Нуклеарна Енергија (минато, сегашност и развој во иднината)

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Не сретнав ваква тема каде што се дискутира конкретно за нуклеарната енергетика користена за мирни цели, ако има слободно нека биде избришена или нека биде префрлен постот.

Историја

Нуклеарната енергетика почнува да се развива со откривањето на неутроните и ураниумот, почетокот на 20иот век. Во текот на Втората светска војна, познати нуклеарни физичари и инженери од еврејско потекло пребегуваат во САД и го информираат председателот на САД, Рузвелт, за опасноста од развој на нуклеарна бомба од страна на нацистичка Германија, по што тој одобрува голем буџет за развој на нуклеарна бомба. Но многубројните испитувања во пустините на САД се безцелни бидејки со падот на нацистичка Германија, пролетта 1945 тие дознаваат дека не поседуваат никакви нуклеарни оружја, но и покрај тоа го користат нуклеарното оружје за да стават конечен крај на Втората светска војна во Јапонија со двете нуклеарни бомби со моќност од 15 и 21 килотони. Русите од друга страна, враќаат со "Прва Молња" од 22 килотона, и последната бомба која била детонирана е руската бомба "Цар" која експлодирала со моќност од 50 Мегатона, при тоа, ударниот бран оставил скршени прозорци на 600 километри од самото место на детонација. Во текот на Студента Војна, САД и Русија се во мртва трка со помош на нуклеарни централи за добивање на изотопот 239-Плутониум како основна дел од нуклеарната бомба. Точно во тој период се изградени речиси сите нуклеарни централи кои понатака преминуваат во централи за чиста електрична енергија и мирни цели.
Најтешките катастрофи се случени во Три Мајл Ајланд во САД, Чернобилската катастрофа во 1986 и Фукушима во 2011 година, од кои најголеми последици остави таа во Чернобил, при што градот Припјат е комплетно евакуиран, и околу 30 луѓе гинат во самата екплозија додека за останатите пожарникари и озрачени луѓе нема конкретна бројка.

Сегашност

Во моментот во полна работна моќност се 449 реактори во 30 држави во светот, и уште околу 60 нови блокови на моќност се во изградба. Во регионот најпознати се нуклеарните централи во Бугарија, АЕЦ (Атомна Електрическа Централа) Козлодуј со 2 работни од 6 инсталирани блока со по 1024 MW за блок кои се руски тип на водоводни нуклеарни реактори или скратено ВВЕР-1000. Потоа следува "Кршко" на границата на Словенија и Хрватска, централа со вкупна моќност од 700 MW, со тип на реактор вода под притисок од американска компанија Вестингхаус. Турците се во завршна фаза со "Акују" на југот од државата која ќе биде најголема во регионот, со можност да произведува 4800 MW со по 4 реакторни блока од 1200 MW руски реактори од нова генерација 1200 МW по блок, т.н. ВВЕР-1200 (В-466). Романците ја имаат нивната "Черна Вода" на брегот на Дунав со вкупна моќност од 1400 MW исто така руски нуклеарни реактори.

Иднина

Со санкциите на ЕУ за изфрлање на емисии на јаглероден диоксид и големите замрсувања на воздухот од термо централите како што е нашата РЕК Битола, и како дел од Парискиот договор, се повеќе државите се ориентираат кон обновливи извори на енергија или инсталирање на нуклеарни моќности. Во Унгарија се во изградба 2 блока на централата "Пакш-2" со вкупна моќност од 2400 MW руски ВВЕР-1200 реактори. Во Словачка исто така се градат 2 блока по 660 МW реактори, а во Финска 2 блока по 1200 MW руски реактори. Бугарските блокови се модернизираат кон крајот од оваа година и ќе продолжат да работат уште 30 години.

Основни принципи на работа на нуклеарната енергетика

Нуклеарната централа е централа во којашто се произведува енергија при делење на јадрата на ураниумот (нуклеарно гориво) со бомбардирање на неутрони. Ураниумот во природата е
239-U во најголема количина и 0,714% на 235-U (основното гориво кое се користи во централите), и 2-3% на 233-U ( исто така се користи при горивен циклус со ториум). Затоа реакторите работат со "богат" ураниум или со процент на 235-U кој може да варира во однос на тоа каков тип на реактор е и најчесто е во граница 0,714% (основното процентуално содржание на 235-ураниум или чист ураниум) за канадските CANDU (Canada Deuterium Uranium) реактори,
2-3% ураниум со 235-U кај руските РБМК (како типот на реактори од Чернобил), 4-5% 235-U кај бугарските и словенските реактори ВВЕР и испарувачките реактори како тие во Фукушума Даичи. Има и реактори на брзи неутрони кои имаат обогатен ураниум до 90% но тие се за специјални истражувања.

Во кратки црти ќе објаснам за водоводните руски реактори кои се дел од моето изучување. Постојат два контура, едниот е херметички затворен контур во кои се наоѓаат радиоактивните елементи ( самиот реактор, генератор на пареа, главната циркулациска пумпа, системите за заштита на работата на реактор и системи за спречување на катастрофи, потоа тука е и одружувачот на притисок на првиот контур). Од водна станица влегува вода која се загрева во кондензатор под пареа и влегува во активната зона на реакторот (каде што е расположено нуклеарното гориво) преку главната циркулациска пумпа со температура од 280 степени по Целзиус. Водата се загрева до 320 степени по Целзиус и оди во генераторот на пареа каде што се образува прегрева водата и станува пареа. Пареата понатака оди во втората контура каде што се наоѓаат парната турбина и генераторот на електрична енергија. Парата под притисок од 60 атмосфери и температура од 500 степени по Целзиус влегува во парната турбина која има моќност од 1000 MW и ги врти работните лопатки во два цилиндри со по два дела, т.е. два дела цилиндар висок притисок и два цилиндри низок притисок. Механичната работа на турбината која се врти со 1500 вртежи во минута или работи на 50 херци се преобразува во електрична енергија во генераторот а потоа со далеководи се распространува на градската мрежа и потребата на државата.

Материјали за изработка на нукеларни реактори
За корпус на реакторот се користи челик со висока содржина на јаглерод за подобра јакост. За биолошка заштита се користат дебели ѕидови од олово и армиран бетон, најчесто со дебелина од 3-5 метри. За флуид за ладење на активната зона на реакторот се користи, обична вода, графит, тешка вода (D2O), течни метали, и во некои случаи газови како хелиум и јаглероден диоксид но многу ретко поради лошиот пренос на топлинска енергија. За да работат реакторите енергијата која ја создаваат делењето на јадрата и размножувањето на неутроните треба да биде во дадени граници. Постојат три вида неутрони во реакторите, брзи (висока енергија), топлински неутрони (тие се најважни) и резонансни неутрони. За да се забави неутронот треба е потребен е флуид. Најчесто се користи водата, графитот и тешката вода.

Долг пост но ќе ме радува ако некој е заинтересиран за дискусија на темава за да размениме мислење за опстанокот на нуклеарната енергија и нејзиното развивање во иднина. Има ли нуклеарни инженери?? :) :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Еве еден застапник за нуклеаризација на Македонија:ROFLMAO:

Не гледам ништо лошо во градењето на нуклеарка, бидејќи опасноста ионака ја имаме од соседите(и Албанија сака да гради заедно со Хрватска), а бенифитите се огромни. како што кажуваше проф.Ачковски, неможи една држава да биди политички независна, доколку е енергетски зависна.

Ја имав можноста за ова да дискутирам со мојот ментор проф. Златановски-царот(бог да го прости). Учествувал во правењето на проектот за нуклеарка во Мариово, која би ги имала следните карактеристики:

-би била градена како склоп од 2 електрани, а нуклеарката би била сместена во средината на карпите. Би имало две езера кои би функционирале на принципот на пумпно-акумулациони езера. дење кога треба енергија, водата од езерото ќе произведува енергија , паралено со нуклеарката. во ноќните часови кога имаме вишоци на енергија(а со тоа пренапони во мрежа), нуклерката ќе дава струја на хидроелектраната која ќе работи во пумпен принцип, и водата ќе ја враќа во горното езеро, за да можи следниот ден повторно од таа вода да произведува ел. енергија.

-само со плаќање на струјата и лежарина за нуклеарниот пепел, за само 4-5 години од другите ЈУ републики ќе сме ја исплателе нуклеарката,

-макролокацијата на нуклеарката би била во најстабилното сеизмичко подрачје во Македонија-Мариово

ПС.природниот Ураниум е 238 ане 239
 
Еј човек фала ти за ова, се занесов со другите глупости па сум го утнал :D
Инаку да, имам слушнато за ова со нуклеарка во Мариово но не сум го продлабочил и навлегов во целата историја.
Познаваш ли некои кои имаат завршено слично високо образование од Македонија и ако не е тајна дали и ти си завршил нешто слично :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Јас завршив на ЕТФ-смер електроенергетика во средината на 90-тите, и тогаш имаше 2 испита кај академик Бошевски-Основи на нуклеарна енергетика, и Нуклеарни реактори и централи.

Бошески многу ја застапуваше идеата за нуклеарка во Македонија, но за жал другите професори тоа го објаснуваа со тоа-сите ние имаме тезги, тој нема па сака да си направи.

Иначе Бошевски имаше една енергетска студија за Македонија во која беше разработен енергетскиот потенцијал. јаглен знаеме дека за брзо време ќе снема....а хидропотенцијалот во Македонија би задоволувал до 20% од вкупната потрошувачка на електрична енергија.

Значи остај она муабетите ќе инвестираме во она, во ова...за 10-20 години Македонија ќе западне во енергетски колапс, а тогаш ќе биди касно за почеток на нуклеарка.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

......без гајле, колку и да , кај и да е нуклераната мафија базирана на производство материјал за нуклеарни бомби ќе изгуби логика и поле на дејство, па ториумските реактори ќе се вратат на сцена...:) Уште на почетокот на 20 век ториумот , кој прво го има насекаде , второ има мнооогу поприфатлив век на полураспаѓање , беше нуклеарно гориво на избор..кога се зборуваше за нуклеарна енергија.
Потребата од соодветен материјал за атомска бомба доведе до сегашните реактори и потоа нивното користење за производство на ел.енергија со сите заебанции со отпадот и вградените опасности кои веќе неколку пати се покажаа на дело.
Второ и многу битно атомска централа заради многу причини се гради на лице место. Тоа ја прави многу скапа и остава место за грешки при градба.
Ториумските инсталации се многу мали. Би се произведувале во организирани производни погони, сериски и со тоа би биле многу , драстично поевтини. После рокот на траење целата инсталација се складира,а опасна е релативно минорно време во однос на класичните нуклерани отпади. Интересно е што веројатно ќе биде можно ториумски реактор да се залепи на класична термоцентрала како замена на котлите за пареа на јаглен. Тоа отвара нови можности за Македонија на пример... ;) :)

5-6 вакви би ја хранеле ТЕЦ Битола 30 години, па се заменуваат со нови , овие би се складирале комплетни без пипкање внатре....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
И јас тоа сакав да прашам , мислам околу ториумските реактори. Што е работата со нив што вака теоретски се многу подобри од овие другите а никаде ги нема ?
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И јас тоа сакав да прашам , мислам околу ториумските реактори. Што е работата со нив што вака теоретски се многу подобри од овие другите а никаде ги нема ?
..ги има , како не.., на ниво на експериментални. Но не очекувај ништо додека големата нуклеарна мафија не се натепа пара со својата класика...па да и досади, кога ќе ја купи ториумската технологија и ќе ја експлоатира понатака за свој ќар....:) :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
..ги има , како не.., на ниво на експериментални. Но не очекувај ништо додека големата нуклеарна мафија не се натепа пара со својата класика...па да и досади, кога ќе ја купи ториумската технологија и ќе ја експлоатира понатака за свој ќар....:) :)
Ова веќе мава на кај теорија на заговор, знаеш нешто слично како нема друга практична замена за бензинот и дизелот пошто лобито не дозволува. И да има експериментални реактори исто како што има експериментални фузиски реактори па што со тоа. Не се правам дека разбирам нешто од нуклеарна енергија но се ми се чини дека не е се така како што прикажуваат околу ториумските реактори. Има нешто тука :cautious:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ова веќе мава на кај теорија на заговор, знаеш нешто слично како нема друга практична замена за бензинот и дизелот пошто лобито не дозволува. И да има експериментални реактори исто како што има експериментални фузиски реактори па што со тоа. Не се правам дека разбирам нешто од нуклеарна енергија но се ми се чини дека не е се така како што прикажуваат околу ториумските реактори. Има нешто тука :cautious:
...нема ништо посебно необично. Се работи за биснис и контрола на истиот. Одредени компании веќе повеќе од 80 години имаат одреден монопол на бизнисот и го протежираат. Нормално во текот на годините истите развиле технологија која тешко некој може да ја конкурира. Секогаш таквите бизниси се врзани со кредитирање, политички дилови итн. Од друга страна нема инвеститор..читај држава-влада која ќе ризикува со компанија која не е позната и со поддршка на својата држава и покриена со сите цертификати и лиценци, што само за себе се огромни пари за секој новодојден. Тоа е таа нуклерана мафија у која има американска , француска и руска гранка.
Е сеа оваа нуклерана варијанта влече хералдика од потребата на изотоп на ураниумот кој се добива во реактор( не ме прашај за детали ни јас не сум у таа струка) за нуклеарни бомби.., па затоа вакви реактори се користат за правење пареа па после иде всушност класична термо централа.
За ториумот се збори како најдобра варијанта уште на почетокот на атомската ера, но од погоре кажаното е избуткан на страна. Има голема раздвиженост во оваа област, но исто како и со електричните автомобили, почетокот е бавен и зависи од многу интереси. "Мафијата" како и секој повластен и монопол мути,пљука,шири гласини,лобира..,потплатуе..како за секоја опозиција кога ќе дојде во ситуација да добие конкуренција. Но веќе има неколку проекти кои полецка се развиваат. Како ќе оди понатака никој не знае..., но колку знам нема некои принципиелни технички проблеми..баш напротив:)
Интересен е проект на мал извор на струја кој би траел околу 50 години и каде реакцијата се побудува со ласерско бомбардирање и запира кога ке престане ласерот. Работат на некој пакет за погон на автомобил , кој би се селел во текот на тие 50 години во неколку возила... :) Количината на ториум во него е некаде како кутија за цигари и после 50 години целиот пакет , како е затворен уште кога е направен.... се депонира.... :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
И Тесла кога го прашале индустријалците за бесплатниот транспорт на струја...како ќе ја наплаќаме струјата? тој им одговорил-па никако....таа ќе биди бесплатна....и му изгоре лабораторијата:sick:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382
И Тесла кога го прашале индустријалците за бесплатниот транспорт на струја...како ќе ја наплаќаме струјата? тој им одговорил-па никако....таа ќе биди бесплатна....и му изгоре лабораторијата:sick:
Ти како енергетичар знаеш дека никогаш не може да е бесплатна,никој не дава било каква енергија за џабе:)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ти како енергетичар знаеш дека никогаш не може да е бесплатна,никој не дава било каква енергија за џабе:)
хе.., ако гледаме буквално ..енергијата е џабе , како и водата и воздухот. Се наплатува всушност нејзиното претварање во употреблива форма и носењето на прагот на употреба.. Така и водата , плаќаш за системот и трошокот на опрема и слично за да ти ја донесат на славина у купатило или на нива од систем за наводнување.. За воздухот уште малку, па ќе мора да се плаќа прочистен и збогатен со кислород за дишење... :) :) Значи се плаќа трудот на луѓето т.е . нивното време. Од тука поимот времето е пари... :) :)
Муабетот со Тесла е затоа нејасен...што е бесплатното???
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Ти како енергетичар знаеш дека никогаш не може да е бесплатна,никој не дава било каква енергија за џабе:)
Да, но Тесла размислувал малку поинаку, а и затоа му се случило тоа што му се случило...и на крај единствено со кого разговарал било со гулабите кај клупата во паркот.

Бесплатното на Тесла како поим било слично како радиото денес-ставаш антена и готова работа
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
4.670
Тоа е таа нуклерана мафија у која има американска , француска и руска гранка.
А зошто мислиш дека изградбата реакторот на ториум, неговото снабдување и одржување нема да биде под контрола над горенаведените како што е денес со ураниумот? :)
Патем, ги испушти Јапонците. :)
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Thorium is BULSHIT!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom