За голема среќа на државава изгледа тој ќе застане на чело на бандава. „И после Тито - Тито“ работава...
Значи мора наследникот на пастирот да биде некој од најнеспособните, како што Никола Груевски беше еден од најнеспособните во владата на Љубчо Георгиевски, така и Никола Тодоров беше еден од најнеспособните во владата на Никола Груевски.
И двајцата своевремено се прославија со идиотски изјави.
Никола Груевски за воведувањето на ДДВ данокот:
" Тие кои нема да плаќаат данок, ќе бидат кривично гонети. И Ал Капоне го затвориле поради неплаќање данок " .
Никола Тодоров за одбивањето за плаќање на лекувањето на 9 годишната Тамара Димовска во странство:
" Мислам дека тоа е неетичко прашање, тоа е неетички начин на размислување " .
I uste ke se zgolemuva, opravdano. A glaven vinovnik se pastirot i pwewodenicite, koishto ti gi nejkes. Oni primija neproduktivna masa na sekakvi "drzavni" pozicii, kojasto tesko deka ke ja nateras da bide produktivna i vredna ili pa nedaj boze da pocne da razmisluva so svoja glava i da pocne da se zanimava so inventivnost, so otvaranje i vodenje na mali biznisi itn.
Тоа што ги нејќам пастирот и пвеводбениците не значи дека треба да ги сакам зајко кукурајко и плавите жолтици.
СДСМ беше на власт од 1992 до 1994 и од 1994 до 1998 година, кога ја започна криминалната приватизација и транзицијата во Македонија. Исто така беа на власт од 2002 до 2006 година кога не направија апсолутно ништо за да придонесат за намалување на невработеноста и сиромаштијата.
Всушност, за една работа морам да им признаам заслуги на пастирот и на пвеводбениците - ја вратија информатиката во основните училишта, и тоа како задолжителен образовен предмет.
За разлика од пастирот и пвеводбениците, владата на СДСМ предводена од страна на Владо Бучковски ја укина информатиката како предмет во основните училишта, а наставната програма по информатика ја споија со предметот Техничко образование, кој беше преименуван во Информатика и техничко образование. Случајно или не, некој мој близок беше 5-то одделение во учебната 2006/2007 година, но бидејќи пастирот и пвеводбениците малку предоцна дојдоа на власт во 2006 година, таа учебна година таа личност блиска до мене во 5-то одделение учеше Информатика и техничко образование. На крајот од учебната година ја прашав колку часа имале по информатика, а таа ми рече дека во текот на целата учебна година имале едвај 3 (ТРИ) часа по информатика.
Додека светот ја живее третата, односно четвртата индустриска револуција, плавите жолтици за малку ќе ги лишеа младите од основното образование за една од најголемите движечки индустриски гранки, која секоја година прави обрт во трилиони долари во светски рамки, а за која денес има огромен интерес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - основан од страна на владата на пастирот и пвеводбениците, а Бог знае дали воопшто ќе беше основан ако плавите жолтици беа на власт од 2006 до 2016 година.