Сигурно читаше преписката со колегата
@мкд владе и Енвер Хоџа симболиката, горе писанието, плус нешто, не знам што сакаш да кажеш со непознавање на тактичка и оперативна ујдурма бе, општо така нафрлено не значи ништо, кај конкретно се огрешил така непрофесионално појасни?
Оперативно опфаќа и тактички (организационен) и стратегиски (планерски) дел, по дефиниција. Имаше добар текст од Стратфор пошо е сега актиелно со тероризмот, за асиметрично војување каде појаснува дека во овие мигови во многу кратко време се менуваат класификациите на целите, т.е она што е тактика прераснува востратегија поради склоп на околности, од контра превенција се оди на анти тероризам и сл поради сценаријата и делувања во урбани густо населени области и сл...ке ти ставам линк ако најдам или ке постирам цел текст.
Е сеа, глеам си ставил аватар од Мајорот, лично го поштовам многу, а и тераш некои тези интересни тука апропо пишвањето на Мирка, шо неам ништо против, само шо работата е не гледај шо правиме слушај шо зборуваме а може ни едно ни друго.
Со купи ден помини политика не се гради силен државен апарат, тоа знаеш, полтронство промовирање, партизација и сл атрибути како основен критериум, сервилност не можат да создадат државен систем кој може во кратко време да направи промена на геостратешки колосек, и да одолее или преживее после таков судир на локомотиви како вагон на средина. Мислам чактисваш шо е поента.Проблемот е шо ако ние имаме таков државен систем нема да имаме ниту десетина од проблемите со кои се соочуваме со што би се изгубила потребата од промена на геостратешкиот колосек.
Ама сепак чекор понатаму, ниту САД ниту пак Русија, нема интерес нашите национални и делумно државни интереси како МКД да ги стави примарни по однос на нивните традиционални посебно на Блаканот и како историски се разгранува тоа, значи ако се земе дека во суштина САД и немале некое влијание до пред Прва Светска Војна тука, а и во главно ги присвоиле условоно речено Британските интереси на Блаканот со некоја модификација за нас незначителна, ние тука нема шо мн да бараме.
ЕУ земјите на сите им е јасно дека освен Франција и Германија со свои индивидуални настапи за исто такви интереси, нема драстична промена по однос на Евроатлантска гравура за Балканот.
Од др страна сме Русија, иаме некоја блискост „античка“, нели, по јазик писмо, еве и Православие, некое „античко“ Словенство, е сеа пак проблем е што имаат свои традиционални сојузници чии интереси се спротивставени со нашите, а пак се интереси.
Значи Запад или Исток, сеедно, кој и да избереме нашите интереси никогаш нема да станат примарни за нив во однос на комшиските, историски докажано, а секундарно знаеме што значи. Немаме тежина за да бидеме примарни, кога се носење одлуките елегантно сме биле оставени пред врата поради немањето кохезија исто како и сега.
По мое, без разлика кој колосек и локомотива ќе избереме дестинацијата пак е иста за нас, може различно растојание, брзина и време према тоа, ам пак ист терминус, посебно како етникум Македонски.
Има една англиска, изворна, The tree that doesent bends, breaks, but bend too much, youre already broken.