- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.963
- Поени од реакции
- 12.381
Човечки е да се очекува, но македонски е да се биде свесен дека живееме во Македонија - земјата на чудата.Човечки е да се надеваш дека работите ќе мрднат од нулта точка, колку и тоа да се коси со ситуацијата на терен. Има уште предмети по кои треба да се постапува, има сеуште шанса барем Миле и Гоца да фатат аранжман во Шутка.
И сите го забораваме најбитното, дали процесиве ќе финишираат со правосилни затворски казни на крај, без оглед дали дотичните биле во притвор или не.
Ако Миле и Гоца фатат аранжман во Шутка, ќе им потрае онолку колку што му потраа и на зајко кукурајко, или судот ќе им го поништи притворот - како што му го поништи на Сеад Кочан, или Хорхе ќе ги аболицира, и онака претседателскиот мандат му завршува во 2019 година, факт е тоа дека е партиска будала, но јас лично не верувам дека е доволно голема партиска будала за да се кандидира за трет претседателски мандат и да очекува дека би бил повторно реизбран, па би можел во знак на благодарност до пастирот и пвеводбениците во последните 2 години од неговиот втор и последен претседателски мандат, да ги почасти аболиција пред да си замине.
Барак Хусеин Обама го направи истото во САД во последните денови од неговиот втор и последен претседателски мандат со амнестирање на Бредли, пардон - Челси Менинг, заедно со порториканскиот терорист, пардон - револуционер, Оскар Лопез Ривера и бројни други паразити.
И за крај, без разлика дали ваквите обвиненија ќе резултираат со правна разрешница или не, никој од осомничените нема да заврши позади затворски решетки, исто како што и Владо Бучковски се влечкаше низ македонските судови кои со години постојано потврдуваа дека му следува затворска казна, за во септември 2016 Врховниот суд да го ослободи.
Кој чека ќе дочека - во Македонија ова важи исклучиво за криминалците, особено за криминалците кои очекуваат ослободување од затворската казна, а не од затворот откако веќе ја одлежале затворската казна.
А бе сигурно со нетрпение чека да се врати во Македонија да ги посети тешко болните или веќе покојните родители или некои други роднини.За секое лице постои меѓународна потерница, и тој може да биде уапсен било каде во светот ако стапне во земја која ќе го екстрадира. Тој може да си живее скриен во некоја земја и се моли дали некој ден ќе се потпиши договор за екстрадикција, или да не може да дојде во Македонија ни за болни родители ни за смртни случаеви ни за арно ни за лошо, ни да појде во многу земји или за бизниси или за прошетка.
Криминалците познаваат само еден родител, роднина, Бог, папа и се останато - криминално стекнатиот имот и криминално стекнатиот капитал, а од него никогаш не се разделуваат додека се живи, а особено кога се во бегство.
Последно уредено: