Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ма нема врска тоа кој на колку дошол, треба самиот играч да знае дали ќе му држи газот. Роналдо и Руни кога дојдоа уште средно немаа завршено што се вели па ни за момент не се осети дека врз нив има притисок да ги оправдаат очекувањата на јавноста. Еве Тиелеманс си видел дека најубаво е полека да оди нагоре и тоа е тоа.
 
За разлика од тогаш сега трансфер на 17 годишник е 20 милиони евра и копилето лапа 2 милиони плата. Добро има случаеви каде што тоа не им прави притисок на тинејџери и успеале понатаму во кариерата ама тој случај е редок. Сега ги удира славата и парите во глава и толку од него.
 

What a fall from grace се вика ова :pos: од лански и преклански муабети за Челзи, Манчестер и Реал, до Њукасл и ВБА.
 

Обамејанг (царот) и официјално побарал да си оди ама мислам дека веќе неколку месеци се знае дека ќе си оди ако има одлична понуда за Дортмунд. Тоа значи 75м ЕУР плус. Има кинески тим што нуди толку а и ПСЖ и Милан имале интерес. Сега е до играчот да одлучи и Дортмунд е веќе во преговори со други играчи, на пример Шик од Сампдориа.

Искрено ми е криво што играчот ќе си оди ама секојпат бил фер и го продолжи договорот до 2020 без многу галама и огромни побарувања, значи џентелменски се однесувал и затоа нека оди. Фала за сите голови и све најдобро во иднина. Сепак мислам дека Дортмунд ќе најде соодветна замена за него. Барем во нападот секојпат имал врвни играчи (освен Имобиле).
 
Што ќе прават овие од Монако бе, цела 11ка ли ќе треба да менуваат? :D
 
Монако :aplauz:
Бернардо Силва во Сити за околу 60 милиони, а го носат Тиелеманс за 20. Со сегашниов систем на игра вториов сигурно ќе доминира во француско првенство, па нема да ме чуди за година две и него да го шитнат за 60+.
Со парите од Менди и феноменалниов скаутинг сигурно ќе земат некое бекче што ќе може сасвим солидно да го замени црњата во француско, за лш ваков успех еднаш се случува.
Мбапе ми личи дека е најзаменливот играч кај нив во екипа. Ако успеа и од него да извлечат 70+ ондак се најголемите мадрфакери што постојат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom