Алергии

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Последниве две три години имам некаков си вид на алергија(бев на лекар ми рекоа дека не е алергија). Кога се променува времето од ладно на топло или обратно или кога се потам добивам некаков вид на морници во стил на пецкање и црвенило по пределот на градите дел од грбот и вратот. Значи чисто црвенило без некакви брунчиња воспаленија и слично. Бев кај дерматолог ми даде некои антидепресиви со врска немаат искрено значи немам проблеми со анксиозност депресии и слично(во упатсвото пишуваше дека се користат за луѓе што имаат помисла на САМОУБИСТВО WTF) . Ако има некој ваков проблем би ми било драго да го сподели или ако се излечил и слично.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Да, сум имал таков проблем, Утрикариа се вика, и да сум го средил - со црно семе - од Виола за здрава храна продавниците и витамин ц, 3x 1000mg на ден, црно семе - 2x 3 грама на ден, да се измеле убаво пред конзумација, и да се чува во тегла да не биде на изложено на кислород.

За 2 дена ако не и помалце ќе ти ги снема симптомите.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не секоја реакција е имунолошка алергенска реакција. Нешто може те иритира, не можеме да ти помогнеме пошто таквите работи се ептен специфични до човекот и до околината така да само ти моеш да најдеш од што ти се предизвикани. Можно е и да не е поврзано со кожата воопшто т.е. изворот да е нешто со хормоните, храната, крвта, итн итн.

Џабе прашуваш тука нема да најдеш одговор.

едит: и не го слушај овој над мене шо се понаша ко да е сертифициран лекар и препишува 1000 работи на луѓе кои не ги познава и не им ги познава ситуациите доволно
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
95% e алергиска реакција, ги знам симптомите. Потполно исто ми беше, апчиња за алергија НЕ помагаа во мојот случај.

Поготово на почеток на вежбање, и на промена на температура се појавува (секогаш)
едит: и не го слушај овој над мене шо се понаша ко да е сертифициран лекар и препишува 1000 работи на луѓе кои не ги познава и не им ги познава ситуациите доволно
Не треба да си доктор за да знаеш дека ако се исече некој треба да стави завој, ви делувам како баба рада на форумов, а и тотално нормално е тоа затоа што секакви лудаци и преваранти има - со секакви тврдења.

Проблемот е што имам големо искуство со работите за кои ги зборам, не е ништо на памет, ептен се специфични симптомите на овој тип на алергии за да е нешто друго - ама еве и да не е така - во најлош случај што ќе изгуби ако проба, секако е подобро него тоа проклето чуство, буквално ти иде кожата да си ја искинеш.

Повторно и да не е тоа само ќе се осеќа подобро него сега, ништо не губи. Цената на продуктите кои ги препорачав не е ни 100 денари.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Фала ти на одговорот, кажи ми само исто кај ежова го правеше тестот што е преку крв? Исто и на клиника, преку крв те испитуваа или прик/прицк тест?
Да, преку крв беше испитувањето, а тестовите се викаат алерготестови на панел. Кај Ежова дури и незнам дали има стандардни алерготестови, изгледа се се прави преку крв.

А на Клиника го прават на тој начин што на внатрешната страна на подлактицата ти ставаат капки од раствор од алергенот и со метална плочка на која има нешто како игличе те боцнуваат за да ти навлезе алергенот во кожата. Ако по 15 минути чекање на кожата ти се појават црвени кругови знали дека на одредениот алерген си алергичен, а ако не, значи дека не си алергичен на тоа. Они си имаат шема за што испитуваат, но ако ти или други доктори се соменеваат во нешто друго дека си алергичен, и тоа го додаваат за испитување.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Не муабетот ми беше да дознаам некој што го имал истиов проблем и како му помогнало него. Пошто во една дерматолошка ординација ко што реков ми препишаа антидепресиви односно докторката не беше запознаена со ваков проблем и одма ми рече дека е на нервна база. Затоа сакав да видам примери на луѓе што го имале ова и што се излечиле. А иначе осетлива ми кожата да речеме да се поминам со прст ми останува црвено, али прашањето ми е што го предизвикува тоа внатрешно боцкање и црвенило..
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не муабетот ми беше да дознаам некој што го имал истиов проблем и како му помогнало него
Is this a joke? ти напишав дека потоплно истото како тебе го имав, и како го решив, земи прочитај ги постовите уште еднаш.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Is this a joke? ти напишав дека потоплно истото како тебе го имав, и како го решив, земи прочитај ги постовите уште еднаш.
Лошо ме свати се прочитав и сватив него одговорот беше на дечкото што пишал дека не треба да те слушам и слично. Секој совет е добредојден независно дали ќе го употребам тоа или не :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Така е, не е битно дали ќе пробаш битно е да си напраиш муабет, тоа е правилен пристап кој го има доста на нет и на форумите - обично така се решаваат проблеми, си тераш по старо и очекуваш друг резултат, тоа беше дефинција една.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Така е, не е битно дали ќе пробаш битно е да си напраиш муабет, тоа е правилен пристап кој го има доста на нет и на форумите - обично така се решаваат проблеми, си тераш по старо и очекуваш друг резултат, тоа беше дефинција една.
Хахах нема врска муабетов али ајде. Ќе го пробам ова зошто да не, но немав сретнато некој со овој проблем па затоа го споделив тука и ми е проблем а не муабети да си праам :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Па сега сам оставаш таков впечаток, ако го кажа тоа онака само дека не е битно дали ќе пробаш тоа е друго. Иначе имаш ли други симптоми некои со кожа, или било какви проблеми?
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Па сега сам оставаш таков впечаток, ако го кажа тоа онака само дека не е битно дали ќе пробаш тоа е друго. Иначе имаш ли други симптоми некои со кожа, или било какви проблеми?
Не немам никакви други проблеми со кожата освен ова и тоа што реков дека ако малце се почешам пример останува црвено ваљда ми е осетлива. А и вака општо фала богу не.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Со варење на храна како си? од кога го имаш проблемот? исхрана како?
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Со варење на храна како си? од кога го имаш проблемот? исхрана како?
Исхрана најнормално не водам некоја здрава исхрана а па не и некоја претерана нездрава исхрана. Умерено. Варењето на храната ми е океј а проблемот го имам две три години.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да, сум имал таков проблем, Утрикариа се вика, и да сум го средил - со црно семе - од Виола за здрава храна продавниците и витамин ц, 3x 1000mg на ден, црно семе - 2x 3 грама на ден, да се измеле убаво пред конзумација, и да се чува во тегла да не биде на изложено на кислород.

За 2 дена ако не и помалце ќе ти ги снема симптомите.
Човече, како можеш да му кажеш дека тоа се вика уртикарија и дека тоа одма си го решил со вакви или онакви семиња? Еве јас лично имав уртикарија и истата ми траеше некои 3 - 4 месеци. Прво и осново дерматолог кога ќе види уртикарија не ти вика ништо не ти е или пиј антидепресиви, туку одма те испраќа на милион испитувања и веднаш ти даваат кортикостероиди, антихистаминици, затоа што уртикаријата не е само една обична алергија, туку таа со себе си носи доста свои опасности. Па дури и по тие милион испитувања може да не се открие што е причинителот и докторот пак да незнае што да прави, а не па да ти дава да јадеш семиња кои можат дополнително да ја испровоцираат уртикаријата. Плус уртикарија не е не обично појавување на црвенило во еден предел, туку уртикарија е појава на црвени кругови наречени уртики, затоа што кожата личи како да била надразнета од коприва. Уртикаријата е проследена со јадеж, болка, па дури и отоци. Јас кога ја имав знам како отекуваа и дланки и стапала. Тоа е далеку од се, посебно од едно обично црвенило. И истата вака личи.....

Уртикарија.PNG



Последниве две три години имам некаков си вид на алергија(бев на лекар ми рекоа дека не е алергија). Кога се променува времето од ладно на топло или обратно или кога се потам добивам некаков вид на морници во стил на пецкање и црвенило по пределот на градите дел од грбот и вратот. Значи чисто црвенило без некакви брунчиња воспаленија и слично. Бев кај дерматолог ми даде некои антидепресиви со врска немаат искрено значи немам проблеми со анксиозност депресии и слично(во упатсвото пишуваше дека се користат за луѓе што имаат помисла на САМОУБИСТВО WTF) . Ако има некој ваков проблем би ми било драго да го сподели или ако се излечил и слично.
Така да тоа твоето да беше уртикарија, во рок од тие две три години веќе ќе дадеше последици како резултат на прогресивното развивање на внатрешното жариште. Не конзумирај било какви семиња, туку единствено конзумирај витамин Ц два пати на ден и отиди закажи си кај некој искусен и добар дерматолог. Закажи кај Маргарета Балабанова на Клиника, Ирена Димитровска или кај Весна Пљакоска во Систина, иако јас највеќе би ти рекол да отидеш кај Балабанова или кај оваа во Систина (само таму прескапо ќе ти наплатат). И не, не пиј антидепресиви. На крај има и испитување на Клиника кое се прави со гребење на грбот за да се види дали кожната иритација е настаната на психичка база.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom