Човек да се зачуди.
Имаше апсолутна власт, миљон пратеници, сите пари од државата под сопствена контрола, партиски спратови во МВР, судиите му излегуваа од џеб, албански фактори в скут (верни до смрт и слично), знаеше кој што и со кого збори по телефон, Миле на закачалка... Едноставно, султан, цар и император.
И ништо! Ни влакно од глава не им зафали на сите учесници во криминалната приватизација, ни на тајкуните, ни на политичарите.
А толку многу господинот Груевски беше против тие гигантски криминали. Чудно стварно.