Јас имам супер агент Хрват од Сиднеј кој ни ја заврши целата постапка за работна виза за Аус. Пишете ПП на кој ќе му треба контакт. 5000$ од апликација зема, пола на почеток, пола пред поднесување на апликацијата.[DOUBLEPOST=1491279260][/DOUBLEPOST]
Ај од тука ќе тргнам, хелоу Б
.
За работна виза (457) мора да се има понуда, т.е. ВЕЌЕ ПОТПИШАН ДОГОВОР за работа со фирма. Договорот, заедно со сите пропратни документи (меѓу кои и потврди за одреден % од профитот во платени тренинзи на австралијанци во фирмата) се доставува до Бирото за имиграција и со тоа се започнува постапката за барање работна виза.
Ако фирмата не е спонзор, т.е. прв пат бара работник од надвор, ќе треба да помине 1ва фаза - Becoming a standard business sponsor со малце поспецифични документите кои треба да ги обезбеди (агент ќе им ги наведе сите), и продолжува веднаш со 2та фаза - Nominating a position, во која се обезбедуваат документи околу позицијата која сака да ја пополни со човек од надвор - оглас кој траел неколку месеци, организациска структура (каде ќе е позициониран работникот во фирмата), потпишаниот договор за работа со плата НЕ ПОМАЛА од пропишаната државна за конкретната позиција и сл.
Позицијата мора да е за професија која се наоѓа на CSOL листата, со дозволени варијации (пример, Architectural draftsperson е на CSOL, но поминува и Design Dрaftsperson како иста професија). Во глобала, за скоро 90% од професиите не бараат skill assessment за работна виза, освен ако не е нели професија за која мора да се докажи специфично знаење или да се бара лиценца.
3-тата фаза е поднесување на документите на работникот, т.е. конкретното барање на работна виза. Сите овие 3 фази агентот ги прави заедно, т.е. заедно се' поднесува, меѓутоа се разгледуваат по редослед.
Агентот официјално го плаќа работодавецот, зошто пред државата ТОЈ е тој кој бара работникот да дојде зошто не може локалец да најде нели, а и нема логика да е обратно, без разлика како е неофицијално
2год под ист работодавец и веќе можете да аплицирате за permanent residence со истиот спонзор.
Нашиот агент го најдовме со препорака на адвокатка Македонка, иначе е Хрват, и е супер човекот. Нема филозофии, нема одоколу на ќоше - тоа, тоа и тоа, толку. Плати, па ќе поднесам. Се' израчунато и испланирано до детал, на 20ти август ги поднесе сите документи (за 3те фази, зошто фирмата во нашиот случај не била спонзор до сега), на 1ви октомври ни ја одобрија визата. Во визата се наведуваат сите членови на фамилијата (жена, деца) + ако имате личност (мајка/татко/на жена мајка/татко) која на Х начин зависи од вас (докажувате дека живее со вас и зависи од вашите приходи) и неа можете да ја ставите, и на тој начин да и овозможите непречено движење во и надвор од Аус. Ова посебно ќе ви се најде, ако доаѓате со мали деца кои треба да се во daycare.
Деца со 457 виза го плаќаат школството (износот зависи од територија до територија, само WA мислам имаше еден вид на ослободување ако годишниот приход е <75.000$), во NSW е 5000$ од година во државно. Затоа ќерка ми учи во приватно католичко, кое е 2.500 годишно
) а мали е дома со мене зошто и daycare (градинка) се плаќа фул, нема повраток на средства додека сте на 457 виза, а тоа е од 100-150$ дневно.
Кирија во Сиднеј, во нормална населба, под 500$ неделно тешко...зборам за нормален стан (празен нормално, сите се празни) без лебарки и без смрдливи теписони. Исто тешко и за изнајмување ако имате деца и никаква претходна историја на изнајмување, сите си ги штитат становите од штети чие санирање после ги чини и над 10.000$. Првично давате 6 неделни кирии однапред, 2 платени и 4 депозит.
Мора да имате приватно здравствено осигурување (ние имаме на FRANK) за да воопшто и аплицирате за виза (го плаќавме без врска уште од август) и е еден од најглавните услови за задржување на визата. Значи, 250 школо + 150 (минимум) осигурување + 2.000 кирија + 100-150$ телефони/интернет дома = просек ФИКСНИ трошоци за Сиднеј. Варијабилните се изборни, затоа не ги рачунам.
Кола купувате и за 3-4.000, регистрација годишна околу 1000$.
Мебел за опремување на станот можете да најдете од секаде - почнувајќи од улица буквално, преку групи на ФБ кои подаруваат се за дома, до огласи со продажба за ич пари (оваа е ниска ставка, зошто тука има големо движење/преселби, и најчесто за секој нов стан земаат друг мебел, па понудата е огромна).
Во моментов не ми текнува дали нешто пропуштив, ако да, ќе допишам. Како и да е, тешко да се најде online работа, мора или со врски (фамилијарни нормално) или ептен да е некој квалификуван и дефицитарен и да му упали. Вреди да се проба во секој случај, бесплатно е и лесно