Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не сите религии зборуваат за гревот, туку само пар од нив, така не „набадај„ произволности во облик од сугестибилна „подметачина„. Телема сигурно не зборува за гревот, туку за задоволствата од гревот!

Просто е; како што телото бара своја (материјална) храна, како што душтата бара своја храна (во облик од сетилни доживувања), така и духот си го бара своето, со тоа што духот, незадоволен од осовеетовните нешта и од овосветовните органичувања, се насочува кон трагање на „нешто поинакво„, кое Светов го нема и не може да го понуди. Дихот го бара духовното, трајното и возвишеното.

Како што гледаш, нема(м) потреба од философски системи, туку само природна потреба/потреби од човековото битие.
Кај ви е аргументот, доказот, фактите дека нешто е грев? Бајките и верувањето во нив не докажуваат ништо. Ќе верувам дека нешто е грев и тоа магично ќе стане грев? Ќе прочитам во книга што правеле џиновите, како муабетеле змиите и што правеле змејовите за да знам што е грев?
Посебноста се состои во мал миљон нешта, а најбитните се:

- Бог ни ја обави интегралната вистина, според која Он постои и Он Е причина за се‘ што постои,
- Бог ни објави дека Светов е створен, дека Светов има своја смисла и цел,
- Бог ни го објави траењето од Светов преку сето минато, преку сегашноста па се‘ до крајот од Светов,
- Бог не престана да муабети со родот човечки, почнувајќи од Адама па до ден-денешен.

Другите религии можат само на ни пљукнат од завист...
:pos::pos: Абе еве се околу мене ,,испљукав" од завист:pos:

Сите религии имаат ,,интегрални" вистини, сите комуницираат со Бог, на сите им објавил дека светов бил створен. Ништо од ова не е посебно, не е доказ, не е факт. Само слепа верба и ништо повеќе.
 
Инспирација од пост на @Атеист на темата „Поука на Денот“ :)

По прашањата се гледа дека таа што го прашува Е христијанка и се обидува овој голем ум да го стави во нејзиниот кафез...
Малку повеќе не и успеа, но што да се прави... :)

Па и не треба да си некој голем ум за да не прифатиш од еден во друг кафез да влезеш. Нека проба со некој муслиман исто ќе се деси.
 
Србин (дот) инфо... o_O
Really?

Слабо „светиот дух“ со даровите кај тебе... слабо...

Пробај на овој линк: krouli.com.sex&drugs...може ќе најш појќе информации.[DOUBLEPOST=1496248721][/DOUBLEPOST]
Кај ви е аргументот, доказот, фактите дека нешто е грев? Бајките и верувањето во нив не докажуваат ништо. Ќе верувам дека нешто е грев и тоа магично ќе стане грев? Ќе прочитам во книга што правеле џиновите, како муабетеле змиите и што правеле змејовите за да знам што е грев?
.

Доказот е самиот духовен опит и расположението од духот човеков, односно во разликата меѓу живеењето во грев и живеењето без грев.[DOUBLEPOST=1496248818][/DOUBLEPOST]
:pos::pos: Абе еве се околу мене ,,испљукав" од завист:pos:

Сите религии имаат ,,интегрални" вистини, сите комуницираат со Бог, на сите им објавил дека светов бил створен. Ништо од ова не е посебно, не е доказ, не е факт. Само слепа верба и ништо повеќе.

:icon_lol::pos::lolzz:

За слепа верба зборува човек кој никад не ја видел не ја знае вистината...а зборува за вистината.
 
Доказот е самиот духовен опит и расположението од духот човеков, односно во разликата меѓу живеењето во грев и живеењето без грев.
Духовност и грев се термини што ги користат сите религии, ниту вие имате авторски права над нив, ниту вашите концепти се поаргументирани од оние на останатите религии. Субјективни емоции, упорно промовирани како апсолутни вистини.
:icon_lol::pos::lolzz:

За слепа верба зборува човек кој никад не ја видел не ја знае вистината...а зборува за вистината.
Тебе вистината око да ти извади нема да ја видиш. Да беше вистина слепата верба во бајки, по улиците ќе ни шетаа спандермени, бетмени, принцези, еднорози и дедомразовци.
 
Духовност и грев се термини што ги користат сите религии, .

Наброј кои се тие „...сите религии...„ и од тие „..сите религии...„ посочи точни цитати од точни автори и точни религиозни дела, кои недвосмисллно зборуваат за духовноста и за гревот.

Јас велам дека не (ги) знаеш. Ти, што велиш?[DOUBLEPOST=1496252526][/DOUBLEPOST]
Тебе вистината око да ти извади нема да ја видиш.

Мене вистината не ми вади око, оти Вистината веќе е именувана од моја страна, за разлика од тебе, кој почнува да „шлајфува„ кога треба да ја напише вистината-и пак не ја пишува.
 
Но и овој е во кафез...

Цело време си во кафез на оваа проклета планета наречена од нас Земја (затоа и се бара од Човештвото ДА РАБОТИ и ДА НАДМИНУВА!), само што ти се радуваш на тунелот од решетки помеѓу помал и поголем кафез и си тераш филмот туркајќи се наваму па натаму ;)

Кога ќе пораснеш за еден кафез, преминуваш во поголем и поубав...
Затоа мистиците зборуваат за „крилјата на Орелот“ ...

Напорно е тоа... глумење слобода со бегање.

Кармата е опасна ствар... почни да работиш и надминуваш - не да ми глумиш њу ејџ слободен човек (не сум фан на овие мрзливи луѓе) со како што велеше „гледање во сонцето“ едно време. :)
 
Наброј кои се тие „...сите религии...„ и од тие „..сите религии...„ посочи точни цитати од точни автори и точни религиозни дела, кои недвосмисллно зборуваат за духовноста и за гревот.

Јас велам дека не (ги) знаеш. Ти, што велиш?
Јас велам дека си трол што не му останува ништо друго освен до бесконечност да вергла и да бара ретардирани нешта од типот наброј ми име и презиме на верниците од тие религии и која им е омилена боја на гаќи.
Мене вистината не ми вади око, оти Вистината веќе е именувана од моја страна, за разлика од тебе, кој почнува да „шлајфува„ кога треба да ја напише вистината-и пак не ја пишува.
Се именуваат конкретни нешта, ситуации, личности, објекти, вистината е реална, објективна слика или концепт кој може да се однесува на било кое од тие конкретни нешта. Невидена дебилштина е да тврдиш дека вистината има име и дека со просто именување си ја дознал или кажал.
 
Но и овој е во кафез...

Цело време си во кафез на оваа проклета планета наречена од нас Земја (затоа и се бара од Човештвото ДА РАБОТИ и ДА НАДМИНУВА!), само што ти се радуваш на тунелот од решетки помеѓу помал и поголем кафез и си тераш филмот туркајќи се наваму па натаму ;)

Кога ќе пораснеш за еден кафез, преминуваш во поголем и поубав...
Затоа мистиците зборуваат за „крилјата на Орелот“ ...

Напорно е тоа... глумење слобода со бегање.

Кармата е опасна ствар... почни да работиш и надминуваш - не да ми глумиш њу ејџ слободен човек (не сум фан на овие мрзливи луѓе) со како што велеше „гледање во сонцето“ едно време. :)
Што е разликата помеѓу уживање под сонцето и ритуали под сонцето?

Работа!?
Па јас сум повеќе за уживање отколку работа....ти не?
 
Јас велам дека си трол што не му останува ништо друго освен до бесконечност да вергла и да бара ретардирани нешта од типот наброј ми име и презиме на верниците од тие религии и која им е омилена боја на гаќи.
.

Пак се заглави во својата кал и пак, по којзнае кој пат, не можеш да излезеш.

Ај да ти помогнам:

1. На овој линк:

https://sh.wikipedia.org/wiki/Lista_religija_i_duhovnih_tradicija

имаш листа со досега познатите религии и псевдо-религии.
2. Од секоја од нив, одбери си по еден автор, кој сакаш.
3. Од секој автор, одбери си по еден негов запис, кој сакаш.
4. Од секој запис, одбери си по една реченица, од која ќе ми стане јасно дека одредена религија навистина проповеда духовност и гревовност.

Вечноста е пред тебе, не брзај, имаш време...[DOUBLEPOST=1496339034][/DOUBLEPOST]
Се именуваат конкретни нешта, ситуации, личности, објекти, вистината е реална, објективна слика или концепт кој може да се однесува на било кое од тие конкретни нешта. Невидена дебилштина е да тврдиш дека вистината има име и дека со просто именување си ја дознал или кажал.

Кон болдот: Исус Христос, Синот Божји Единороден Е живата Вистина.

Поконкретно-здравје!

Ајде сега ти, наведи една вистина.
 
Пак се заглави во својата кал и пак, по којзнае кој пат, не можеш да излезеш.

Ај да ти помогнам:

1. На овој линк:

https://sh.wikipedia.org/wiki/Lista_religija_i_duhovnih_tradicija

имаш листа со досега познатите религии и псевдо-религии.
2. Од секоја од нив, одбери си по еден автор, кој сакаш.
3. Од секој автор, одбери си по еден негов запис, кој сакаш.
4. Од секој запис, одбери си по една реченица, од која ќе ми стане јасно дека одредена религија навистина проповеда духовност и гревовност.

Вечноста е пред тебе, не брзај, имаш време...
Ем шуто, ем боде. Ти најде за заглавување во кал да збориш :pos::pos::pos:
Што сакаш да кажеш, дека термините духовност и грев се ваше православно ексклузивно право? Дека ниедна друга религија нема духовност или концепт за грев? Или можеби треба да дозволам да играш курташак и да поставуваш нови и нови ретардирани барања од типот каква боја на гаќи носи секој верник посебно за да има одговор според тебе?
Кон болдот: Исус Христос, Синот Божји Единороден Е живата Вистина.

Поконкретно-здравје!

Ајде сега ти, наведи една вистина.
Абе ај што кажа! Како да ја провериме вистинава? На пример ако некој каже дека надвор врне во моментов, дали е тоа вистина или не лесно ќе провериме ако излезема надвор и видиме дали врне! Нели наса не била веродостојна затоа што не ти понудила начин непосредно со свој очи да видиш дека земјата е топка? Ти како ќе докажеш дека Исус бил вистината? На жими мајка? Ќе се напнеш од верување и магично верувањето твое ќе стане вистина?
 
Што е разликата помеѓу уживање под сонцето и ритуали под сонцето?

Работа!?
Па јас сум повеќе за уживање отколку работа....ти не?
Знам дека си за уживање, знам дека си мрзлив и дека ќе се натегаш до смрт бесцелно за да докажуваш како другите се во едни тешки кафези, а ти ете слободниот како се обидува да ужива и сешто прави за да само ужива... затоа реков дека тебе само кафезот ти е друг... а галамиш наоколу како сите други се во кафези, се ограничуваат со ова или она „име“ итн итн...
Многу просветлен ти како за човек кој што сака само да ужива ;)

П.С. Има разлика од уживање под сонцето и Ритуали НА Сонцето. Но, ти знаеш - просветлен си - зарем треба да те упатувам на работа?
 
Ем шуто, ем боде. Ти најде за заглавување во кал да збориш :pos::pos::pos:

Еве ја твојата кал, цитирам:

„...Духовност и грев се термини што ги користат сите религии, ниту вие имате авторски права над нив, ниту вашите концепти се поаргументирани од оние на останатите религии. Субјективни емоции, упорно промовирани како апсолутни вистини....„

Превземно од:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-846#post-8074329

И што рече, кои се тие „...сите религии...„ кои ги користат духовноста и гревот?

Еве “неколку„ од нив па одбери си:

https://sh.wikipedia.org/wiki/Lista_religija_i_duhovnih_tradicija

[DOUBLEPOST=1496346794][/DOUBLEPOST]
Абе ај што кажа! Како да ја провериме вистинава?

Со користење неколку „линии„ од брашно „Тип 400„.
 
Последно уредено:
Еве ја твојата кал, цитирам:

„...Духовност и грев се термини што ги користат сите религии, ниту вие имате авторски права над нив, ниту вашите концепти се поаргументирани од оние на останатите религии. Субјективни емоции, упорно промовирани како апсолутни вистини....„

Превземно од:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-846#post-8074329

И што рече, кои се тие „...сите религии...„ кои ги користат духовноста и гревот?
Не е кал, факти се. Ете моментално муслиманите имаат пост, заедно со молитвата, аџилакот, сунетот и ред други обреди и правила, за нив тоа е духовност. Хиндусите ја имаат јогата како духовност, телемитите магиката итн, итн. Дали ти и твоите соверници ќе го прогласите тоа за ,,богоборство", ерес, сатанизам или било што слично, не го менува фактот дека подеднакво важи истото и за вас во однос на другите религии. Нити вие имате ексклузивно право на тие термини, нити вашите концепти за истите се на било кој начин поаргументирани или поразумни. Се што ти останува тебе е да тролаш до бесвест и да поставуваш одново и одново нови дебилни барања се со цел соговорникот да се откаже од дискусија и ти тоа да си го прогласиш за победа.
Со користење неколку „линии„ од брашно „Тип 400„.
Класичен пример за тресење глупости и тролање. Некој друг да ти одговори на овој начин, веднаш ќе го прогласиш тоа за немање одговор.
 
И, што рече, што вели хиндузимот за гревот? Или, што вели Заратустра за гревот?

И на врапците им е појќе од јасно дека штом одредена доктрина се нарекува „религија„, тоа автоматски значи дека доктрината претендира на духовноста, оти во спротивно не би била „религија„, туку би била „наука„, би била „философија„ или би била „уметност„.

И дај не се врти во место, оти упорно бегаш од одговорот, иако почетната помош веќе ти ја напишав.[DOUBLEPOST=1496350500][/DOUBLEPOST]

Па ти никад немаш одговор...
 
Колку и да си ги затвораш очите и ушите, на твоја жалост одговорите ќе ги има.
Како што кажа и самиот, и на врапците им е јасно дека ако одредена доктрина се нарекува религија, неможе да биде наука и дека истата претендира на духовност, тоа значи дека духовноста како термин и концепт не припаѓа ексклузивно на ниедна религија посебно! Ниедна религија нема авторски права над неа! Бидејќи да можеше со егзактни методи да докаже, ќе докажеше, но тогаш би била наука а не религија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom