~BlueBerry~
*I love my dreams*
- Член од
- 8 јануари 2008
- Мислења
- 1.101
- Поени од реакции
- 63
[FONT="]Трите карактеристики на постоењето или Трите знаци(Треилакшана)[/FONT]
Едно од основните учењна на Буда е познато како Трите карактеристики на постоењето или Трите знаци (Треилакшана). Според тоа учење светот, кој ние го гледаме, е обележан од 3 основни карактеристики:
Променливост (Анитја) - будизмот постулира, дека нашиот внатрешен психички живот, така и надворешниот свет се во процес на непрекината промена. Се е непостојано и нестабилно, зависно од определени услови за своето постоење. Се е во постојано движење и условите се непрекинато променливи. Никој од нас не е физички, емоционално и умствено истиот, каков што бил пред години и дури пред миг. Сите ситуации, сите наши мисли и душевни состојби се раѓаат, собираат сила, ослабнуваат и умираат. Ние сме променливи суштества во променлив свет и не е возможно да најдеме сигурност дури и во најблиската иднина. Нештата се појавуваат и исчезнуваат, раѓаат и умираат. Ништо не се зачувува. Потоа е
Страдание (Духка) т.е. будизмот има цел да покаже пат на ослободување и духовно решение на човечкото страдање. Будизмот е една од основните религии во светот, но за разлика од христијанството, јудизмот и исламот, будизмот не е теистична религија. Во западниот свет зборот “религија“ се сврзува со потребата од верување во нешто свето и вишо, поради влијанието на другите религии, и затоа многу луѓе гледаат на будизмот повеќе како на философија.
Сепак, и покрај тоа што во будизмот не се говори за бог, во кој веруваме, не може да биде разгледуван како философија, поради тоа што не е просто интелектуална структура. Буда го негира догматизмот и слепата верба, ги советува жителите на Калама да ги проверуваат тврдењата како на брахманите, така и на будистичките монаси(бикшу) на база на своето сопствено искуство и вистински ставови(даршана). А ако немат такви, да се угледаат на Буда, Дарма и Санга. И
Безсубјектност т.е. Анатман или Анатта(на Пали, Анатма на Санскрит) е во основата на будистичкото учење, дека елементите и сферите на човечкото битие (пудгала) не содржат во себе си таква специфична Дарма како Јас, душа, човек.
Материјата, вели Буда, не е Јас (таа е анатта), чувствата не се Јас (тие се анатта), перцепциите не се Јас (тие се анатта), однесувањето не е Јас (тоа е анатта), знаењето не е Јас (тоа е анатта). Единствено за кое можеме да бидеме сгурни дека постои (асти), вели Асанга, големиот реформатор на Махајана, е идејата за непостоењето на Аза (најратмја-астита).
Откако постигнува просветлување, Буда дава множество учења до крајот на својот живот. Тие учења не биле категоризирани како сега, но се разликувале според индивидуалните потреби на учениците, кои доаѓале кај него за поучување. Подоцна будистичките следбеници формално ги разделиле тие учења и така ги систематизирале до голем степен огромните по обем учења. Сега будистичките учења можат да се раделат на 3 главни групи: Јужен будизам (Теравада) и Источен будизам (Махајана), како и Северен будизам (Ваџрајана), кои всушност философски припаѓаат на традицијата на Махајана. Одделно влијание заслужува и традицијата на Зен како дел од Махајана.
[FONT="]
[/FONT]
[FONT="]Теравада (Патот на старешините)[/FONT]
Теравадата Произлегува директно од првите монаси, кои ги примале учењата директно од Буда. Денес од мноштвото школи на Теравада останал само Хинајана будизмот, распространет основно во јужна и југоисточна Азија: Шри Ланка, Лаос, Тајланд, Камбоџа, како и делови во Кина, Виетнам, Малезија и Сингапур.
Основна цел во практиката на Теравада е постигнувањето на сопственото ослободување од страданието. Теравада учи дека тоа страдање е причинето од состојби на умот како алчност, омраза и илузија. Ослободувањето од своја страна може да биде постигнато преку навлегување во практиката на учењето за Четирите основни вистини и Благородниот осумкратен пат. Теравада учи на воздигнување, поттикнување на полезните (благопријатни) состојби на умот, избегнувањето на штетните (неблагопријатни) состојби на умот и тренирањето на умот во медитација. Теравада е чиста со ритуали традиција со основен акцент врз изучувањето на учењата.
[FONT="]Махајана (Големото тркало и големиот пат)[/FONT]
Махајана Говори за безраничното, универзално страдање или себеодкажување. Цел е алтруистичното постигнување на разбудениот ум (Бодхичита), како средство и знаење како најефективно да се помогне на другите да постигнат Нирвана. За разлика од Теравада, каде во преден план е постигнувањето на сопственото просветлување преку сопствен труд, во Махајана основна улога завзема Бодхисатва-идеалот. Бодхисатвите се суштества, кои како луѓе успеале да постигнат просветление (Бодхи), но се одкажале од влегување во Паранирвана, за да можат ефективно да им помогнат на сите други луѓе, во крајна сметка и на сите други суштества, исто да ја постигнат таа цел. Акцент се става често на осознавањето на пустоста (shunyata ) и Буда природата во секое живо суштество. Основни текстови во Махајана се Дијамантената сутра, Срдечната сутра и Лотосовата сутра.
Следбениците на Махајана го сметаат ова учење како содржајно во учењата на Теравада. Махајана будизмот во чистата форма е разпространет најповеќе во Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам. Во Тибет, Хималајските региони и Монголија е разпространета една форма на Махајана наречена Ваџрајана, која ќе биде разгледана подолу. Други значајни школи во Махајана се Зен и Амитаба. Ваџрајана ги содржи сите основни концепции на Махајана, но вклучува и многу други духовни практики, предзначени да ја убрзаат и подобрат будистичката практика. Тие практики се слични на Трантизмот (поради кое и школата се нарекува Трантистичен будизам), и вклучуват визуализација, рецитирање на мантри, ритуали и посветување , земање на засолниште и гуру јога (обединување со умот на учителот), кои имаат цел за брза трансформација на умот за постигнување на полна реализација за доброто на сите суштества.
[FONT="]Ваџрајана[/FONT]
Ваџрајана обраќа посебно внимание на директно предавање учител на ученик. Учењата вклучуват ритуали и практики, кои се изучуват само постепено директно од квалифициран учител (Лама). Поради таа причина Ваџрајана се восприема како езотерично учење во рамките на Махајанам за разлика од егзотеричните, општо достапни практики на другите школи.
Според учењата на Ваџрајана, Буда, ги представил прво основите на учењата на сите следбеници кој се обратиле кон него за помош (учењата станале познати како Теравада), по тоа го предавал повисокиот дел од учењата му само на ограничен круг од напреднати ученици, кои имале мотивација да постигнат просветление за доброто на сите суштества(учења, познати како Махајана), и на крајот на најотворените и силни умови им ги преддал учењата познати како Ваџрајана. Четирите основни школи на Ваџрајана се:
-Нингма – најстарата школа, водечка од почетокот од Падмасамбава (8 век пр.н.е)
-Кагјо – линијата на усниот континуитет, започната од Марпа и неговиот ученик Миларепа (11век пр.н.е)
-Сакја – каде се обраќа особено внимание на сутрите и личното обучување (11век пр.н.е)
-Гелугпа – или добродетелните, линијата на Далај Лама (12век пр.н.е)
Ваџрајана е разпространета форма на будизмот во Тибет, Бутан, Непал, Индија, Сиким, Монголија, одделни школи во Јапонија и Кина. На запад е познат како тибетски будизам или ламаизам.
Зен
Учењата на Зен будизмот се коренат основно во Махајана сутрите, создадени во Индија и Кина (Дијамантната сутра, Срдечната сутра, Лотосовата сутра). Зен будизмот е дел од Махајана будизмот и како таков се придржува кон основните елементи на будистичката философија: учењата за Четирите благородни вистини, Осумкратниот пат, петте предписанија и петте сканди, трите карактеристики на постоењето. Зен содржи и учења специфични за Махајана, како на пример Бодхисатва идеалот.
Зен повлекува почеток од Кина, каде будистичкиот монах Бодидарма разпространува учења на Буда. Тие учења стануваат познати како Чан, нивната појава и развиток се тесно поврзани со традиционалните дармистички учења во Кина. Последователно Зен се распространува и наоѓа најсилен развиток во Јапонија (Зен е јапоснската транскрипција на кинеското именување Чан).
Основниот инструмент и постоењето на Зен е седечка медитација ( Заѕен на Јапонски). Во време на Заѕен, практикувачот зазема традиционална позиција (како лотос или полулотос и др.) и го насочува целото внимание врз процесот на седење, позата и дишењето. Со оглед на објектот на медитација, се развиле две школи на Зен:
-Сото – основна медитација е медитацијата без објекти и содржина, барајќи “осознавање на моментот“.
-Ринѕаи – обраќа внимание на дишењето и искористувањето на коани.
Коаните се истории, дијалози и анегдоти, кои се парадоксални и често јазично безсмислени прашања, со цел да се прекине логичкото мислење на практикувачот. На тој начин наоѓањето на одговорот на коана означува и трансформација на осознатото и перспективата на осознавањето.
е тоа е