Ни табелата не е таман..чоекот ги става Реал Мадрид први, а Барселона и Јувентус на исто ниво..мислам глупост е да се стават Јувентус и Барселона на исто ниво и во овој момент а камоли да гледаме сезони наназад..сепак Барселона е подобар,поквалитетен и посилен клуб од Јувентус во секое можно поле..тоа што Јувентус ја ишлапа Барса во 1/4 не значи дека се искачија на исто ниво со нив...никако неможат да му парираат
Нејќам да навлегувам во дискусија кој е топ10 ама како не заприметувате дека сите си зборите што ви одговара?
Еве на пример ти беше среќниот да те цитирам а има и други вакви мислења.
Еве краток заклучок и како си резонирате од последните твои мислења:
-Тотенхем бил елиминиран во Европа многу рано па не може да се споредува со Дортмунд кој стигал финалиња во купот пет години по ред, башка нема освојувано титули за разлика од Дортмунд.
-Барселона треба да е пред Јувентус на листата од ЕлНињо бидејќи била фактор и нема врска што изгубила од Јуве. (Јувентус ако не се лажам има појќе титули од Барса последниве пет години)
Чисто информативно. Знаев шо ќе се дешава овде па затоа ви пишав дефинирајте си критериуми па вадете очи после. Вие само очите си ги вадите пет страни уназад.
И нешто друго што мудро го избегнувате, Овој (пост Клоп)Дортмунд да беше во ПЛ исто така после финалето во ЛШ немаше да помириса топ4 пласман. Баерн ги срози до корен со трансферите на Геце, Хумелс и посебно Левандовски.
Им се смеете на Тотенхем што лани завршиле позади Лестер а Игорче на Дортмунд цела година е исфустриран од расипниците на фудбалот -Лајпциг и Хофенхајм. И да, Лајпциг е дебитант во Бундес заврши втор, и појќе од пола сезона му даваше отпор на Баерн - толку е јака лигата, на ФМ не можеш дс имаш таков успех но за Бундес ти треба само малце квалитет и изи-пизи.
Мудро избегнувате факт што вика:Да си конкурентен во ПЛ и ЛШ потребни ти се два идентично јаки состави. Луксуз кој можеше (минато време) да си го дозволат само Челзи, Сити и Јунајтед. Затоа другите клубови од ПЛ имаат две варијанти: Како Лестер, бори се за опстанок во ПЛ и оди до каде ќе одиш во ЛШ или бори се за топ4 во ПЛ и оди до каде ќе одиш во ЛШ. Дортмунд во ПЛ ќе мораше да бира една од овие варијанти како и секој смртник во таа лига - колку да преживее.