Значи, да разјаснам процедура, па кој сака како сака нека разбере, вклучувајќи те и тебе.
1. За да се почне цела процедура за добивање БГ државјанство, прво треба да се добие произход од ДАБЧ. Денес, овие произходи се добиваат за 5-7 месеца, пред тоа било за максимум 3 месеца. Имајте на ум дека баш во овој период имаше два изборни циклуса во БГ - претседателски и парламентарни.
2. Со произходот (и сите останати документи) се оди на интервју. Тука има две варијанти - директно Софија
или преку амбасада/конзулат во Скопје/Битола. За да се закаже интервју во Софија ти се потребни сите документи заедно со произходот, додека можеш да закажеш интервју во Скопје или Битола без во моментот да го имаш произходот (секако, на телефон ќе си кажеш дека го имаш
). И тука има мал застој на работите - доколку се закаже интервју во Скопје, ќе се чека исто колку што би чекал некој и во Софија, додека во Битола е побрзо бидејќи нема толку гужва колку во Скопје. Работата со Скопје/Битола е според место на живеење, не можеш доколку живееш во Скопје да поднесеш документи во Битола, бар така од искуства на форумов. Така, ако одиш преку Битола, а во меѓувреме чекаш и произход, ти се крати времетраењето на процедурата, реално, иако се си тече според процедура (но, не многу).
3. Со сите документи и произходот, се оди на интервју во Софија/Скопје/Битола. Разликата е таа да доколку одиш преку Софија,
прво се оди во Правда да се закаже датум за интервју (овие денови за во јули 2018) со сите документи со тебе, додека во Скопје/Битола
одиш директно на интервју со истите документи без разлика кога истото ти е закажано. Што значи дека се скока чекорот Правда. Се надевам правите разлика. Во Софија директно на интервјуто одиш без документи, бидејќи веќе претходно си ги дал истите (кога истото го закажуваш).
4. После денот на интервјуто, твојата документација се комплетира и ти се
образува преписката. Доколку одиш преку Софија, скоро па веднаш ти се образува преписката, додека доколку одиш преку Скопје/Битола ќе почекаш да ти се образува преписката поради дипломатската пошта и слична бирократија (затоа на сите од амбасада/конзулат им викаат:
јавете се после толку и толку месеци за да ги добиете бројчето и пинот за да следите тек на преписка).
5. После одреден период од денот на интервјуто (околу 10 месеца, релативна работа) образувана преписка, ти следува финален преглед па државјанство (потпис од Вицепрезидент), па тек после тоа изработка на пасош според даденото државјанство.
Тотал период - 2 години, доколку оди сето по ред и како што треба. Секако, тука почнуваат да се додаваат и
дополнителен преглед или
преглед од Вицепрезидентот (најново) во зависност од поднесените документи.
А, кој со што документи оди и по кој основ бара државјанство е друга тема.
[DOUBLEPOST=1495630771][/DOUBLEPOST]
Олеснителната околност е таа - закажуваш интервју во Битола или Скопје без произход, па во исто време го чекаш и произходот и датумот за интервју.
Не би биле ние ние, а да не се некако снајдеме.