Будизам

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
[FONT=&quot]Трите карактеристики на постоењето или Трите знаци(Треилакшана)[/FONT]

Едно од основните учењна на Буда е познато како Трите карактеристики на постоењето или Трите знаци (Треилакшана). Според тоа учење светот, кој ние го гледаме, е обележан од 3 основни карактеристики:

Променливост (Анитја) - будизмот постулира, дека нашиот внатрешен психички живот, така и надворешниот свет се во процес на непрекината промена. Се е непостојано и нестабилно, зависно од определени услови за своето постоење. Се е во постојано движење и условите се непрекинато променливи. Никој од нас не е физички, емоционално и умствено истиот, каков што бил пред години и дури пред миг. Сите ситуации, сите наши мисли и душевни состојби се раѓаат, собираат сила, ослабнуваат и умираат. Ние сме променливи суштества во променлив свет и не е возможно да најдеме сигурност дури и во најблиската иднина. Нештата се појавуваат и исчезнуваат, раѓаат и умираат. Ништо не се зачувува. Потоа е

Страдание (Духка) т.е. будизмот има цел да покаже пат на ослободување и духовно решение на човечкото страдање. Будизмот е една од основните религии во светот, но за разлика од христијанството, јудизмот и исламот, будизмот не е теистична религија. Во западниот свет зборот “религија“ се сврзува со потребата од верување во нешто свето и вишо, поради влијанието на другите религии, и затоа многу луѓе гледаат на будизмот повеќе како на философија.
Сепак, и покрај тоа што во будизмот не се говори за бог, во кој веруваме, не може да биде разгледуван како философија, поради тоа што не е просто интелектуална структура. Буда го негира догматизмот и слепата верба, ги советува жителите на Калама да ги проверуваат тврдењата како на брахманите, така и на будистичките монаси(бикшу) на база на своето сопствено искуство и вистински ставови(даршана). А ако немат такви, да се угледаат на Буда, Дарма и Санга. И

Безсубјектност т.е. Анатман или Анатта(на Пали, Анатма на Санскрит) е во основата на будистичкото учење, дека елементите и сферите на човечкото битие (пудгала) не содржат во себе си таква специфична Дарма како Јас, душа, човек.
Материјата, вели Буда, не е Јас (таа е анатта), чувствата не се Јас (тие се анатта), перцепциите не се Јас (тие се анатта), однесувањето не е Јас (тоа е анатта), знаењето не е Јас (тоа е анатта). Единствено за кое можеме да бидеме сгурни дека постои (асти), вели Асанга, големиот реформатор на Махајана, е идејата за непостоењето на Аза (најратмја-астита).

Откако постигнува просветлување, Буда дава множество учења до крајот на својот живот. Тие учења не биле категоризирани како сега, но се разликувале според индивидуалните потреби на учениците, кои доаѓале кај него за поучување. Подоцна будистичките следбеници формално ги разделиле тие учења и така ги систематизирале до голем степен огромните по обем учења. Сега будистичките учења можат да се раделат на 3 главни групи: Јужен будизам (Теравада) и Источен будизам (Махајана), како и Северен будизам (Ваџрајана), кои всушност философски припаѓаат на традицијата на Махајана. Одделно влијание заслужува и традицијата на Зен како дел од Махајана.
[FONT=&quot]
[/FONT]
[FONT=&quot]Теравада (Патот на старешините)[/FONT]
Теравадата Произлегува директно од првите монаси, кои ги примале учењата директно од Буда. Денес од мноштвото школи на Теравада останал само Хинајана будизмот, распространет основно во јужна и југоисточна Азија: Шри Ланка, Лаос, Тајланд, Камбоџа, како и делови во Кина, Виетнам, Малезија и Сингапур.
Основна цел во практиката на Теравада е постигнувањето на сопственото ослободување од страданието. Теравада учи дека тоа страдање е причинето од состојби на умот како алчност, омраза и илузија. Ослободувањето од своја страна може да биде постигнато преку навлегување во практиката на учењето за Четирите основни вистини и Благородниот осумкратен пат. Теравада учи на воздигнување, поттикнување на полезните (благопријатни) состојби на умот, избегнувањето на штетните (неблагопријатни) состојби на умот и тренирањето на умот во медитација. Теравада е чиста со ритуали традиција со основен акцент врз изучувањето на учењата.

[FONT=&quot]Махајана (Големото тркало и големиот пат)[/FONT]

Махајана Говори за безраничното, универзално страдање или себеодкажување. Цел е алтруистичното постигнување на разбудениот ум (Бодхичита), како средство и знаење како најефективно да се помогне на другите да постигнат Нирвана. За разлика од Теравада, каде во преден план е постигнувањето на сопственото просветлување преку сопствен труд, во Махајана основна улога завзема Бодхисатва-идеалот. Бодхисатвите се суштества, кои како луѓе успеале да постигнат просветление (Бодхи), но се одкажале од влегување во Паранирвана, за да можат ефективно да им помогнат на сите други луѓе, во крајна сметка и на сите други суштества, исто да ја постигнат таа цел. Акцент се става често на осознавањето на пустоста (shunyata ) и Буда природата во секое живо суштество. Основни текстови во Махајана се Дијамантената сутра, Срдечната сутра и Лотосовата сутра.
Следбениците на Махајана го сметаат ова учење како содржајно во учењата на Теравада. Махајана будизмот во чистата форма е разпространет најповеќе во Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам. Во Тибет, Хималајските региони и Монголија е разпространета една форма на Махајана наречена Ваџрајана, која ќе биде разгледана подолу. Други значајни школи во Махајана се Зен и Амитаба. Ваџрајана ги содржи сите основни концепции на Махајана, но вклучува и многу други духовни практики, предзначени да ја убрзаат и подобрат будистичката практика. Тие практики се слични на Трантизмот (поради кое и школата се нарекува Трантистичен будизам), и вклучуват визуализација, рецитирање на мантри, ритуали и посветување , земање на засолниште и гуру јога (обединување со умот на учителот), кои имаат цел за брза трансформација на умот за постигнување на полна реализација за доброто на сите суштества.

[FONT=&quot]Ваџрајана[/FONT]

Ваџрајана обраќа посебно внимание на директно предавање учител на ученик. Учењата вклучуват ритуали и практики, кои се изучуват само постепено директно од квалифициран учител (Лама). Поради таа причина Ваџрајана се восприема како езотерично учење во рамките на Махајанам за разлика од егзотеричните, општо достапни практики на другите школи.
Според учењата на Ваџрајана, Буда, ги представил прво основите на учењата на сите следбеници кој се обратиле кон него за помош (учењата станале познати како Теравада), по тоа го предавал повисокиот дел од учењата му само на ограничен круг од напреднати ученици, кои имале мотивација да постигнат просветление за доброто на сите суштества(учења, познати како Махајана), и на крајот на најотворените и силни умови им ги преддал учењата познати како Ваџрајана. Четирите основни школи на Ваџрајана се:
-Нингма – најстарата школа, водечка од почетокот од Падмасамбава (8 век пр.н.е)
-Кагјо – линијата на усниот континуитет, започната од Марпа и неговиот ученик Миларепа (11век пр.н.е)
-Сакја – каде се обраќа особено внимание на сутрите и личното обучување (11век пр.н.е)
-Гелугпа – или добродетелните, линијата на Далај Лама (12век пр.н.е)
Ваџрајана е разпространета форма на будизмот во Тибет, Бутан, Непал, Индија, Сиким, Монголија, одделни школи во Јапонија и Кина. На запад е познат како тибетски будизам или ламаизам.
Зен
Учењата на Зен будизмот се коренат основно во Махајана сутрите, создадени во Индија и Кина (Дијамантната сутра, Срдечната сутра, Лотосовата сутра). Зен будизмот е дел од Махајана будизмот и како таков се придржува кон основните елементи на будистичката философија: учењата за Четирите благородни вистини, Осумкратниот пат, петте предписанија и петте сканди, трите карактеристики на постоењето. Зен содржи и учења специфични за Махајана, како на пример Бодхисатва идеалот.
Зен повлекува почеток од Кина, каде будистичкиот монах Бодидарма разпространува учења на Буда. Тие учења стануваат познати како Чан, нивната појава и развиток се тесно поврзани со традиционалните дармистички учења во Кина. Последователно Зен се распространува и наоѓа најсилен развиток во Јапонија (Зен е јапоснската транскрипција на кинеското именување Чан).
Основниот инструмент и постоењето на Зен е седечка медитација ( Заѕен на Јапонски). Во време на Заѕен, практикувачот зазема традиционална позиција (како лотос или полулотос и др.) и го насочува целото внимание врз процесот на седење, позата и дишењето. Со оглед на објектот на медитација, се развиле две школи на Зен:
-Сото – основна медитација е медитацијата без објекти и содржина, барајќи “осознавање на моментот“.
-Ринѕаи – обраќа внимание на дишењето и искористувањето на коани.
Коаните се истории, дијалози и анегдоти, кои се парадоксални и често јазично безсмислени прашања, со цел да се прекине логичкото мислење на практикувачот. На тој начин наоѓањето на одговорот на коана означува и трансформација на осознатото и перспективата на осознавањето.

е тоа е :)
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Будизамот е фамилија на верувања и обреди што е распространета низ целиот свет. Во светот постојат различни извори што тврдат различни бројки за бројот на верници но сепак бројката се движи помеѓу 230 милиони и 1.691 милијарди верници. Најголем дел од будистите живеат во Азија. Будизмот се базира на учењето од Гаутама Буда, или често наречен само Буда кој живеел во 5 век п.н.е. во североисточна Индија. Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.
Методите што ги користи будизмот за постигнување на самсарата се: етичка прилагоденост, култивација на мудрост, тренирање на мозокот преку учење и медитација, несебично однесување, одрекување од светските работи, побожни обреди и во некои гранки на религијата, разбудување на свети суштества за да им помогнат на луѓето во достигнување на Нирвана.
Будист е човек што пребегнува во Трите Накити: Буда, оној кој е разбуден, Дарма, учењето и Сага, будистичкото општество.
Бдизмот се проширил преку две главни гранки: Теравада, што се проширил кон југ и исток од неговото место на создавање и денес се проширило во Југоисточна Азија, и Махајана, кој најпрво се проширил кон запад од местото на создавање потоа северно и источно во Источна Азија. Покасно, двете гранки се прошириле кон Европа и Америка.
Будистичките училишта не се согласуваат при интерпретација на Гаутама Буда. Некои клучни текстови, познати како никаи или агами, се зачувани од двете гранки на будизмот. Некои од материјалите се зачувани од страна на тибетскиот будизам. Овие текстови се центар на Теравада, но се ретко користени во [[Махајана]та. Најзначајните Махајана натписи се Сутрите на Махајана. Зачетоците на некои дефинирани Махајана идеи се во агамите.
Покрај тоа што најчесто будизмот е сметан за религија, некои научници не ја вметнуваат во таа категорија, или пак според други будизмот е фамилија на религии. Исто така има и научници што тврдат дека будизмот нема дадено јасен став за својот статус.
 
dedanoe

As sum A ss um
Член од
3 ноември 2008
Мислења
312
Поени од реакции
7
Будизмот е само секта на ТАОизмот како што во Христијанството се Јеховините сведоци. Будизмот и Конфучионизмот произлегуваат токму од ТАОизмот на Лао Тзу опишан во ТАО Те Чинг или Книга На Промените. Предноста на ТАОизмот пред сите останати религии, особено основните како Исламот, Католицизмот и Ортогоналниот Дотизам или Православјето е во тоа што нуди само еден симбол Yin-Yang-от и целосна слобода практикантот сам да си ја развие својата религија врз база на тој симбол. Бесмислицата на Христијанството е во постоење на Семоќен Бог кој од необјснива потреба да се докаже како херој го креира Зверот, го победува заедно со сите негови поклоници и владее вечно. Типична западњачка проориентирана пропаганда на фаворизирање на доброто наспроти лошото. Е токму поради таквото фаворизирање на протетот наспроти антитетот или фаворизирање на балансот наспроти хаосот доаѓа до сите страдања ширум светот. Средниот Пат или ТАО-Патот е прифаќање на злото како составен дел од доброто и прифаќање на доброто како составен дел од лошото. Во античко доба Грците ја имале улогата на денешните Британци. Грците во античко време биле најголеми колекционери на универзалните вредности така да присвоениот Кинески Јин Јанг го претопиле во Архимедов закон за ЛОСТ и во Филозофија На Четирите Основни Елементи од што произлегла сета модерна наука (математика, физика, хемија итн)

тао е што мулслим у вези темава.

И С Л А М | МИСЛАМ | М А Л С И
Х Р И С Т Ј А Н | РАСПНАТ | Н А Ј Т С И Р Х
TAO | G | OAT

Член од
27 април 2009
Мислења
137
Поени од реакции
3

Bas jas mislam deka besmislicata na Budizmot e nepostoenje na Bog. Toa sto nekoi raboti se izmeneti vo biblijata celo vreme pravat konfuzija vo glavata na citatelite. Tvorecot e eden, eden dobar del od biblijata gavolot voopsto i ne se spomnuva zatoa sto i ne postoi. Potoa e voveden toj termin za da se objasni negativnoto, destruktivno odnesuvanje na nekoja licnost ili "gavolot e vo nego". Znaci takva destruktivna energija vo kosmosot ne postoi. E sega ovaa analogija so Jing i Jang i so Arhimedoviot zakon za lost moze da ni ja objasnis ili izvadi nekoja matematicka formula za Jing i Jang sto go objasnuva Arhimedoviot zakon za lost?
 
dedanoe

As sum A ss um
Член од
3 ноември 2008
Мислења
312
Поени од реакции
7
vo vrska so sozdavanjeto: jas mislam deka nishto ne e sozdadeno nitu ke e unishteno taka da ako postoi sega postoelo i kje postoi zasekogash. eve za primer ciklusot na zemjata, mars, sonceto i venra: toa sto sega e zemja ima tendencija so zagrevanje da postane mars, mars so prosvetluvanje postanuva sonce, sonceto so zamracuvanje postanuva venera i venera so ladenje postanuva zemja. so toa ciklusot pocnuva odnovo od pojdovnata sostojba iako idel nanapred so promenite. ne e nitu sonceto centar na solarniot sistem nitu e zemjata sevkupen centar na site neshta vo univerzot ami zemja, mars, sonce, venera zaedno go definiraat centarot na nasiot unicleverse. i kako nisho od postoechkoto nemoze da se unishti nitu sozdade taka nema nitu potreba od tvorec nitu visok od unistuvaci.

EPA: zakonot na Archimedes glasi: Goleminite se vo balans na centralni rastojanija reciprocni so nivnite tezini; e sega analogijata se sostoi vo zamenuvanje na "goleminite" so "TAO celinata", "balans" so "nepodviznost na centarot", "centralni rastojanija" so "yangovi" i "tezini" so "yinovi" taka da finalno TAO-root-ot na Archimedes-oviot zakon e: Centarot na TAO celinata e nepodvizen pri yangovi reciprocni so nivnite yinovi. Pazi, kluchno za TAO-to ne se samo Yin-ot i Yang-ot ami i Spinot e. Spinot ja odreduva dinamikata na TAO-to. imam math/physical article za toa.
 
Pa ne bi se slozil so pogornoto mislenje. Ostavajki go nastrana Arhimed, pogornoto pisuvanje za sonceviot sistem nema nikogas da se ostvari. Po izumiranje na sonceto toa sigurno nema da stane venera a mars sonce odnosno zvezda za da stvara zivot. Po izumiranje na sonceto zivotot vo sonceviot sistem ke prestane da postoi taka sto ciklusot nema da se povtori. Vselenata(kosmosot) materijalen i uste povazno duhoven se sozdadeni od Kreator so odredena namera a unistuvaci nema.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
што мислите за источната филозофија и будизмот?
За астралните патувања и надминувања на физичките граници на просторот и времето.
Дали е тоа измислица или тука се крие некоја тајна
Budizmot otfrla postoenje na Bog vo forma na idol vo koj treba pusto da se veruva, tuku treba da se dostigne i ostvari svesnosta za edinstvoto so nego sto otsekogas i postoela. Samo toa ne go narekuvaat Bog tuku ednostavno sopstvena sushtina, jastvo.

Ako nekogas go sretnes Buda, ubij go, - e edna od najpoznatite budisticki izreki. Ne bukvalno tuku ne dozvoluvaj nekoj da misli mesto tebe a ti slepo da go sledis, tuku bidi kako nego, na svoj nacin.

Astralni patuvanja i okultni moki postojat no samo za onie koi veruvaat vo niv i za koi se del od nivnata zivotna misija.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Вистински буден (просветлен) е оној, Кој Вечниот Изворот на Светлината - со збор и дело - ја почитува повеќе од себеси и своето просветление!
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Будизмот е само секта на ТАОизмот како што во Христијанството се Јеховините сведоци. Будизмот и Конфучионизмот произлегуваат токму од ТАОизмот на Лао Тзу опишан во ТАО Те Чинг или Книга На Промените. Предноста на ТАОизмот пред сите останати религии, особено основните како Исламот, Католицизмот и Ортогоналниот Дотизам или Православјето е во тоа што нуди само еден симбол Yin-Yang-от и целосна слобода практикантот сам да си ја развие својата религија врз база на тој симбол. Бесмислицата на Христијанството е во постоење на Семоќен Бог кој од необјснива потреба да се докаже како херој го креира Зверот, го победува заедно со сите негови поклоници и владее вечно. Типична западњачка проориентирана пропаганда на фаворизирање на доброто наспроти лошото. Е токму поради таквото фаворизирање на протетот наспроти антитетот или фаворизирање на балансот наспроти хаосот доаѓа до сите страдања ширум светот. Средниот Пат или ТАО-Патот е прифаќање на злото како составен дел од доброто и прифаќање на доброто како составен дел од лошото. Во античко доба Грците ја имале улогата на денешните Британци. Грците во античко време биле најголеми колекционери на универзалните вредности така да присвоениот Кинески Јин Јанг го претопиле во Архимедов закон за ЛОСТ и во Филозофија На Четирите Основни Елементи од што произлегла сета модерна наука (математика, физика, хемија итн)

тао е што мулслим у вези темава.

И С Л А М | МИСЛАМ | М А Л С И
Х Р И С Т Ј А Н | РАСПНАТ | Н А Ј Т С И Р Х
TAO | G | OAT
Е сега умеша алхемија.
Како прво Аристотел кажал за 4 осовни елементи(сонцето,месечината,ветрот и земјата) и јинг јанг може манџа да и носи на оваа Аристотелска филозофија.Грците биле риболовци и пирати кога Аристотел рекол дека не постои добро и лошо,туку ние си креираме добро и лошо,а за вистинскиот просветлен човек не постои лошо.
Будизамот не е филозофија туку религија бидејќи ти вели не верувај ако неќеш никогаш нема да станеш едно со универзумот.Филозофија е онаа на Аристотел кој рекол:Секој човек е едно со унивезумот(секој е Бог) само кој сака да дознае,кој неќе никому ништо.:toe:
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
После падот на тибет, кој исто така се случи после првата и втората глобална војна (значи во периодот кога масивно и како никогаш дотогаш паѓаат кралвствата и кралевите на планетата земја), минатата година падна (види Пророк Даниел 4:22) географски највисокото кралство на светот - Непал - кое е и родното место на принцот Синдарта, кој од својастрана пак е формирачот на едната од најубавите атеистички вери!
Јас “случајно“ го пуштив телевизорот кога кралот непалски се повлекуваше ,а во позадината (мислам со бела на темно плава боја) можеше да се примети Давидовата Звезда Деница!
Според учењето на будизмот, сите болки, војни, падови, и тн. се последица на негативните кармички насобирања кои потекнуваат од несвестноста.

Едно прашање до будистите во форумов. Дали негирањето на инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА - која е извор на Вистинската Светлина и просветлување - носи со себе позитивна или негативна карма?

Поздрав

Од исток поисточно е учењето точно
Повисоко од хималаја

Халелуја!!!
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Дали негирањето на инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА - која е извор на Вистинската Светлина и просветлување - носи со себе позитивна или негативна карма?
Исус се преродил?Кога?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
После падот на тибет, кој исто така се случи после првата и втората глобална војна (значи во периодот кога масивно и како никогаш дотогаш паѓаат кралвствата и кралевите на планетата земја), минатата година падна (види Пророк Даниел 4:22) географски највисокото кралство на светот - Непал - ...

Се извинувам за грешката (болдираното во горниот цитат, кој е од постот со број 85 )!

Не е Даниел 4:22 туку Даниел 2:44 !

Уште еднаш: Sorry ! :icon_frow
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Каков Будизам , какви бакрачи.
Што се случува во Тибет -
починатиот не го погребуваат , ами го носат некаде џенем каде го засекуваат и го оставаат на мршојадите да го соглодаат - да останат само коските , а што со нив прават после??- и нив ги кршат - дробат, а она што останало меѓу нив - месарот со опрема седи спокојно и вади се што е сувишно од нив - за да ги дохрани мршојадите . Такви ужасии можете да видите едино у некој ХОРОР филм- и ТАМУ (у Тибет) :uvo:

сите вие кои имате здрави нерви и сте + 18 слободно погледнете што таму се случува.:uvo:

http://www.prof-ritual.ru/news-view-355.html
 
Kajgana Shop

На врв Bottom