Петиција: Пиво после 19/21 ч.

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А, ќе прекинат маалските продавници да даваат жестоки после 9 ако се измени како што предлагаш ти?
Значи законот треба да важи за сите подеднакво.Непочитување на било кој закон е друга тема на муабет. Штом можеш да си купиш и до сега алкохол кајшто ќе ти текне очигледно треба да се обратиш до соодветни служби и да си прашаш зашто е тоа така (штом ти смета).

Не ти ја разбирам поентава, каква врска има мојот предлог со неспроведување на некој закон целосно? Ниту сум јас министер, ниту полиција, темава е петиција за продавање, а не петиција за почитување/непочитување на закон.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366

Најбитно зборче е треба.

Поентата е дека нема логика твојот предлог за поделба на пиво/вино и жестоки пијалоци. Со тоа само ќе се продолжи досегашната практика за продавање на "црно", што си повлекува низа последици кои мислам дека нема потреба да ти ги објаснувам, ги знаеш и сама.

Ти немаш никогаш купено после 9 алкохол? :)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.023
Јас СЕКОГАШ после 9 купувам, претпоставувама како и 90% од форумов.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Најбитно зборче е треба.

Поентата е дека нема логика твојот предлог за поделба на пиво/вино и жестоки пијалоци. Со тоа само ќе се продолжи досегашната практика за продавање на "црно", што си повлекува низа последици кои мислам дека нема потреба да ти ги објаснувам, ги знаеш и сама.

Ти немаш никогаш купено после 9 алкохол? :)
У твојов контекст нема ни потреба од легално купување на алкохол после 9ч, пошто нели вие може да си купите и нелегално па терајте така. Нема потреба од петиција за пиво.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.090
Поени од реакции
20.928
Не сфаќате дека откажувањето на новогодишните прослави не е ради петицијата и не сфаќате...
Значи прославите беа откажани зошто беше супер можност градоначалниците да добијат поени ко демек они се грижат за граѓаните.
Ниедна петиција не успеа, ама затоа уште се прават вакви глупи петиции...

Башка која кредибилност ја има ваквата петиција ?
Никаква.
Си има правила како се потпишува петиција.
Добро де, ако ваквата петиција нема правна сила, не значи дека треба да се ќути за се и сешто како досега. Значи нека се дигне галама, нека се створи реална слика дека поголем дел од граѓаните сакаат овој смотан закон да се смени и потоа ако нема одговор од власта, ќе се потпише и официјална петиција.
Механизми има многу, битно е власта да има слух за барањата на граѓаните. Не мора од старт да почнеме да собираме 10.000 потписи за измена на законот. Колку и да изгледаат смешни ваквите онлајн петиции, може да бидат реален показател за одредено барање на граѓаните, а ако власта е отворена, ќе го послуша барањето и без потпишување петиција или собирање потписи.

И да, би сакал и јас да слушнам еден аргумент ЗА оваа забрана за продавање алкохол. Горе-доле, аргументите ПРОТИВ на сите ни се познати. Кои се аргументите ЗА?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
У твојов контекст нема ни потреба од легално купување на алкохол после 9ч, пошто нели вие може да си купите и нелегално па терајте така. Нема потреба од петиција за пиво.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Баш има потреба. Зошто после 9 да морам да бидам дискретен во мојата продавничка или пак ако е таа затворена да одам до одредена продавница, за која сум сигурен дека дава пиво, кое патем ќе го платам поскапо од нормалната цена, нема да биде искуцана фискална и платен данок, а разликата меѓу цените ќе ја соберат трговецот и оној што го штити од инспекции и срања?

Уште еднаш ќе те прашам: дали си купила некогаш алкохол после 9?[DOUBLEPOST=1496887114][/DOUBLEPOST]
И да, би сакал и јас да слушнам еден аргумент ЗА оваа забрана за продавање алкохол. Горе-доле, аргументите ПРОТИВ на сите ни се познати. Кои се аргументите ЗА?
Децата нема да се пијанат петок/сабота :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.592
Поени од реакции
18.009
Во секоја нормална држава, кога се работи барем за пиво, да. Ама во Фиром во никој случај, тука живее една нецивилизирана и неизживеана багра што не знае ни децата да си ги воспита, па вчера или завчера во Н. Лисиче пак погина 19 годишно девојче. И колку и здравиот разум да ми вика не, се повеќе убеден сум дека за овој народ само шеријат би функционирал.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.842
Баш има потреба. Зошто после 9 да морам да бидам дискретен во мојата продавничка или пак ако е таа затворена да одам до одредена продавница, за која сум сигурен дека дава пиво, кое патем ќе го платам поскапо од нормалната цена, нема да биде искуцана фискална и платен данок, а разликата меѓу цените ќе ја соберат трговецот и оној што го штити од инспекции и срања?

Уште еднаш ќе те прашам: дали си купила некогаш алкохол после 9?[DOUBLEPOST=1496887114][/DOUBLEPOST]
Децата нема да се пијанат петок/сабота :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
А што е тешкото да си купиш пред времето за забрана, еве јас си имам дома секогаш по 2-3 големи шишиња пиво, неколку мали во стакло, плус домашна ракија за цела населба да пие, плус вино бело/црно така да кога и да ти дојде некој на гости имаш алкохол дома. Ваљда нема сам да седнам и да испијам толку алкохол самиот, во принцип речиси и да не пијам.

Ништо нема да ви смени да го земите пред настанување на забраната, цената е нон стоп иста, може да биде само поскапа следниот ден, не и поефтина, а парите се тие, еднаш ги вложуваш во тоа и потоа само надополнуваш она што се потрошило, ем никогаш нема да се избрукаш пред гости, ем нема да му плаќаш на локалниот продавач поскапо од нормалната цена, ем не прекршуваш закон.

За задебеленото, во паметните држави како Исланд се борат да го искоренат тоа пијанењето на тинејџерите, само кај нас главна фаца си ако се начукаш, иако од пијаниот и будалата бега, иако штетата што се предизвикува врз телото и мозок со таквото „начукување“ е огромна.[DOUBLEPOST=1496900038][/DOUBLEPOST]
А, ќе прекинат маалските продавници да даваат жестоки после 9 ако се измени како што предлагаш ти?
Таму ќе треба да си ја заврши работата соодветната инспекција, тие маалските продавници вечно плачат и кукаат, а кршат 99% од законите, зошто на твојот грб тој со маалската продавница да прикрива данок, да ти наплати поскапо за никаква услуга?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Петицијата е глупа. Законот не е. Развиените држави што често ги цитирате во друг контекст имаат слични или идентични закони. Не ви одговара? Купувајте алкохол пред 19/21 часот како сите кои користат малку мозок. Знам дека сме Македонија, ама ваљда имате барем фрижидери по дома.

Кога ќе направите петиција за нешто кое има некое значење или важност, па да ви угоди човек. Вака не.
 
И маалската продавница и јас имаме корист од таа трансакција - јас ќе купам пиво кога сакам, а тој ќе ќари на таа моја желба, нормално сето тоа поради глупиот закон.

Петицијата е глупа. Законот не е. Развиените држави што често ги цитирате во друг контекст имаат слични или идентични закони. Не ви одговара? Купувајте алкохол пред 19/21 часот како сите кои користат малку мозок. Знам дека сме Македонија, ама ваљда имате барем фрижидери по дома.

Кога ќе направите петиција за нешто кое има некое значење или важност, па да ви угоди човек. Вака не.
И двајцата не ми нудите никакви аргументи зошто е добар законот, ми нудите само опции како да се справам со него. Обично треба доста јаки и издржани аргументи ако сте про забрана.
Што се случува после 9 навечер? Дупло се засилува алкохолот во шишињата?

Пиењето кај тинејџерите е тотално неповрзано со ова.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Секој може пред 21:00 или пред 19:00 да купи, финтата е што законов отвора можност за продажба на црно, 10-20 денари повеќе. Не плаќаат данок маму им ебам, не може така. Ете не си бил во можност да купиш преку ден, одиш во 22:00 да купиш и ти вика ее па види колку е саат, 20 денари поскапо е.
Потписиве мислам дека можат да се соберат само надвор, нека застане некој и нека пише за што се, во еден ден од сабајле до вечер мислам дека би се собрале.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И двајцата не ми нудите никакви аргументи зошто е добар законот, ми нудите само опции како да се справам со него. Обично треба доста јаки и издржани аргументи ако сте про забрана.
Што се случува после 9 навечер? Дупло се засилува алкохолот во шишињата?

Пиењето кај тинејџерите е тотално неповрзано со ова.
Луѓето повеќе пијат. Како што станува покасно, правопропорционално се зголемува бројот на луѓе што конзумираат алкохол. Освен ако не си купил на време, што ретко кој тоа го прави, па да пиеш на раат после, претпоставувам тоа е причината.

Јак и издржан аргумент ќе бараш кај тие што го создале законот. Мене не ми пречи онака како што е. Продавањето на црно си е засебен проблем. Тоа дека законот го охрабрувал е тешка глупост, не смее да продава и тоа е тоа. Ако сака да ризикува, нека ризикува, да не биде после Власта затварала микро/мини бизниси заради "слаби нерегуларности" и сл.

И оружја се продаваат на црно, па не гледам да се дига џева да се легализира оружјето за да не постои на црн пазар.
 
Како може да е тешка глупост кога да не е тој закон тогаш не ќе може да го продава по 20 денари поскапо. Вака има закон до одредено време да се купува и продавачот си вика, еј па дај да соберам некој денар на црно и ајде дери ги после 21:00. Кај го има тоа. Ништо чудно и да поранешната власт има замешано прсти во продажбата на алкохол после 21:00 и да зема некој процент.
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Закон тотално неприменлив во практика. Која е логиката да не смееш да купиш пиво од продавница во 9 саат а да смееш да купиш пиво од кафана која се наоѓа веднаш до истата таа продавница. Мене лично а верувам и на повеќето не ни се случило да излеземе навечер и да не можеме да купиме алкохол. Не постои маало во Скопјево каде не можеш да купиш алкохол после 7/9 саат.
 
E

Epsilon

Гостин
јас знам една продавница што се "наполни" од пари со продавање на алкохол после времето што треба да биде забрането, а продавницата до незе, само ги брои клиентите кај оваа. :D

Мислам дека еднаш до два пати годишно ја казнуваат, ама сепак...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom