Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.410
Поени од реакции
7.866
Види неможам да имам компромис со некој кој го поддржал СК2014 како сакаш кажи го тоа. А поготово не, со некој кој СК2014 го гледа чат пат на проаѓање и по митинзи. Колку што се битни парите на секој даночен обврзни со чии пари се изгради тоа срање од проект, битно беше и е, мислењето на локалното население кое највеќе трпи сакале признале или не. Сега ќе ти кажам, центарци го дадоа гласот на Жерновски и на СДС за да се сруши СК2014 од пред нивните прозори и влезови, и да им обезбеди нормален колку толку живот каков што беше претходно. Да, значи да се сруши СК2014. Не да се прерачунува финансиски дали можело или не, ќе се снајдеш и ќе го срушиш. Во спротивно, на следни избори очекувај гласови само од партиски војници. Многу е просто и едноствано. Изборите ги доби на емоција, СК2014, гасење лифтови, изгради им пред влез зграда кој ги ебе комуњари се... се тоа влијае. Најмалце што мора да направи е да се оддужи према тие станари со рушење на зградите. И може да се сруши, не е дека неможе. Само треба да се сака. Е ако сеа одеднаш имаш план да ги пренамениш тие објекти за лични потреби, тоа е друг муабет и у суштина не си го решил проблемот на локалците кои ти ја донесоа победата у Центар и од каде што почна после snowball ефектот.

Пишуваш чисто од лична перспектива, згора си и револтиран за што верувам имаш полно право. Ама тоа не прави да си во право повеќе од некој друг, колку и да звучи ладно ова. Компромис мора да има, ако некој направил зграда во дворот на твојата зграда, некој од локална самоуправа дал дозвола за тоа така? Во име на сите нас со службената положба и овластувања што ги има.
Дали е или не законски тука е проблемот?
Прво што сопственикот ќе ти покаже е тапија друже, следно дозвола за градба и ке ти каже шетај.
Или тужи ме. И сега како ти ќе ја рушиш таа зграда објасни ми?
Имаш космос случајот, гледаш што се случува?
Му даде власта дури играше со нив дозвола, ако имало неправилности ги толерираше пошто qr ги боли за закон, се додека играше со нив, и после да не ја тупиме како на цртан филм рушење, арно ама сеа обесштетување кој ќе плаќа за тоа? Пак јас и ти.
Јас не видов некој да сноси одговорност за тој циркус до сега, лично како индивидуа, кој одобрил ако не требало, кој замижал ако не требало, кој друже? Тука е проблемот, никој за ништо не сносил кај нас досега одговорност.
Напиша дека треба да се промени свеста и менталитетот што си потполно во право, ама насила не оди тоа, за тоа треба хармонизација не антагонизација на опшеството, инклузивно опшество, транспарентни институции. с
Дебати за проблеми и решенија.

Вака сега тие за пиштол, ние за пиштол и див запад. А гледаш цело време на тоа се оди, да се направи што поголем раздор и да се јава на тоа до не знам каде...колку и да звучи наивно ова, единствен начин паралелно да се кастри корупцијата и да се оди на санација на постојните состојби, во спротивно пиздарија.

Мора да има анализа и дебата за СК2014 и како да се санира состојбата, и веројатно се однесува на цело СК тоа.
Сите други градови умираат, или се оди према СК или надвор и тоа е, а повотрно се гради како тоа да е без пари по централни градски подрачја, замисли каде имаш централно градско јадор старо веокови и некој партиска џукела дека му се може а и му се сака руши за да гради некоја коцка? Пошто да се знае дека е тој главен, не дека има потреба или сл...историски објекти се рушеле.

Јас сум за критчки поглед, да не се дозволи да се наметне реториката демек не сте критикувале режим сега немате право, ама треба пак и време да се даде за изнаогање соодветни решенија за некој пообемни проблеми.
Инаку тој ефект на снежна топка сами си го направија, да беа потранспарентни, да имаше простор за критика уште ќе беа на власт, ама немаше да имат тотална контрола, а веројатно и мн проекти вклучително и СК2014 немаше воопшто, или пак делумно ќе се реализираа. Ти пак си стоиш на твоето, јас пак на моето, така да согласност дека не се согласуваме и то е то? Да не тупиме...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.457
Турција веќе испрати војска за подршка на Катар. Уште кога господинот Груевски не би бил пичка и би пратил барем еден батаљон сендвичи (кои сироти, и така не знаат у моментов што да прават овде), несакајќи многу би и олеснал на земјава во опоравување и би испаднал баш добар сојузник.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Изгледа дека примето во НАТО чука на вратата. Конечно и Македонија да застане на здрави нозе како држава.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Изгледа дека примето во НАТО чука на вратата. Конечно и Македонија да застане на здрави нозе како држава.
Голем кур ако влеземе во НАТO а не се дотера до крај СЈО.
Цел Балкан ти е во НАТО и пак е корумпиран.

Не дај Ѕевс пак ќе дојде Груки и ќе спинува нешто во стилот ние сме заслужни за НАТО, 11 години "работа" оно ово...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.457
Изгледа дека примето во НАТО куца на вратата. Конечно и Македонија да застане на здрави нозе како држава.
Да. Личи дека работите се поставени за да се направи повторен, сериозен обид во тој правец на евроатлански интеграции.
- поставување на баш ТИЕ имиња за министри на одбрана, надворешни и евроинтеграции
- изјавата на Заев за Столтенберг
- разговорот со Ципрас
- германскиот ангажман во повторното враќање на влијанието на ЕУ на зап. Балкан (разговорите на Меркел со Бугаринот и др.)
и уште некои точки.

Прво НАТО би било.

Само, сметам дека овојпат ќе мораат по директно - со примање во НАТО, ќе мораат со конкретни понуди во тие евроатлански интеграции да пријдат. Регионов е на ивица на пополнување на празнината од страна на Русија. Западот не би требало да се задоволи само со тоа што на Русија успеаја да и го негираат излезот на Јадран, преку НАТО-интеграцијата на ЦГ. Ќе се заебат на подолг рок, ако ни пријдат нам сега во оваа ситуација само со ветувања, исто како до сега.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.698
http://www.independent.co.uk/news/world/americas/us-politics/donald-trump-nato-member-states-pay-up-brussels-visit-belgium-eu-europe-leaders-a7755791.html
Да ама ќе треба да платиме 2% од ГДП, а да бидеме реални што ќе помогнат 2% од МКД или Монтенегро на Нато. Колкава војска имаме ние во споредба со поголемите земји, ова е повеќе како потег да се спречи поголемо руско влијание.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
855
СДСМ не ја прифати иницијативата за продолжување на породилното боледување од 9 мес. на 18 месеци, незнам точно поради кои причини, но повторно жените се почувствуваа како задно свирало:(
Читам како се препукувате за се и свашта, само никако тема за дискусија да ви биде нешто најважното, најхуманото, најмилото...никој не мисли за мајката, за родилката, за нивните вистински реални потреби:(
Ах, мажи, мажи:mad:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Да чекаш Русија да ти помогне (воено, политички, економски и.т.н.) е исто како да се молиш и да чекаш свети Петре да ти помогне ... видовме како Русија и помогна на Србија во 1999 год. кога три-четири месеци Натовците ја бомбардираа 24/7 се со цел да се потпише Српската капитулација и да се предаде јужната покраина Косово т.е. 15% од Српската територија !
Русија е само регионална сила(не и глобална како САД) која факт е дека постепено ја губи битката со западот на тој начин што ЕУ и НАТО буквално од сите страни и дојдоа на самите граници (западни, па и јужни) !
Русија го изгуби своето влијание замислете во една Украина, па и во Белорусија лека полека го губи, исто така го губи своето влијание и во централна Азија како и на Кавказот, а овдека во Македонија има некои си луѓе кои сеуште се надеваат дека Македонија ќе влезела во некојси непостоечки воено-политички-економски сојуз со Русија !
Не е чудо во не така далечна иднина Русија да стане дел од НАТО и ЕУ ... да Русија има гигантска територија од 17 милиони км2 на два континенти (Европа и Азија) но е доста слабо населена земја со само 145 милиони жители, а и наталитетот им е катастрофален (исто ко нашиов). Колку за споредба ЕУ има половина милијарда жители, а САД и Канада заедно преку 350 милиони па направете малку математика во главите ... воениот сојуз НАТО на пр. има накај 30 земји членки, а Русија е сама ... Варшавскиот пакт е мртов веќе три декади бе дечки, затоа Македонија мора да влезе прво во НАТО, а потоа и во ЕУ бидејќи друго чаре нема, па макар би сме се викале и Република Вардарија !
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Голем кур ако влеземе во НАТO а не се дотера до крај СЈО.
Цел Балкан ти е во НАТО и пак е корумпиран.

Не дај Ѕевс пак ќе дојде Груки и ќе спинува нешто во стилот ние сме заслужни за НАТО, 11 години "работа" оно ово...
Tоа се две потполно различни работи. И да, навистина е голем кур ако влеземе во НАТО. За држава со скоро никаква војска и полиција, не е мала работа најсилната воена организација на светот да ти ги гарантира границите и територијалниот интегритет. Еднаш засекогаш било каква приказна за распад на Македонија ќе биде завршена. Всушност, приемот во НАТО би бил најголем политички настан за Македонија од осамостојувањето.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.457
СДСМ не ја прифати иницијативата за продолжување на породилното боледување од 9 мес. на 18 месеци, незнам точно поради кои причини, но повторно жените се почувствуваа како задно свирало:(
Читам како се препукувате за се и свашта, само никако тема за дискусија да ви биде нешто најважното, најхуманото, најмилото...никој не мисли за мајката, за родилката, за нивните вистински реални потреби:(
Ах, мажи, мажи:mad:
Затоа пак, господинот Груевски мислеше за најмилото, најхуманото, доволно ангажирано овие десетина години.

Во Македонија се зголемува стапката на смртност на родилки и доенчиња. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња до седмиот ден изнесува 14.3 и е највисока од сите земји на ЕУ, односно тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2.
Стапката на перинатална смртност во Македонија е во пораст од 2010 година, а во 2014 е 14.3 и е речиси тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2. За споредба, стапката на перинатална смртност во Србија е 8.9, во Хрватска 5.7, во Бугарија 11, а во Турција 10.2.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Tоа се две потполно различни работи. И да, навистина е голем кур ако влеземе во НАТО. За држава со скоро никаква војска и полиција, не е мала работа најсилната воена организација на светот да ти ги гарантира границите и територијалниот интегритет. Еднаш засекогаш било каква приказна за распад на Македонија ќе биде завршена. Всушност, приемот во НАТО би бил најголем политички настан за Македонија од осамостојувањето.
Ние имаме внатрешен (етнички) проблем, тоа е вон ингеренциите на НАТО или ?

Како и да е, кога ќе стигнеме ниво на Словенија тогаш може во ЕУ и ќе немаме никаов проблем со било кој етникум.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ние имаме внатрешен (етнички) проблем, тоа е вон ингеренциите на НАТО или ?
Кој е тој внатрешен проблем? Албанците? :) Да, сигурен сум дека ако Македонија е членка на НАТО Албанците ќе бараат формирање на Илирида. Исто како што сега му згрчија на Али па како попче влезе во коалиција со СДСМ.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Tоа се две потполно различни работи. И да, навистина е голем кур ако влеземе во НАТО. За држава со скоро никаква војска и полиција, не е мала работа најсилната воена организација на светот да ти ги гарантира границите и територијалниот интегритет. Еднаш засекогаш било каква приказна за распад на Македонија ќе биде завршена. Всушност, приемот во НАТО би бил најголем политички настан за Македонија од осамостојувањето.
Држaвaвa е oдaмнa рaспaднaтa,не е битнo дaли грaници ке се мењaaт тoa се фoрмaлнoсти.Мoрa дa прифaтиме декa држaвaвa е пoделенa oдaмнa
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.698
СДСМ не ја прифати иницијативата за продолжување на породилното боледување од 9 мес. на 18 месеци, незнам точно поради кои причини, но повторно жените се почувствуваа како задно свирало:(
Читам како се препукувате за се и свашта, само никако тема за дискусија да ви биде нешто најважното, најхуманото, најмилото...никој не мисли за мајката, за родилката, за нивните вистински реални потреби:(
Ах, мажи, мажи:mad:
Mozebi bidejki imaa samo 270 potpisi, dodeka za donesuvanje na zakon bile potrebni 10 iljadi, bar taka napisaa vo drugata tema. No za zakonot veke se debatirase vo komisiite vo sobranieto, pa ne veruvam deka ova e problem, ama sekako 18 meseci e preteruvanje dovolni im se 12meseci ili 1 godina.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom