Младенов не е гласноговорник на никоја бугарска државна институција, тој само размислува логички и како би требало да биде според секоја логика, што никој овде не го оспорува. Всушност затоа и се чудиме и ни е нелогично да ни ги бараат два пати едни исти документи. Без разлика дали и како ДАБЧ и МП соработуваат, факт е дека МП преку конзулатот сепак ми ги побара истите документи што веќе сум ги дал во ДАБЧ, и со тоа сите наши логички размислувања стануваат беспредметни. Единствено останува варијантата за мене индивидуално да решиле дека има потреба повторно да им покажувам документи, и тоа да не важи за сите останати. Тоа само тие го знаат. Ете поназад го имате на увид мојот произход и можете да си направите споредба дали во нешто се разликува со вашите, па да си носите заклучоци зошто мене ми побарале, а на други не. Не знам што повеќе од тоа да ви кажам.