Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не реков дека не треба. Треба да се модифицира. Периодично.
Туку, дали од тебе нешто издржано дали ќе видиме. Да не е пцуење, простотилок и слично. Некоја подлабода анализа, мислења. Или со 12,000 е толку можноста?
Толку е можноста. Ти со илјадници евра во џеб, научи дали треба Германци со голема или мала буква? Дали е правилно надимак или прекар? Мислам дека со тие пари што ги заработуваш мора да знаеш правопис.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Секаде постои дихтомијата: приемни испити на факултет или опфатеност на истите со матурата. Нема конечен одговор на ова прашање.

Што се однесува до екстерното тестирање, истото треба да стане предмент на научно испитување и да се предава на факултетите како пример за тоа како не треба да бидат поставени работите.

Неусогласени годишни програми, придружени со несоодветни учебници. Тоа ти е јадрото на образовниот систем кај нас(учителите/професорите и учениците се башка). Врз сево ова додаваш прашања кои не се прилагодени ниту на програмата ниту на учебниците и го нарекуваш екстерно тестирање. И што излезе работата? Учителите/професорите ги штимаат оценките на учениците за да немаат отстапување оф просечната оцена која му ја дале на ученикот. Наместо да пренесат знаење они се бават со комбинаторика и со статистика. А како да не се бават? Многу лесно може да изгубат работа за најмала грешка.

Резултат: дегенчиња ти шетаат низ факс и ти објаснуваат некакви надреални теории.
Мислам дека има случаи каде што егзистираат и приемниот и матурата (не сум најдобро информиран за ова). Во Македонија со запрепастувачка корупција и непотизам во образованието, особено во средното и основното, приемниот испит е подобро решение. Со приемен испит на факултет, оние со купени и поклонети оцени во средно нема веќе да им лапаат државна квота на тие што се испотиле за успехот. Матурата онака како што е структуирана и организирана, ниту докажува ниту потврдува нешто. Јас искрено се надевам дека приемниот тест ќе се врати и на факултетите и во средните училишта.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Не реков дека не треба. Треба да се модифицира. Периодично.
Математика не сакаат да учат. Секако.. не сакаат да се помачат. Ќе завршат филозофија...

... и ќе се претставуваат како стручњаци кои треба да ГИ ВРАБОТИ ДРЖАВАТА и како НЕМА РАБОТА. И плус ќе бараат слични плати со инженерите кои мака мачеле со математики, физики, хемии....[DOUBLEPOST=1496235575][/DOUBLEPOST]
А ти? Можеш нешто да кажеш? Повеќе од партиската инструкција.
Оф Господи, колку си глуп.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Само нека ги вратат... ќе видиш тогаш како изгледа вистински Студентски Пленум. Зарем ќе сакаат да ги мачат децата да полагаат? Зарем малку учат?
Ти кога ќе ги напишеше Германците со мала буква во есејот, ќе останеше и без тоа средното што го имаш.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Кажува дека има неписмени деца по државава човек што не знаеше да отвори ворд документ, националност дека се пишува со голема буква и човек на кој година дена може континуирано му го објаснуваат Уставот. :oeoeoe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ќе ти одговорам кога ќе го образложиш укинувањето, зошто, зошто да не, што е проблемот...
Ова е тралала.. смешно за дискусија.
Не си ти тој кој треба да прашува. Ти треба да следиш и да учиш.. и да не им се мешаш многу на оние кои имаат подлабоки капацитети. Знаењето е сила и моќ... па може и ќе мрднеш со платата... Учените се и поплатени. Стручните.
..занимливо е дека само примитивци со голем одмор од средно школо дигаат џева за екстерното тестирање и нормално неспособните учители на кои побитно им е кафенцето и комоцијата од вкупниот успех на генерацијата. Дури и се потресуваат , јеботе благи бог...
...од друга страна после систематската реконструкција и срозување на образованието со усаид суфлирањето и г'з давањето на сите наши досегашни влади, една реално гледано заебанција од ниво на тестирање се прикажува како баук. Чудно е како некои овде загрижени кловнови не ја спомнуваат и математиката како таква , тешка е за нежните умови на нашите млади и која исто треба да се укине...што беше предмет и на улични демонстрации на некои морони....
Мислам дека проблемот лежи во друга грмушка. Не се спорни многуте дисперзирани извори на знаење,туку немањето на елитни такви , каде не се поминуе ни по баби ни по чичковци туку само со сурово знаење, со префесори од врвен квалитет и каде покрај пари треба да покажеш и мнооогу солидно ниво на знаење и капацитет за развој и истражување.. Таму би се ковала елитата од сите профили, а покрај богатите би се нашла и финансиска поддршка за умните деца од страна на државата и други јавни и приватни мецени. За останатата боранија може да има колку годе сакаш факултети, ако таквото знаење е прифатливо за оние кои ќе треба после да го купат..вработувајќи го..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ги рециклираат. Пак ќе дојдат терористите од Косово у шема, кај и да е.
Е толку е изборот. Сорос, бегалците, тиранската платформа, битно се гради, Трамп, Дип Стејт, терористи на граница. Како во филмската индустрија, се потрошија темите.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Толку е можноста. Ти со илјадници евра во џеб, научи дали треба Германци со голема или мала буква? Дали е правилно надимак или прекар? Мислам дека со тие пари што ги заработуваш мора да знаеш правопис.
:vozbud:
Браво. Толку е чергата? Па ти само прашуваш и навредуваш на форумов. Дај нешто да видиме, твое мислење, без простотии нешто, па зошто мислиш така, па можеби јас поинаку мислам, па ќе го кажам (без да те навредувам), па не мора да се согласиме, ама не е лошо да дадеме свои видувања...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
:vozbud:
Браво. Толку е чергата? Па ти само прашуваш и навредуваш на форумов. Дај нешто да видиме, твое мислење, без простотии нешто, па зошто мислиш така, па можеби јас поинаку мислам, па ќе го кажам (без да те навредувам), па не мора да се согласиме, ама не е лошо да дадеме свои видувања...
Јас со луѓе што не знаат да пишуваат не сакам ни да се погледнам а не па муабет да правам. Научи да пишуваш.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас со луѓе што не знаат да пишуваат не сакам ни да се погледнам а не па муабет да правам. Научи да пишуваш.
:brlav:
Виц на годината. ХА ХА ХА ХАА...
И јас не знам што се заморувам со некој кој вреди 12,000 месечно.[DOUBLEPOST=1496237046][/DOUBLEPOST]
..занимливо е дека само примитивци со голем одмор од средно школо дигаат џева за екстерното тестирање и нормално неспособните учители на кои побитно им е кафенцето и комоцијата од вкупниот успех на генерацијата. Дури и се потресуваат , јеботе благи бог...
...од друга страна после систематската реконструкција и срозување на образованието со усаид суфлирањето и г'з давањето на сите наши досегашни влади, една реално гледано заебанција од ниво на тестирање се прикажува како баук. Чудно е како некои овде загрижени кловнови не ја спомнуваат и математиката како таква , тешка е за нежните умови на нашите млади и која исто треба да се укине...што беше предмет и на улични демонстрации на некои морони....
Мислам дека проблемот лежи во друга грмушка. Не се спорни многуте дисперзирани извори на знаење,туку немањето на елитни такви , каде не се поминуе ни по баби ни по чичковци туку само со сурово знаење, со префесори од врвен квалитет и каде покрај пари треба да покажеш и мнооогу солидно ниво на знаење и капацитет за развој и истражување.. Таму би се ковала елитата од сите профили, а покрај богатите би се нашла и финансиска поддршка за умните деца од страна на државата и други јавни и приватни мецени. За останатата боранија може да има колку годе сакаш факултети, ако таквото знаење е прифатливо за оние кои ќе треба после да го купат..вработувајќи го..
Многу си им изнапишал на некои кои овде немаат капацитет за ова што си го изнапишал.
Тие знаат само дека екстерното треба да се укине... и дека режимот го вовел... Толку.
Не можат да кажат зошто не чини, и дали нешто од тоа чини... Јас не го бендисувам екстерното, ама сметам дека мора да има контроли од државата. Ептен се забега во незнаења и еден куп петкаши.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DLM
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom