Најстрого чувана државна тајна е колку не чинат странските инвестиции, луѓето кои истражувале буквално си ја ставале главата во торба не знаејќи дали утре ќе бидат најдени со фамилијата в ендек покрај пат или настрадани под други мистериозни околности во затворски ќелии, дома, на автопат....
Постојано е баран одговор за државните субвенции за странските иунвестиции но тоа е криено и забранувано за истражувања,
Дел од експертската јавност веќе подолг период предупредува на неопходноста од детален отчет за „кост-бенефит“ ефектите од целата досегашна операција, посебно ако се знае дека нивното доаѓање во Македонија е субвенционирано и во континуитет поддржувано со сериозни средства од државната каса и тоа по различни основи, дури и во делот на платите. Но зошто овие информации се држат далеку од очите на јавноста, толку ли е тешко или проблематично да се изработи една ваква анализа? Одговорот на овие дилеми, според упатените, е многу едноставен:
„Еве, јас би седнал и би направил таква анализа, но кај нас не можеш да дојдеш до потребните податоци за неа. Зошто е тоа така, причината е многу јасна, особено кај оваа Влада. Кога нешто се крие тоа е така бидејќи информацијата не е добра за нејзе и не и‘ оди во прилог. Оваа Влада не се грижи што не ја кажува вистината, туку кажува само за она што и‘ оди во прилог. Таа анализа ниту ја прави, ниту дозволува да биде направена и обелоденета, бидејќи очигледно дека резултатите нема да и‘ одат во прилог, тоа е единствената причина што ние практично цело време сме бомбардирани пропагандно со прилив на странски инвестиции во Македонија и нивното добро, наводно добро влијание врз стандардот врз граѓаните. Ама тоа не е баш така со анализа докажано.
Обидот да се утврди колку добиваат странските инвеститори во слободните зони е се уште залуден. Според истражувањето „Бенефити и трошоци од странските директни инвестиции во технолошко индустриските развојни зони. Случај: Македонија за периодот 2007-2014 година“, спроведено од Центарот за економски анализи (ЦЕА), не постои транспарентност за висината на доделената државна помош бидејќи не е воспоставен регистар, ниту мапа за регионална помош, иако европската регулатива тоа го бара.
Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнува и до скоро половина од висината на средствата кои се вложиле во Македонија.
Ова го покажува истражувањето на Центарот за економски анализи, од каде информираат дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош во висина од 56 милиони евра.
„Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра" - вели Весна Гарванлиева, Центар за економски анализи.