- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.070
- Поени од реакции
- 6.552
Нема логика во ова што го пишуваш.Од темава ко што заклучувам најголем проблем е што пиењето е поскапо и зошто гранапчињата праеле поголем ќар, не е дека до пиење не може да се дојде. И покрај толку изгубени животи на деца никој не постави прашање како продавањето на алкохол 24/7 ќе ги спречи фаталните сообраќајни несреќи предизвикани од возење под дејство?
Или го забрануваш тотално алкохолот со цел да нема пијани идиоти зад волан и одиш по патот на С.Арабија или го оставаш во слободна продажба како во земјите надвор од шеријатскиот круг.
Последниве години драстично е наголемен бројот на сообраќајки, баш во исто време кога на сила е овој закон. Извлечи сам заклучок сега
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ајде кажи какви резултати во поглед на број на сообраќајки има поради овој закон во споредба со периодот пред да биде донесен. Или број на малолетници кои употребуваат алкохол, дали е намален тој број, дали имаш информација некоја?Не ти е криво што му даваш пари за ДДВто, а тој место да ги плати во државата си ги пика во џеб?
Ем ти наплаќа поскапо, ем парите што ти веќе си ги одвоил за ДДВ си ги пика во џеб, во секундата два пати те прави будала.
После 9 завршуваат дневните обврски, тинејџерите завршуваат со обврските за школо/факултет и се спремаат за излегување, па се штимаат, тие што работат се вратени од работа и конечно може да си пиуцкаат алкохол, сигурно нема да се наштимаат додека се на работа.[DOUBLEPOST=1496940718][/DOUBLEPOST]
Ниту законот има логика, ниту твојов муабет, изговори може да се има колку што се сака, но ако се оди по правила и се почитува законот тогаш треба да заштити колку толку, НО во нашата мила државичка се точи алкохол и на малолетници по дискотеки, кафеани, џандарите замараат за бројот на безопасни во првата помош, а не за пијанство, а малските продавници шиткаат за 30 % поскапо алкохол и тоа на Македончето не му пречи, се додека сите ги кршиме законите и се додека се поткрепува криминалот ќе бидеме на вакво дереџе. Во нормалните земји свеста е на друго ниво, како прво ако јас те видам дека ти си купил во 10 треба да те пријавам на соодветна институција дека ти го кршиш законот, доколку институцијата си ја брка работата ќе те казни и тебе, а и тој во продавницата за кршење на законот за продавање на алкохол после предвидената временска рамка и за неиздавање на фискална и не плаќање на данок, е кога ќе дојдеме на ова ниво и кога ние ќе бидеме очите и ушите на полицијата и инспекциите ќе имаме здраво општество. Во Норвешка на мој роднина, колега на факултет пред неколку месеци му дал ЦД со филм и истиот тој го пријави во службите, бидејќи овој нашиов направил копија на ЦДто, нели сакаме да станеме цивилизирано општество како нив, или само сакаме да земаме пари како нив, а нашите аљабачки манири може да си останат?
Изгледа премногу имаш време да пречекуваш гости што без најава ти доаѓаат во свет кога телекомуникациите се достапни буквално на секој чекор, не се сеќавам кога последно ми дошле дома гости без да ми се најават.
Лига на шампиони ја договараат пет минути пред да почне натпреварот, дека Европјани тие се опасни и за 5 минути спремаат стадион, ауропланот им лета од една во друга држава и одржуваат спонтано натпревар.
Страшно.