Од идната влада очекувам:
1. Демонтажа на Скопје2014; како акт на добра воља за решавање на спорот со Грција, Воин на коњ и Филип да се подарат на Солун, како што Франција му ја подари Статуата на Слободата на САД. Ако не ги сакаат, да се претопи бронзата и да се искористи за Споменик Шарена Револуција. За спомениците за кои специјална комисија од експерти ќе оцени дека може да бидат од некакво значење за историјата на Македонија, да се утврдат места за дислокација ширум државата.
2. Да се преуреди Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот и да се преименува во Музеј на ВМРО и жртвите на грујовизмот.
3. Преименување на аеродромот.
4. Десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Возачите да се мотивираат на дисциплина со поевтини давачки за регистрација доколку не сториле прекршок.
5. Назначување на триото од СЈО за водечки лица на ОЈО, Врховен и Уставен.
6. Доколку во наредните 12 месеци од избор на влада, Македонија не влезе во нато, да се потпише договор за стратешка економска, културна и воена соработка со Бугарија.
7. Ублажување на казните за редица кривични дела во КЗ, декриминализација на марихуаната и дефинирање на бракот како заедница на две полнолетни и деловно-способни лица.
8. Пренасочување на буџетските средства за субвенции во земјоделството и сточарството кон вистинските земјоделци и сточари кои произведуваат храна.
9. Укинување на сите поволности за пензионерите, вклучително и бесплатните бањи и автобуски превоз. Бесплатен автобуски превоз да има секој основец, средношколец, студент и ранливи категории како лица приматели на социјална помош и лица со попреченост.
10. Освен осудување, и конфискација на целиот имот стекнат на нелегален начин од мафијата која пустошеше низ државата претходните 11 години.
11. Сеопфатно ревидирање на сите учебници и програми по кои до сега се учеше на сите нивоа. Еден од објектите на Скопје2014 да се пренамени во Младински центар за развој на компјутерски и андроид апликации.
12. Владата целосно да ги игнорира телевизиите, радијата, весниците и порталите кои ширеа гебелштина и ги умртвуваа мозочните клетки на граѓаните. Никакви пари од владина реклама не смее да се слее во нивните каси. Забрана за емитување турски серии и српска музика на сите нивоа.
13. Забрана за користење на името ВМРО од политички партии и било какви здруженија на граѓани. И најважно: создавање на услови партијата која го помагаше злото во изминатите 11 години, т.н. Демократска унија за интеграција, да замине во историјата во наредните 4 години.