Да, тоа е габична инфекција, и мачето или ја има или е носител. Или мачкајте се со маст или мијте се со шампонот. Во принцип не е страшно, само е досадно.
Значи ветеринарот уште коа му кажавме, а тоа беше пред 3 месеци, исто кажа дека не е страшно и дека мачето може да нема никакви симптоми и да е само преносител на луѓе... е сеа нас дома на сите по едно, две мали кругчиња ни се појавија, и со белосалик маста мачкање поминуваа по неколку дена само што ке се појавеше по некое време на др место.. ама во главно мали кругчиња.. на братучед ми му се прошири кругчето, го третирал со канестен, што уствари не требало, и му се истенчи кожата дури на местото, и никако да се реши проблемот, на кожен му рекоа дека не требало со тоа, па му дадоа др нешто сеа е надевам ќе се подобри, затоа испаничивме, ја зедов одма кетоконазол да го избањам мачето, и се исплашив изгуглав све и свашта денеска. Сретнав гуглајки на фејсбук некоја докторка што се занимава со вакви кожни болести и се јавив да ја консултирам, ми кажа ако мачето нема на него симптоми тогаш не е габична инфекција туку е друго нешто и не ни е од мачето.. И кажав дека нема од што друго со оглед на тоа што се појавува само на тие што идат кај нас и го фаќаат мачето а од човек на човек не се пренсува од нас на никој.... ме испрашуваше што како и објаснив се, ме замоли да и го сликам моето црвенило, сликав и пратив нма фб, и ме праша дали мачето има ушна шуга.. значи црно да има во ушиња, а мене до сеа сите мачиња што сум ги чувала ми имале тоа, и мачево исто од мало, докторот за тоа од оддамна ми даде спрејче му прскам и кажа дека не е страшно и дека имаат во принцип често животни,
е сеа таа заклучи дека од ушната шуга на мачето ние сме имале шуга фатено ова било почетна фаза не би,ло страшно требало да земеме маст некоја што многу печела од аптека, и да се мачкаме по цело тело, мачето да прими некоја инекција на ветеринар ми кажа, а цела куќа да ја дезинфицираме..
Се извадив од памет... изгуглав све, и најдов дека не постои шанса ушната шуга од животни да се префрли на луѓе, и дека и во уво да ја стаиш таа бактерија кај човек, нема да преживее пошто е исклучиво кај животни се јавува..
И се смирив малце, мада реално глупо искуство се извадив од памет, ми прати линк со слики од шуга што изгледаа страшно, изфрлани луѓе, ама со мноогу црвенила...
Се надевам не е тоа.. и се надевам ќе се реши брзо

)))