пишав дека не се навраќам, затоа што темава има скоро 2000 страни. кажувано е и за политизираноста и на едната и на другата страна. Но дека се исти не се. Пред се, никогаш досега немало напад на собрание и пратеници, врз нивниот живот. Предавање на власта одело без проблем. За вработување како наставник или службеник не беше потребно да се учествува на контрапротест. Доведени сме до работ на меѓунационална војна и невидена омраза меѓу граѓаните. Народот, народот...За сево ова се однесуваше дека е пишувано.
Ова сега го забележав, а што исто така не е точно. Ако мислиш на економската политика, Македонија е во многу лоша состојба. За тоа се приложувани економски податоци за долговите на државата, реалните плати и блокираните сметки на фирмите и граѓаните. Меѓународно, ние сето досега што сме постигнале како фирми, државни институции и граѓани, се обидоа да го фрлат во вода. Како никогаш досега сме изолирани и служиме за подсмев и поткусурување. На Иванов му откажаа конференција на шефови на држави. Во Канада видоевме како поминавме. Во 2004 или 2005 беше, Шеќеринска го објави статусот на Македонија како земја кандидат. Квотите, пард, ипа проектите и безвизниот режим не се паднати од небо, вложено е многу труд во нив. Е сега некој сето тоа да се обидуваше да го прегази, во обид со своите медиуми да ни докаже дека Русија, а не европските држави, ни е "пријател". Така да, паднати сме и на тој план. Внатрешната политика? Ги вовлекоа буквално сите граѓани во политиката, како патриоти и предавници, антички и словени, хунзи и соросиди...не знам зашто мислиш дека сшто е исто.
Ниту едните, ниту другите ги гонеа криминалците кои се збогатија во 1990-те години и од почетокот на 2000-те години.
Ниту едните, ниту другите ги намалија невработеноста и сиромаштијата.
Ниту едните, ниту другите ги подобрија условите во македонското здравство.
Ниту едните, ниту другите ги подобрија условите во македонското образование.
Ниту едните, ниту другите ставија крај на организираниот криминал и корупцијата.
Колку сакаш теши се со визната либерализација, кандидатскиот статус на Македонија за полноправно членство во ЕУ, поделбите на предавници и патвиоти, антички и словени, соросоиди и што уште не, реалноста на секојдневниот Македонец е се` полоша и посурова со секој поминат ден, а тука
вината и одговорноста заедно ги сносат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои се две различни страни на една иста паричка - паричката на организираниот криминал, корупцијата и профитерството.
Патем, биди искрен кон себеси пред се, а потоа и кон останатите, визната либерализација беше воведена во 2009 година, а стапи на сила во 2010 година, бајаги подолг временски период после шеќерната и нејзините ЕУ трудови, а истото важи и за ИПАРД фондовите.
Истовремено, биди искрен и околу приказната за ЕУ, која има и своја неубава страна - од 2009 година па наваму, Македонија никако да добие датум за преговори за полноправно членство во ЕУ, и сето тоа за задоволување на хировите на Грција. Индиректно од Брисел ни` ставаат до знаење да го смениме името на државата за да ги задоволиме гејските хирови, а за возврат би добиле датум за преговори за полноправно членство во ЕУ.
Можеби сега во 2017 не ги исполнуваме сите услови за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, но факт е тоа дека во периодот од 2009 до 2011 година кога ја затворија А1 Телевизија и започна цензурата во македонските медиуми, сепак Македонија ги исполнуваше сите услови за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, но тие преговори никако да започнат бидејќи не се задоволени хировите на Гејлада.
Иронично е тоа што треба да им бидеме благодарни на гејците бидејќи не` блокираат во ЕУ, бидејќи сега кога почнува да излегува на виделина големината на цехот кој треба да се плати за членство во ЕУ, плаво-жолтите реки од мед и млеко одеднаш почнуваат да имаат горчлив вкус.
А кога сме кај Русија, само будалите би верувале дека пастирот на пвеводбениците воопшто се обидува да ни` ја продаде приказната дека Русија е наш пријател и деловен партнер.
За почеток, ниту една досегашна влада на Македонија - вклучувајќи ја и владата на пастирот и на пвеводбениците - не се обидела на ама баш никаков начин да ги зближи односите помеѓу Македонија и Русија - една од првите светски велесили која ја има признаено Македонија под уставното име без никакви задни намери, за разлика од САД, кои онака темпирано пред одржувањето на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004, ја признаа Македонија под уставното име во замена за неуспешна реализација на референдумот.
За разлика од САД - на кои секоја досегашна влада на Македонија им се има умилкувано, а од кои немаме добиено ништо за возврат, Русија воопшто не не` ни регистрира бидејќи ни` ние не ја регистрираме, па од тука приказната за умилкувањето на Македонија кон Русија никогаш досега не држела вода, а уште помалку би држела вода во иднина, бидејќи Македонија досега нема направено ништо за да ги привлече пријателските односи и интересите на Русија, а повеќе од сигурно е дека ни од сега па понатаму нема ништо такво да направиме.