И претходно пишував на темава изминативе неколку месеци за моите здравствeни проблеми кои се појавија уште од почетокот на есента и траат цела есен, цела зима, пролетва ...Значи веќе 8 месеци имам доста чести главоболки, вртоглавици, особено кога сум во вертикална положба, а исто така и заматување на видот, дури и при најмал напор имам потешкотии со дишењето и со срцето т.е. доживувам неверојатно брз умор дури и при краткотрајна физичка или психичка дејност, физичката енергија како и концентрацијата ми се = 0 веќе со месеци наназад. Особено се осеќам лошо при промена на времето, значи патам од нагли климатски промени, исто така ми смета сончева светлина, ми смета галама, гужва и сл. Ми дадоа да пијам Асентра пред 5 месеци, ги пијам едно апче на ден и освен што ми го дуваат стомакот и ми креираат мачнини со желудникот од нив немам никакво подобрување.Од вкупно 10ина крвни анализи кои сум ги направил последниве 8 месеци дури сега замислете после цели 8 месеци од нормални граници ми отстапуваат за прв пат во животот хормоните TSH FT4 и ATPO ... TSH ми е покачен (14.40) FT4 ми е малку испод долна граница (10.9) FT3 ми e (3.0) a ATPО ми е покачен (220) a треба да е макс. до 34 !Велат најновиве резултати покажувале Хипотиреоза, но зашто овие хормонски испитувања и резултати после 8 месеци здравствени проблеми почнуваат дури сега да отстапуваат од нормалните вредности, на пр. есенва и зимава ми беа во нормални граници иако целиов период имам здравствени проблеми и дали моите горе опишани симптоми кои ги имам 8 месеци се поврзани со Хипотиреоза !
имаш подтема за ,,Штитна жлезда,, каде има неколку мои коментари доколку те интересира околу хипотиреозата, инаку не се сеќавам добро овде имаше слично вакво прашање за губење на концентрација, меморија при учење на некој член од форумов ама поврзано со вредноста на гликоза во крвта и мислам дека никој не му искоментира или така нешто беше, можеби ти си истиот??
како и да е, за ваква комплексна неколкумесечна твоја состојба бараш одговор т.е. мислење тука на форумов ама нема некои информаци во смисол кој пол си, колку години имаш и некои др податоци за да може да не насочи на нешто - не ги изнесуваш, барем дискретно !
но највероватно си тука 22- 29 год, оти ти се ординира сертралин ( Асентра) кој преставува антидепресив и највероватно докторите сметаат дека состојбата ти е на ,,нервна база,, оти си млад(а), а ти ете може имаш некое друго метаболитно пореметување односно пишуваш ти се пореметени
тиреостимултативен хормон ТСХ
0,27-4,20 mU / L а ти имаш 14,4 што е висок,
слободен tetrajodtiroksin (FT4)
12-22 pmol / L. кај тебе e 10,9
слободен trijodtironin (FT3)
3,95-6,8 pmol / L. кај тебе е 3,0
што укажува на дисфункција односно неработење доволно на штитната жлезда т.е. ситуација која ти ја дијагностицирале со право - Хипотиреоза и ако додадеме дека и антителата ТПО ти е покачена над 35 (220) зборуваме за Хашимото синдром !
Намалената функција на тироидната жлезда може да ги предизвика следните симптоми и знаци
(се препознаваш во нив?):
замор, малаксаност, сонливост, кршлива и сува коса, опаѓање на коса, сува кожа, кршливи нокти, намален апетит но покачена телесна тежина со тоа и тешко слабеење, запек, болки во мускули и зглобови, нетолеранција на ладно, мускулни грчеви, отоци на раце и нозе, нарушување на меморија, отоци околу очите, нарушување на ментруалниот циклус кај жената односно импотенција и намалување на либидото кај мажите и депресија !
интензитетот на симптомите варира во зависност од тежината на болеста (колкав е недостатокот на тироидни хормони Т4 и Т3, колкав е временскиот период на хормоналниот дефицит што си ги имал(а), вака пишувам дека најчесто вакво пореметување има кај женски пол многу поретко кај машкиот пол!
и доживотно се иде со вештачки внесен хормон тироксин ( Еутирокс 25,50,75,мг) за да нема последица од дефицит на истиот со сите горе наведени симптоми и дополнително пореметување на срцето и крвните садови се додека не се појават јазли и цисти на самата штитна жлзеда и на крај истата се оперира дел хирушки се остранува или цеолосно ( и совет од лекар на никако внес на Јод поради Хашимото контрадиктност на влошување на ситуацијата со внесот на јод и со постапно зголемување на мг на Еутироксот)...
ДО ТУКА ! на ваков начин би ти објаснил секој лекар специјалист за ова област односно ендокринолог кај нас па и пошироко !!!
ОД ТУКА ќе ти кажам мое мислење, кое разбира се, не мора да го прифатиш, затоа што се коси со денешниов протокол ,, на лечење,, пореметена функција на штитната жлезда, но се базира на мое лично искуство за лечење на причината на болеста, а не лечење на симптомите( последиците) од болеста !
Прво треба да го остраниш човечкиот фактор за можна грешка пред да си етикитираш било која болест, односно не го земај здраво за готово првиот лабораториски ,,пореметен,, резултат, апсолутно мораш да направиш уште еднаш лабораториско испитување да се утврди налазот што ти кажува нова здравствена состојба што си ја немал до сега !
кога ќе се утврди слична пореметена состојба и со вториот лабораториски резултат, тогаш со право ќе речеме дека во организмот имаме пореметена ситуација за која треба да превземеме мерки оти симптомите ги чуствуваме веќе како здравствен проблем!
до тогаш ќе ти кажам само за Хашимото синдром - односно таа вредност АТПО што ти е 220 а треба да биде до 35 !
- тука дефинитивно ги подржувам руските доктори и некои во ЕУ кои ја објаснуваат на поинаков начин ситуацијата со што 220 би било нормална вредност т.е. не мора да значи дека е поради антителата на штитната жлезда и еве како тоа се објаснува :...
*при проблематиката со штитната жлезда (конкретно за Хашимото) дека тоа е автоимуно заболување, природата нас не направи да бидеме здрави и ни подари одбранбен систем - имунолошки систем кои функционира и не држи здрави, но под одредени услови тоа киксира и се пробива нашата најслаба страна како орган и се појавува болеста која како наследна преку ДНК не следи од нашите предци, тука нема што да се превземе тоа е тоа си го носиме генот, но може да се регаира што ни го активира односно кое нешто ни го тргна имунолошкиот одбранбен систем и се активира овој ,,фаличен ген,, и се појави болеста ?? и како второ затоа што се работи за автоимуна болест односно антитела- антиген внимание треба да се даде на цревната пропустливост ...се мисли на преосетливост на глутенот - целијакија- нетолеранцијата на глутен, која е одговорна за автоимуни болести како конкретно и кај Хашимото , така да со остранување од исхрана на сите продукти што содржат глутен има можност на подобрување до излечување на некои со Хашимото синдром т.е. ако глутенот бил единствената причина за цревната пропустливост така да целосна ремисија на антитела би била за некои би рекла 3 до 6 месеци , ако нема нормализирање се оди понатаму (многу важно) заборавив да спомнам дека лабораториски резултат која дава повисока вредност на антителата на тиреоидеата т.е.ТРО не значи позитивен наод односно Хашимото- има многу причини за тоа покачување, а тоа може да биде последица од било кое имунолошки одговор на антиген антитела САМО ВИСОКИ ВРЕДНОСТИ зборуваме 100 х повисоко од нормалните и плус докажаување со биопсија на штитната жлезда може да речат ДА ! ти имаш Хашимото синдром ...
значи АТПО 2000 ДА! тоа е веќе Хашимото, но 220 никако не мора да значи Хашимото! што дефинитвно секој ендокринолог кај нас ја имаат иста шема дека до 35 е нормално све што е над е Хашимото! јас лично не се сложувам, со факти ај да ги изнесеме :
Антитела на тироидна пероксидаза (TPO) клучен ензим во формирањето на Т4 и Т3 во тироидната жлезда.
Фактори кои придонесуваат за оштетување на тироидната жлезда :
-вирусни заболувања , воспалителни процеси , повреда на тироидната жлезда , изложување на радијација , недостаток или вишок на јод
TPO антитела се произведени од страна на Б-лимфоцитите, кога тие погрешно ја перцепираат како туѓи протеини и како резултат на тоа ова антитела почнува да влијаат на тироидните клетки за нивно уништување - бројот на клетките кои произведуваат хормони од штитната жлезда ќе се намали толку многу што тие не се доволни за да се обезбеди целосна функционалност на организмот и доаѓа до хипотироидизам, автоимуна болест на тироидната жлезда е една од најчестите автоимуни болести , но
антитела на TPO ќе се зголеми во болести како што се:
-Автоимун тироидитис (тироидитис Хашимото)
-Грејвова болест (дифузна гушавост )
-Постпартална тироидитис
но и други автоимуни заболувања :
-витилиго,
-ревматоиден артритис
и ако сме пронашле покачени нивоа на TPO не треба да паничеме и нивото не се контролира често на секој 3-6 месеци....во моментов, не постојат средства кои ќе доведат до намалување на нивото на TPO на нормалните вредности ако тие се зголемени тоа ќе се зголеми во тек на целиот свој живот , зголемена TPO во науката не е точно позната- може да се припише дури на инфекција!! ??нашите ендокринолои ги гледаат само првите три појави при покачен ТПО, но никако не ги земаат другите автоимуни заболување во предвид !!!
и пак ќе речам сите клинички искуства односно медицина базирани на докази ги црпиме од цел свет, но за разлика од нашите ендокринолози јас се свртев кон Русија каде барав одговор на многу прашања кој лично бев засегната, одсекогаш ја ценев кинеската и руската медицина!
Пример 1
...со
ТПО 484 во Русија Наталија не ја уврстиле во Хашимото туку само во предклиничка хипотиреоза поради вредноста на ТСХ ( ТТГ) 5,59 -нормални вредности кај нив се од 02-3,0 , и одредиле терапија од готов хормон еутирокс од 25 мг , но мислење на друг ендокринолог во нејзин случај е да иде со исхрана на јодирана сол и со таблети Јодомарин 3 месеци ...па контрола
Пример 2
Пример 2 :
Трудницата од Русија , Викторија во 28 недела направила испитување на ТСХ ( ТТГ ) - 2,62 (кај нив нормални вредности се 02-3,0) , Т3 хормон -1,68 (нормално кај нив се 1,26-2,75) Т4 хормон - 10,4 (нормално кај нив 10,5-24,5) и
ТПО - 200 ( нормално 0-35, исто како кај нас ) прашува за паника поради антителата ТПО 200 ? одговор на ендокринолог е дека било све во ред ! како што гледам не ја прогласиле за Хашимото !
Пример 3
Олга од Русија , загрижена за својата 69 годишна мајка од добиените резултати на тирео антителата
ТПО - 966,8 со нормални вредности на ТСХ (ТТГ) и Т4 хормон и насочена кон одд. на ендокринологија , на тоа друг ендокринолог одговара дека во денешно време во науката ова висока вредност укажува на можност на присуство на инфекции , цревни заболувања , ревматолошки и ја насочува за посета на физијатар и гастроентеролог доктори , без да ја одреди дека е Хашимото !
***
овие се различни примери на различни генерации и на трудница и на крај пример што значи висок износ АТПО не твоите 220 туку ?? - 2964 ??? е тоа е веќе со сигурност Хашимото !!!
Ирина од Русија укажува на ужасни резултати на покачена антитела
ТПО 2964,3 , тука ендокринолог и покрај утешниот факт дека штитната жлезда работа нормално укажува на следење на ТСХ ( ТТГ) со ординирање на хормон и укажување за хроничен автоимун тиреодит и насочување кон таа област на испитување на ситуацијата...
ЕДИНСТВЕНА ПРИЧИНА НА ОВА СОСТОЈБА НА ПОРЕМЕТЕНА ФУНКЦИЈА НА ШТИТНА ЖЛЕЗДА ДАЛИ ХИПО ИЛИ ХИПЕР Е КАКО ПОСЛЕДИЦА НА САМО И САМО ЕДНА СОСТОЈБА НА ДЕФИЦИТ - НЕВНЕС НА ЈОД ВО ОРГАНИЗМОТ !!!
( да не биде коментаров-пост предолг и ако те интересира ќе продолжам со објаснување и докажување дека еден ден сите ќе ја имаат ова болест, оти никаде никој не внесува ЈОД, а нема национална програма за јодирање на вода, јодирање на лебот, а солот еден господ знае дали воопшто е активен јодот во него и дали воопшто содржи јод?? но за ова понатака