт, проекти, моќ, почнува да брани право на слободен говор иако тој е истиот говор мржње од претходно, почнува да се залага за религиозните групи како битни чинители на општество па макар што нивниот постулат се коси со неговите претходно либерални ставови у врска ЛГБТ и слично.
Денес праиме муабет на тема "личен став" на потпретседател на партија. Незнам како да ви кажам, али кога ќе станеш потпретседател на владејачка партија, за вакви прашања немаш право на сопствен став. Не дека нешто едноумие муабет и слично, него уште не си станал свесен дека претставуваш гласачко тело. Не е ова сопствен став дали Скопско е боље од Даб па за вкусови да речеме не се дискутира, ова е класично пљукање и релативизирање на се она што беше у кампања претходно.
Прво беше ретерирањето од СК2014 и целата пропаганда која се шлајфаше 2 години уназад дека ќе се руши, француски кључеви и слично. Сега е ретерирање од залагања за толерантна политика. У меѓувреме продолжуваме со задужување во стилот на ВМРО без да прочитам некаде колку е оправдано тоа.
Следно очекувам ретерирање и амнестија за врхушката.