Со Русија имаме и сме имале културни врски дали ќе се развиваат и во други свери не зависи само од нас, па тоа е држава која има 12 часовни зони, ресурси како ниту една друга држава, интереси темелени на 800 годишно постоење. Зарем очекуваш Русија сега одеднаш да ги прекине сите поранешни врски и релации со другите само затоа што тебе или мене во моментив ни се допаѓа? Јас би сакал тие врски да се и подлабоки и поразгранети, ама кога кај нас постојат корисни идиоти кои се повеќе подготвени да го плаќаат плинот кој оди преку Дојчландија на место да минува плиновод преку Македонија па тие нам да ни плаќат такси ама тоа никако не се вклопува во слугански менталитет, и сега нормално Русија ни е крива.
Инаку аватарот е Големиот и семоќниот Император Владимир Путин а е ставен само за да ги тртам овие кои ги полнат гаќите само од неговата слика.
Русија и Путин (кој стана можеби најбогат човек на земјата, веројатно од плата) кога би бирале меѓу интереси на Грција и Македонија, Бугарија и Македонија, Србија и Македонија.... сигурно нам ќе не натртат, и тогаш со солзички во очите ќе запиштиш “Аман чичко Путин, па јас сум со вас“
Исто е и кога ЕУ и Америка би бирале меѓу интереси на Грција и Македонија, Албанија и Македонија, Србија и Македонија, Бугарија и Македонија.
Можеби еден ден ќе се распадне ЕУ, можеби Америка ќе пропадне, Кина ќе се воздигне... али каде ќе бидеме ние. Со што ќе ги дочекаме тие идни или сегашни ситуации?
Со стиропор, споменици, скапи лимузини и мебели на министри??
Македонија не е спремна ни за едно сценарио освен да понизно со капа в рака молиме кредити позајмици помош... та од исток та од запад, да да им се обврзиме на едните или другите на ропски односи.
Она шо предходна власт направи е да со пари доволни за 2-3 големи хидроцентрали, гасификација на државата, обновување на патишта и железници и потикнување на сопствено производство (дали земјоделие дали преработувачка индустрија, дали рударство...) изгради безвредни и непотребни и прескапи дреболии.
Наместо да станеме барем сами на себе доволни да вадиме некој динар од нешто станавме зависни да увезиме струја, да некој ни отвара фабрики со робовладетелски односуи, да купуваме млеко месо пиперки домати грав текстил, машини алати техника возила.... од странство
200 километри држава со 2 милиони население не успееа да кренат на нозе и направат нешто корисно (за народ зборувам, тие за себе си направија) Ни на трамп ни на путин ни на меркел не му е ич гајле за Македонија освен да ја користат за меѓусебно препукување. 700 милиони евра за споменици и фасади и уште најмалце пола од тоа на други грабежи кои можеа да ни ја решат иднината сега седат по туѓи конта и сметки или без никаква цел и вредност истопорени по улици со судбина да се распаднат во следни 10 години поради лош и слаб материјал и неможност постојано да се поправаат и одржуваат. Наместо сега да имаме доволна и ефтина енергија која и би ја извезувале, наместо да композиции и колони шлепери врват од тука и имаме ефтин плин до секое место шо би привлекло сериозни инвеститори, сега се чудиме од каде да позајмиме пари за плати и пензии за следен месец.
Она шо предходната власт го направи е рамно на злосторство према народ и така треба и да одговара.