Еве ме мене денес конечно со дијагноза...во целата мака најдовме уште едно куче со истите симптоми и успешна дијагноза кај др.Маријан во Куманово, пошто имал и негова лабораторија. Се консултирав и со др.Елена од Ветеринарен факултет и со др.Јасминка од Скопје,сепак успешната терапија на другото куче не одведе Куманово. По се што слушнав, сите мислења од сите ветеринари на крајот заклучокот беше молете се да биде шуга, едно време се спомнуваше и автоимуна болест и ми се крена косата, тоа е рамно на смрт.
Се наткрена сестра ми денес го однесе Куманово со цела медицинска историја, докторот земал брис и на крај испадна демодекс но многу, многу длабоко навлезен. Земал и крвна слика и седиментацијата му била 4 пати над нормалната. Воглавном Охрид ја погодиле дијагнозата ама терапијата му била многу слаба, го прскавме со амитраз само еднаш неделно и адвокат ампула еднаш месечно. Сега три пати неделно со амитразот, адвокатот на една недела,шампон аурум секој ден,Vetoskin таблети,Cepnalexin капки, витамини и не знам што уште, листата е многу долга.
Важна е дијагнозата ама ете испадна дека и терапијата и дозата се исто толку важни, наместо да се извлечи досега кучето уште толку се заплетка со паразитов, а можеше многу полесно да помине. Нејсе, бидна што бидна. Докторот рекол дека демодексот најверојатно го има закачено со цицање од мајката, јас читав дека кучиња со демодекс мора да се кастрираат,така да нека се стабилизира, да се доведе во ред здравје на пролет ќе биде и тоа.
Тоа е тоа дечки, уште нешто што кажа е дека лендоцин инекциите кои ги примаше кога имаше температура бидејќи три недели не му опаѓаше никако биле многу болни, тој прими 5 мускулно,не ни сакам да помислам низ каква голгота има поминато кучето, а има нецели 8 месеци....сега е битно само да се стабилизира.
Фала ви на сите за советите и на
SaltNPepa за контактите. Се надевам дека искуството наше ќе му помогне на некој во иднина, да не поминува низ она што го поминавме и ние и кучето.