И маалската продавница и јас имаме корист од таа трансакција - јас ќе купам пиво кога сакам, а тој ќе ќари на таа моја желба, нормално сето тоа поради глупиот закон.
И двајцата не ми нудите никакви аргументи зошто е добар законот, ми нудите само опции како да се справам со него. Обично треба доста јаки и издржани аргументи ако сте про забрана.
Што се случува после 9 навечер? Дупло се засилува алкохолот во шишињата?
Пиењето кај тинејџерите е тотално неповрзано со ова.
Не ти е криво што му даваш пари за ДДВто, а тој место да ги плати во државата си ги пика во џеб?
Ем ти наплаќа поскапо, ем парите што ти веќе си ги одвоил за ДДВ си ги пика во џеб, во секундата два пати те прави будала.
После 9 завршуваат дневните обврски, тинејџерите завршуваат со обврските за школо/факултет и се спремаат за излегување, па се штимаат, тие што работат се вратени од работа и конечно може да си пиуцкаат алкохол, сигурно нема да се наштимаат додека се на работа.[DOUBLEPOST=1496940718][/DOUBLEPOST]
Никад ама никад нема да ве сфатам вас што го подржувате законов. Па и барем една добра, логична причина да дадевте зошто го подржувате.
Не ви се дешава некогаш спонтано да ви дојдат гости во вечерните часови и ради глупиов закон да не можете да ги почастите? Нема јас да чувам дома пиво/вино за секој случај ако ми дојде некој поради тоа што нема да можам да купам алкохол после одредено време.
Или пак почиња лига на шампиони, а ти немаш пиво дома. Шу прајме сега? ЛШ почнува во 15 за 9, а натпреварите од групна фаза и скоро цела нокаут фаза ги фаќа законот што е до 19 часот. Не можеш ко човек да се опуштиш и да уживаш пошто некој имал фикс идеи и сака да поставува глупи закони само за повеќе казни да лупа и да се купуваат скапи лиценци за продажба на алкохол.
Ниту законот има логика, ниту твојов муабет, изговори може да се има колку што се сака, но ако се оди по правила и се почитува законот тогаш треба да заштити колку толку, НО во нашата мила државичка се точи алкохол и на малолетници по дискотеки, кафеани, џандарите замараат за бројот на безопасни во првата помош, а не за пијанство, а малските продавници шиткаат за 30 % поскапо алкохол и тоа на Македончето не му пречи, се додека сите ги кршиме законите и се додека се поткрепува криминалот ќе бидеме на вакво дереџе. Во нормалните земји свеста е на друго ниво, како прво ако јас те видам дека ти си купил во 10 треба да те пријавам на соодветна институција дека ти го кршиш законот, доколку институцијата си ја брка работата ќе те казни и тебе, а и тој во продавницата за кршење на законот за продавање на алкохол после предвидената временска рамка и за неиздавање на фискална и не плаќање на данок, е кога ќе дојдеме на ова ниво и кога ние ќе бидеме очите и ушите на полицијата и инспекциите ќе имаме здраво општество. Во Норвешка на мој роднина, колега на факултет пред неколку месеци му дал ЦД со филм и истиот тој го пријави во службите, бидејќи овој нашиов направил копија на ЦДто, нели сакаме да станеме цивилизирано општество како нив, или само сакаме да земаме пари како нив, а нашите аљабачки манири може да си останат?
Изгледа премногу имаш време да пречекуваш гости што без најава ти доаѓаат во свет кога телекомуникациите се достапни буквално на секој чекор, не се сеќавам кога последно ми дошле дома гости без да ми се најават.
Лига на шампиони ја договараат пет минути пред да почне натпреварот, дека Европјани тие се опасни и за 5 минути спремаат стадион, ауропланот им лета од една во друга држава и одржуваат спонтано натпревар.