Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не се само Вмро и Сдсм. Има и други партии. незнам зошто вмро ми го нагласуваш :toe:
Во која држава живееш? Тунгузија? Другите партии се само марионети на едните или другите со никаква моќ. Додека сме живи нема да има трета македонска опција што ќе ги загрози Дпмне и Сдсм па логично е нив да ги спомнам.
 
S

silmarillion

Гостин
Хорхе што искочи дибидус искочи, него пуцвалот дали успеа да скова нешто на име син на прецедник?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Гвујо немаше никаков интерес за евроинтеграции. Сонот на Гвујо за македонија беше не Швајцарија, туку Белорусија на Балканите.
Последни посети му беа во Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија. Одбрано друштво.

Имаше и еден период кога повеќе од година дена ниту еден претседател не му дојде во посета.
 
M

macgowan

Гостин
Тоа е отраз се уште от времето кога бевте дел от една друга држава.
Во моментот втор пазар за вашите производи е Бугариja и тоа го тврди вашиот државен завод за статистика. Тоа се постига дори без една сериозна инфраструктура, тоа се постига без автопат, без пруга...
http://www.stat.gov.mk/pdf/2017/7.1.17.07.pdf
И покрај тоа дека бевме дел од друга држава, со осамостојувањето на Македонија имаше шанса за `зближување` со останатите соседи. Тоа за жал не се направи и за тоа не е крива само една страна. Но, факт е дека `братска` Србија не масира сите овие години, независно кој е на власт и дека многу во мноогу работи кои се случија почнувајќи од самостојноста на Македонија преку 2001-та до ден денес има убав, Српски зачин, кој пресветиот мвровски пастир грујо многу го бендусуваше.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Хорхе што искочи дибидус искочи, него пуцвалот дали успеа да скова нешто на име син на прецедник?
Ако е истеран на татко му, претпоставувам дека едино ја има ковано својата гитара во тоалетот во Маракана.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Последни посети му беа во Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија. Одбрано друштво.

Имаше и еден период кога повеќе од година дена ниту еден претседател не му дојде во посета.
После бомбите беше прашање на вкус, односно невкус да се сретнаш со било кој од фамилијата. Не дека странските политичари имаат големи морални скрупули, но во нивните држави има силна јавност, односно медиуми кои веднаш би ги нападнале за такво нешто. Со Гвујо и компанија после бомбите се сретнуваа оние кои мораа, најчесто заради мигрантската криза.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
11.621
После бомбите беше прашање на вкус, односно невкус да се сретнаш со било кој од фамилијата. Не дека странските политичари имаат големи морални скрупули, но во нивните држави има силна јавност, односно медиуми кои веднаш би ги нападнале за такво нешто. Со Гвујо и компанија после бомбите се сретнуваа оние кои мораа, најчесто заради мигрантската криза.
Или некои со кои си го „имаат“, како Курц.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Убиствено...

Колективен Демагог

Во земја во која сѐ уште доминира убедувањето за супериорност според раса, вера или култура, извесно е дека главниот збор нема да го имаат ниту Груевски ниту Заев, туку „Колективниот Демагог“. Колумна на Арсим Зеколи.
Мерено според политички мерила на успешност на првичните надворешни екскурзии, владата Заев-Ахмети може да биде задоволна, подеднакво како и нивните соговорници од Атина и Скопје. Секој си го доби тоа што го посакуваше. Грција си доби признание дека нејзината стратегија на „името не го даваме“ била мудра и визионерска, Бугарија дека ставот „крв не е вода“ кога-тогаш ќе биде прифатена од „ренегатите“. Службено Скопје пак, читај коалицијата СДУИ, го доби она што ѝ е најпотребно - време за интерно консолидирање дома преку екстерни ескапади по соседи.

Без намера да повикувам дожд врз тековните паради на власта, сепак пригодно е да се укаже дека сите овие „успеси“ некако наликуваат на веќе видени претстави на нови влади залетани на крилјата на ентузијазмот и верата во новото доба. На помладите сето ова може да им наликува на блокбастер премиера, но повозрасните сепак не се толку во грешка доколку сета тековна драма ја следат со чувство на веќе изгледан филм, со различни актери. Дали тоа беше пост-Рамковна Македонија на Бранко и Али, или пост-Бранковна Македонија на Никола и Мендух и Али, во секој случај приказната на владеењето секогаш започнува со инстант успеси. И потсетувања дека треба да се даде време на процесите. Не велам дека СДУИ не може да направи исклучок од тоа одомаќено правило. Но праксата на компензирање на внатрешни дебакли преку форсирање на наворешни подвизи (сѐ во име на ЕУ и НАТО) неминовно завршува во враќање на местото на злосторството - грбот на разочараните и измамени гласачи. А дека предупредувањето не е напразно, послушајте ги ветувањата на Бујар Османи, проследени со потврдувачки главоклимања на реформаторите од Бихаќка и потсмешливото вртење со очи на Албанците. Само да кажам, за утре да не биде повторно некоја „и ја се вала чудим“ комедија на забуна.

Кога-тогаш ќе мора да се апси

Но доколку времето на чекање почнува да носи дивиденди за соседите, нештата не се толку извесни со стратегијата на купување време од страна на двоецот Заев-Ахмети. Бидејќи какво и да биде името на земјата, на каков и да е јазик се потпишат договорите, на која било платформа да танцуваат, какви и знамиња да закачат на ревери, реформаторот Заев ќе мора да даде отчет за дадените ветувања поврзани со криминалот, корупцијата и чистењето на авгиевите штали и полнење на затворските сали. Заев може да бега во Атина, во Софија, да бега во Тирана и Белград и Тонга и Вануату, но каде и да е, со кого и да е, кога-тогаш ќе мора да одговори кога ќе почне со ветеното апсење на „лоповлукот“ во политиката. Доколку продолжи да одговора со патетични изговори или ја наситува јавноста со бораниски џебџии, сосема скоро прашањето ќе еволуира во пресудата - зошто Заев не ги апси крадците? Дури тогаш ќе разбере дека недавањето конкретни одговори води кон сносење одговорност за соучесништво во криминал и опструкција на правдата.

Би било сепак некоректно сета вина да ја префрлиме единствено врз една личност или партија. Без притоа да се осврнеме на општата состојба како генератор на традицијата на лесни ветувања и прелесни заборавности. Бидејќи сепак, какви и да се, политичарите не се создадени во вакуум, туку се производ на пошироки процеси и состојби.
Поимање на супериорноста

Пред неколку недели низ странските медиуми се објави анкета на Win/Gallup за тоа колку одредени нации сметаат дека одредена религија, раса или култура е посупериорна од другите. Изненадувачки позитивно е што мнозинството на анкетираните во 66 држави негативно се изјасниле по прашањето на супериорност по сите три категории. За жал, но не и изненадување, Македонија е единствената европска земја и една од осумте земји во светот во кои „националните мнозинство се согласни или цврсто согласни дека постои супериорност“. Македонија, со над 50% согласни, е на осмо место во друштвото земји кои споделуваат слични ставови (Парагвај, Бангладеш, Гана, Нигерија, Либан, Индонезија), но и состојби на „остри внатрешни конфликти, екстерна нестабилност, очекувања на надворешна интервенција и длабока трансформација во општеството”.

Заклучок, кој се надополнува со самата дефиниција за супериорноста според Адлер дека „при подлабокото истражување на комплексот на супериорноста и неговиот континуитет, секогаш ќе најдеме помалку или повеќе скриени комплекси на инфериорност“. Појавата на таквото исчашено поимање на „себе“ и поставеноста во односот кон другите е најизразена кај нас, иако во помали примеси е присутна насекаде во регионот токму поради наведените фактори на конфликтност, нестабилнист и зависност од надворешна интервенција. Би било сепак погрешно вината за такво поимање на супериорност да ја бараме во етно-генетски карактеристики, наместо во социјалните околности кои ја детерминираат нејзината појава, генеза и развој. Доколку ја следиме таа линија на еволуција на комплексот на супериорност, би ја осознале нејзината вештачки индуцирана, политички мотивирана рожба, дегенерирана низ сите пори на институционализираното општество и на крај заокружена во популарно прифатена мисла. Накусо, комплексот на супериорност не е плод-дегенерат на плебсот или неукоста, туку токму спротивно – креација на полит-интелектуалното на урбаниот кружок и неговата потреба за манипулативна доминација на статус-квото по нејзина потреба и офанзивно наметнување кон „останатите“. Во прв ред по поинаквите по етничка припадност, јазик, вера но подоцна еволуирано и во супериористички социјален интра-етнички културолошко шовинизам според класна поставеност или судир помеѓу „искапеното убаво“ урбано и „неискапеното грдо“ рурално.

„Искапената“ левица и „неискапената“ десница

Офанзивната манипулација на супериорноста сепак не може да ја затскрие нејзината праисконска, суштинска инфериорност и константа на дефанзивност како реален контрапункт на манипулацијата. За разлика од супериорноста определена од успехот на определените, чувството на инфериорност ја диктира потребата за перманентна статус-кво дефанзивност и очај за одбрана и заштита. Што на крај ја цементира состојбата на духовна индивидуална и општествена наклонетост кон автократија како доброволно прифатлив концепт, дури и доколку самото политичко водство искрено цели кон либерализирање на односите во општеството. Руската нобеловка Светлана Аксенијевич низ примерот на Русија ја дефинира како состојба на „Колективен Путин“, и „длабокото чувство на повредена национална гордост и омраза кон либералните вредности“. Аксенијевич со право забележува дека во многу случаи самите граѓани преземаат акти на воспевање на Путин без тоа и да биде побарано, или пак наложено од властите. Опишувајќи ја невозможната поставеност на либералите во такво опкружување и популарен сентимент, нобеловката поентира дека „да се биде во судир со властите е една работа и ние сме навикнати на тоа, но да си во судир со сопствениот народ - тоа е навистина ужасно“.

Преведено на наш терен, очигледна е тенденцијата за смислена изградба на нов циклус на судир според вештачки исцртана културолошка линија на судир помеѓу напредното и ретроградното, според матрицата од 1990-тите, во која „левицата” на СДУИ цели да се прикаже себе како современа, урбана, кул и фенси, напредна и генерално „искапена“ супериорна убавина за промени, додека пак „десницата“ на ВМРО-ДПМНЕ (делумно и Беса) како ретроградна, рурална, „сељак“ и простак, назадна и генерално „неискапена” инфериорна грдотија. Проблемот со таквата поделба на улогите е што, како прво, е диктирана од тесна група урбани профитери од власта и административниот центар (Скопје) и, како второ, станува збор за носталгија за едно нереално минато, во кое СДСМ не беше толку прогресивно, колку што ВМРО-ДПМНЕ беше, хм, зафатено со ловење вампир-врапчиња, чаталење со коса под пазуви и копање трошки низ диви бради.
Победа за пораз

Но времињата се менуваат, а парите помагаат таму каде што треба. Левицата денеска не е толку интелектуално супериорна и урбана како што љуби да мисли, додека пак парите и власта изградија една друга, интелектуално сосема компетитивна и политички професионална десница. Дебатата за односот кон Бугарија е само најзвучниот пример за таа промена на односите на силите во земјата. ВМРО-ДПМНЕ со право се потсмева и ги одбива обидите и намерата на СДСМ и нејзините интелектуалци низ популистичка врева да ја затскрие непријатната вистина - дека токму левицата (преку нејзината децениска доминација низ институциите) е вистинското легло, лабораторија и инструмент на распалување на шовинистичкиот злодух – како по меѓуетничка, така и по интраетничка линија.

Пристапот на Заев кон односот со Бугарија секако може да му донесе поен-два плус во источна Македонија, каде прашањето за националните чувства е одамна определено од надмениот, потсмешлив и потценувачки однос на неговата „урбано шмекерска“ партија. Од друга страна, игнорантскиот однос кон самопрогласената „елитна интелектуала“ во главниот град може и секако ќе предизвика агресивен одговор за спас на привилегираната позиција, како и зародиш на локалистички базирано поимање на политиката. Нешто во што ВМРО-ДПМНЕ е веќе одамна изверзирано и генерација понапред, како што може да се види од крајно внимателниот партиски настап кон вестите од Софија. Затоа, во земја во која сѐ уште доминира убедувањето за супериорност според раса, вера или култура, извесно е дека главниот збор нема да го имаат ниту Груевски ниту Заев, туку „Колективниот Демагог“ кон кој ќе мора да се повинуваат доколку сакаат победа. И таа победа ќе биде гарантот на нашиот пораз.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Единствено нешто што е убиствено е што стави пост од смрдливиот блог на DW.
Подобро од Либертас да ставеше, него ли од Дојче Веле.

Колку треба да си тиња од човек, за да дозволиш Арсим Зеколи да ти го гради мислењето?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Хорхе што искочи дибидус искочи, него пуцвалот дали успеа да скова нешто на име син на прецедник?

Стана ДиЏеј ради манекенки и тоа буквално, стана ДиЏеј и оди со манекенка :D

 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865


Единствено нешто што е убиствено е што стави пост од смрдливиот блог на DW.
Подобро од Либертас да ставеше, него ли од Дојче Веле.

Колку треба да си тиња од човек, за да дозволиш Арсим Зеколи да ти го гради мислењето?
А кој треба да ми го гради Крсто Мукоски? Само ликови со пречки во интелектуланиот развој може тоа да си го дозволат.
Што е прифатливо до некаде.
Во спротивно таквите ликови се нешто помеѓу морони, ситни хохштаплерчиња и типични простаци.
Комбо.

Алтернатива на Крки:

 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
А кој треба да ми го гради Крсто Мукоски? Само ликови со пречки во интелектуланиот развој може тоа да си го дозволат.
Што е прифатливо до некаде.
Во спротивно таквите ликови се нешто помеѓу морони, ситни хохштаплерчиња и типични простаци.
Комбо.
Крсто Мукоски?
Арсим Зеколи, Дрита Арифи и Петрит Сарачини.
Твојот ум е глина, а они се скулптори.

После ќе можеш да се фалиш дека си граџанин на светот.
Што и да значи тоа...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Крсто Мукоски?
Арсим Зеколи, Дрита Арифи и Петрит Сарачини.
Твојот ум е глина, а они се скулптори.

После ќе можеш да се фалиш дека си граџанин на светот.
Што и да значи тоа...
Иам една предност, колку толку иам функционална сива материја за разлика од тебе...шо сакаш ти сега да ми кажиш?

Имаш колумна, е сеа ти не дискутираш за текстот на истата, зеде од каде била преземена, за авторот па и со мене лично.

Шо е спорно во колумната?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Крсто Мукоски?
Арсим Зеколи, Дрита Арифи и Петрит Сарачини.
Твојот ум е глина, а они се скулптори.

После ќе можеш да се фалиш дека си граџанин на светот.
Што и да значи тоа...
Па не можат сите да се образуваат како тебе, со мемиња и сликички од нет. Некој мора и да прочита нешто. Туку батали ова, дај таа сликата со Мерцедесот, не ја видовме убаво.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Иам една предност, колку толку иам функционална сива материја за разлика од тебе...шо сакаш ти сега да ми кажиш?

Имаш колумна, е сеа ти не дискутираш за текстот на истата, зеде од каде била преземена, за авторот па и со мене лично.

Шо е спорно во колумната?
Што е спорно?

Се е спорно.
Почни од првата реченица, па понатаму и целиот нео-либерален отров кој што странски весник преку албански шовинист маскиран како граѓанин на светот
сака да го вбризга на Македонците.
Пази, оваа порака не е упатена кон Албанците, тие се ок, Македонците се нацисти, и тие треба да попуштат.
Кога некој албански т.н. интелектуалец, критикува албански политичар, тој не го критикува затоа што политичарот е националист,
туку го критикува затоа што не е доволно националист.

Прочитај ја колумната пак, овој пат ред по ред.

Можеш да бидеш со "отворен ум" и да дозволиш секој да ти пика она што сака да ти го пика, или пак
се што читаш да го читаш со доза на резерва, со цел да сфатиш која му е агендата, т.е. да ја видиш големата слика.

Оние слабоумните секогаш го одбираат првиот начин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom