A ви текнуе ли некое време пред избори, како сендвичиве најавуваа на форумов, дека едвај чекале да поминат изборите и како некои ќе биле уапсени, како Мијалков самочекал да завршат изборите, Грујо да земе 68 пратеници и он да почнел да апси и како они више спремале пуканки дур глеат сеир?
Треба да се побараат тие весели постови.
Од темата за СЈО, бидејќи не можам да ги цитирам затоа у наводници. Доаѓаат од еден ист човек, експертот, сезнајкото
@Inglourious Basterd.
"Единствено нешто што Катица ќе затвори, е самата себе. Ама за тоа кога ќе дојде време за тоа."
На прашање што направил Груевски дава одговор:
"Го урна стариот систем до степен да мора да дејствува герилски и очајно. Ги стави албанските партии под целосна контрола. Покажа дека Македонија може да се менува, за разлика од предходно, кога цело време убедуваа дека ништо не може да се направи и за ништо немаме пари. Тоа се суштински работи. За набројување ситници и проекти, може до 1001 и назад, ама мене лично тоа не ми е баш битно."
Малку гордеење за владеењето на диктаторот.
"Тие на Југославија несакајќи, ние ним планирано. Огромна разлика."
"Заев прво проба да го натера Ставрески да тргне против Груевски. На првите пресови оправаше како во ВМРО имало луѓе со совест и слични патетики. Кога виде дека не бидна тоа, почна со снимки во кои Гордана плука по Антонио. Ама и од тоа не бидна ништо. Сега ви остана јажето..."
Малку закани.
"Куртони во Србија, изнесувале информации од нивното МВР до странски амбасади. Нешто слично како македонскиов шлајм што се нарекува опозиција. Ништо интересно нема во тоа. Сем што за разлика од пред 10-20 години, кога тие куртони стануваа власт, сега ќе бидат наградени со долг престој во казнено-поправни институции на сметка на државата."
Експертиза.
"ВМРО-ДПМНЕ ќе има помеѓу 59 и 61 пратеник на овие избори и веднаш после нив ќе коалицира со Љубчо, Љубе и Стојанче за да обезбеди лесни локални во кои ќе оди по сите македонски општини.
Приказните за тесни избори и широки коалиции се само тоа, приказни на луѓе ко Спасов."
Дали ќе ја гледаме Катица уште долго?
"Ќе ја, ама не како јавен обвинител. Нема да ја остават да се повлече во Гевгелија веќе. Ептен се уфилма."
Уште малку експертиза.
"Секако дека нема да рече дека би коалицирал со Груевски. Ама Љубе од 2011 и овој Љубе, се разлика небо - земја. А овој Љубе беше ставен во затвор од истиот Мијалков на кој му простил. Јас сум сигурен дека таа коалиција е веќе договорена работа, и е прашање на техника како ќе се изведе пред локални."
Некоја закана успат.
"На Љубе му е побитно што Сашо ќе каже за неговиот иден предмет, од тоа што СЈО кажало за предметот за кој веќе одлежал затворска казна."
Збор два за списоците на Гордето.
"Не ми смета, само тоа списокот што го прави, треба малце поагресивно да го реализира. Ако го направи тоа, сосема сум ок со нејзе."
За крај, признание!
"Ништо. Јас сум вмровец, кој не го интересира вистината, туку само партијата да остане на власт. Ти од друга страна, денес звучиш исто ко мене. А викаш дека си неутрален. Чудна работа..."