Сигурна сум дека имам анксиозност, не знам само до кој степен. Многу поизразено ми е во последниве три месеци откога почнав да имам болки во стомак и половина, па се гњавев цело време по прегледи и доктори зашто не можеа да утврдат од каде иде точно болката. Гинеколози, уролози, ехо неколку пати, крвни слики еден куп, накрај ми лупнаа антибиотици. Па накрај кога почна повеќе кичма да ме боли и на ренген ме пратија, иницијална дископатија, па заклучивме дека можно е да е се од кичма.
Пред месец дена кога се дешаваше ренген и ова со кичма, имав 5-6 дена стегање во гради и болка назад во горен грб, тахикардија, па и ЕКГ ми правеа, кое излезе ок. Матичната ме утеши многу фино со тоа дека треба да се мажам и деца да иам, па ќе сум немала време тогаш за да си барам болки само. Стегањето во гради ми било од недостаток на железо, според неа. Серумското железо ми е стварно ниско, последен пат ми беше 8. Оттогаш баталив и доктори и се, иам тапа болки и низ стомак и низ кичма, но решив да не се замарам повеќе, зашто мислев дека ќе се мрднам од неизвесност од што би можело да ме боли. Има денови кога осеќам болки, има денови кога се минимални. Не знам дали ми се од кичма, или од психа, но ме прават да сум благо депресивна. Епизодата со тахикардија и стегање се нема повторено оттогаш. Имам некои мисли дека сама кога сум надвор ќе се онесвестам и ќе нема кој да ми помогне, па нозе ми се сечат во тие моменти. Не сум анксиозна во друштво, напротив, се расположувам, нити кога сум сама дома, но ако сум сама надвор ме тепаат некои глупи мисли. Не е дека барам совет, само сакав да си пишам, реално осеќам дека на сите околу мене им станувам досадна со муабетов.