JUVE_Ultras
Ragazzo della piazza
- Член од
- 22 септември 2010
- Мислења
- 2.451
- Поени од реакции
- 3.968
Ако Севиља влезе во преговори со Јуве може да се договорат и за 30м плус бонуси,размена на играчи, доплати и било што.Откупната клаузула важи само ако Севиља не сака да го продаде,во тој случај Јуве може да ја активира и да го купи.Како што беше примерот со Игуаин,каде Де Ларентис не сакаше ни да преговара за продажба,па Јуве ја искористи клаузулата и го купи.Исто беше и со Пјанич,само тука Рома повеќе се заеба затоа што откупната клаузула беше 35м,да немаше клаузула ќе требаше Јуве дебело да искешира.Има разлика Н'Зонзи има откупна клаузула и клубот комотно можи да си се вади на истата. Јас неќам во клубот на пример да имаме играч кој е немотивиран и не сака да игра за Јуве тоа тие промаш и за него и за клубот. Од друга страна ете за Сандро и Дибала ништо живо не ни помислува на преговарање и исполнување желби Марота. Можеби пак ќе речам за Видал попуштија и поради пворедата и сезоната која ја имаше...
Муабетот ми е дека Нзонзи сака да дојде во Јуве,али Севиља моментално не сака да отстапи од 40м(т.е од највисоката сума што може да ја побара,затоа што толку му е и клаузулата)
Од друга страна Видал немаше клаузула,а беше продаден за смешни 37м.Не знам за мене нема оправдување за продавање на еден од најдобрите играчи во тимот за така смешна цена во денешно време.Ете игра на високо ниво и во Баерн,далеку од флоп или повреден играч.
И ја не сум за чување на играч што нејќе да игра за тимот,али далеку од тоа дека треба да се продава по секоја цена.На пример иако Коста е договорен со Јуве,ако понуди Јуве некој смешни 20-25м и те како ќе биде одбиен од Баерн,кој ќе најде друг купувач за него.