Ја не сум власт. Ја сум дал глас на власт која беше против тој проект и нејзини претставници кажуваа дека ќе се демонтира тој проект. Што не се огради бе Заев од Фрчко и Грчев у кампања кога збореа француски кључеви и слично?
Неможеш да имаш граѓанско општество у кое твојот приоритет ти е битен. Треба ли пак да ти повторам на тебе и на овој Змејковски дека не ставам приоритет на ништо, него дека реагирам на изјавата дека НЕМА НИКОГАШ да се сруши СК2014? Ете му го образованитео и здравството и корупцијата и се што сака нека му реши, никој не го спори тоа. Али провинцијалскиот примитивен момент, на мене да ми е само добро па другиот ако сака нека цркне, а тој другиот преку локални збори во Центар на 4 пати му даде ветар у грб со избор на Жерновски.
Кај бевте бе да се буните колку ќе кошта чистење на зградите кога Шарена револуција ги боеше? Кај бевте да се буните за цената на чинење на кршење на канцеларијата на Хорхе? Кај бевте да се буните за цената на дневници на цела полиција што беше ангажирана за сите протести? Како бе мајката од еднаш станавте економисти сите, разумни, праведни? Како?
Од која дискусија бегам? Од таа каде што почнавте сите да ретерирате од радикалните мерки кои беа главна снага во цела кампања?
Мешаш баби и жаби, намерно или не, не знам.
Таков потег, брзоплет е надвор од секаков разум, нема што сега да ја префрла топката на Заев некој како по обичај, Грчев и Фрле може да имаат какви сакаат ставови по однос поедини прашања, тие нивни ставови може да влијаат или да бидат показател или може сондажа за нешто, но ти си имаш официјален партиски став и Владина програма, тоа нас ни се допаѓало или не.
Е сеа граџани, јас не реков дека е ова или она побитно, и ти нагласив дека мн добро знам што значи СК2014 за урбаната целина на градот посебно ЦГП и што тоа прави на квалитетот на живот, настрана естетика. Проблемот не е само во СК бе друже, имаш урбана мафија и градење згради во дворови на куќи, згради во двороив на згради, иништување на зеленило низ секој поголем град во МКД. Ова веројатно го знаеш? Проблемот е поголем со СК2014 што покрај во габарит како проект, имаше огормно идеолошко влијание врз цела земја не само СК. Никој не го намалува значењето на тоа што ти се залагаш, само не на такв начин...
Пак истото, не моеш во ист манир од типот сега сме власт ќе правиме шо сакаме, никој за тоа не се залага, уште помалку некој однадвор да дава поддршка на такви ставови.Тоа е клучното.Тука е разликата.
Е сеа за тоа комитрагично провинцијалско примитивен момент, не знам дали си имал огледало покрај тее што си го пишувал, пошто не знам што е тоа, дај објасни ми.
За време на сето шарање бев службено одсутен, и за дел и јас не се согласував, не требаше се по ред да биде, можеше да се направи селкеција на објекти најрепрезентни за власта.
Никој не ретерира бе другар, само мислам дека никој не се залагаше ниту пак поддржуваше чисто реваншизам, малку мислење, разум, и да се собере тоа што останало и да се санира ситуацијата. Кое фајде сеа по ред да кршиш?
И уште потрагично во ист манир. Мора да се отворат дебати, да суди јавноста, а да прифаќа или отфрла решенија граѓанинот на демократски начин, непосредно. Иначе знаеш, магичен цикличен круг, процес како сакаш наречи го.
Верувај, секаде низ сите поголеми градови низ МКД се гради станбен и деловен простор на кој како му се може и сака, само да е врзан со некој и да има пари, иако во Битола имаш пола дуќани празни во сред Чаршија.
Не сум против тоа што ти се залагаш, ниту пак во целост подджрувам, некоја средина да се изнајде компромисна за сите жители на СК.Тоа е демократија и граѓанско опшество.