Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Убаво велиш, да не се враќаме стотици страници назад,.
пишав дека не се навраќам, затоа што темава има скоро 2000 страни. кажувано е и за политизираноста и на едната и на другата страна, ојо и сјо. Но дека се исти не се. Пред се, предавање на власта одело, без напад на собрание и обиди за убиство. Доведени сме до работ на меѓунационален конфликт, на досега невидена омраза меѓу граѓаните.
нема менување на постоечката статус кво политика
Ова сега го забележав, а што исто така не е баш точно. Ако мислиш на економската политика, Македонија е во многу лоша состојба. За тоа се приложувани економски податоци за долговите на државата, реалните плати и блокираните сметки на фирмите и граѓаните. Меѓународно, ние сето досега што сме постигнале како фирми, државни институции и граѓани, се обидоа да го фрлат во вода. Како никогаш досега сме изолирани и служиме за подсмев и поткусурување. Конференција на шефови на држави во Охрид, Канада...Во 2004 или 2005 беше, беше објавен статусот на Македонија како земја кандидат. Квотите, ипард, ипа проектите и безвизниот режим не се паднати од небо, вложено е многу труд во нив. Е сега, отприлика 2-3 години негде имаше некаква позитива. Ама понатаму, некој сето тоа се обидуваше да ни ја промовира Русија. :notworthy: Внатрешната политика? Ги вовлекоа буквално сите граѓани во политиката, како патриоти и предавници, антички и словени, хунзи и соросиди...не знам зашто мислиш дека сшто е исто кога не е. Акција и реакција, злото носи поголемо зло...и така натаму.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Абе нека каже еден партиски грев кога задњи пут глеал ЛШ на раат? Нека каже кога испланирал викенд без да стрепи дали ќе го викнат у шатор пред влада собрание или пред ќумбе пред ДИК? Па да ви ебам мамата сељачка до кога мислите дека ќе тероризирате народ у уста да ви го забораам и на двете ретардирани страни говна едни???
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Брат еве ок се слагам. Опозиционо Левица или било кој друг поединец, како допринесе за индивидуализирање на човекот во нашето општество да биде самостоен и финансиски независен? Во ред ја сфаќам поентата со хипокризијата и се, али напраивме ние макар и опозиционо и интелектуално општество независно од власт??
kako laktanjeto i dudlanjeto i javnoto kodoshenje pomaga vo gradenje intelektualno opstestvo nezavisno od vlast?
dali dobro sfakjam deka odgovornosta ne e kaj tie sto se na vlast, nego kaj tie sto voopsto nemozat da priparat do nea radi klientelizmot na sdsm-dpmne?
bas za ova se borevme, pravo da ocenuvas i razgleduvas vladeenjeto na momentalnata vlast.
a ne da vikas `ne go sitni otporot` `ostaj 10 godini neka vladee,pa posle kje vidime dali prael dobro` i slicni gluposti.
poso na 11ti dekemvri dojde demokratija
sdsm kako vladeacka partija e pod lupa od 11ti dekemvri
zavrsi rezimot, zavrsi ednoumieto,zavrsi klientelizmot
ako na sdsm im preci, neka si rascistat.
lokalnite izbori kje bidat prva instanca kade sto kje se vidi dali e `bussiness as usual` ili nesto se smenilo vo sdsm.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
пишав дека не се навраќам, затоа што темава има скоро 2000 страни. кажувано е и за политизираноста и на едната и на другата страна. Но дека се исти не се. Пред се, никогаш досега немало напад на собрание и пратеници, врз нивниот живот. Предавање на власта одело без проблем. За вработување како наставник или службеник не беше потребно да се учествува на контрапротест. Доведени сме до работ на меѓунационална војна и невидена омраза меѓу граѓаните. Народот, народот...За сево ова се однесуваше дека е пишувано.

Ова сега го забележав, а што исто така не е точно. Ако мислиш на економската политика, Македонија е во многу лоша состојба. За тоа се приложувани економски податоци за долговите на државата, реалните плати и блокираните сметки на фирмите и граѓаните. Меѓународно, ние сето досега што сме постигнале како фирми, државни институции и граѓани, се обидоа да го фрлат во вода. Како никогаш досега сме изолирани и служиме за подсмев и поткусурување. На Иванов му откажаа конференција на шефови на држави. Во Канада видоевме како поминавме. Во 2004 или 2005 беше, Шеќеринска го објави статусот на Македонија како земја кандидат. Квотите, пард, ипа проектите и безвизниот режим не се паднати од небо, вложено е многу труд во нив. Е сега некој сето тоа да се обидуваше да го прегази, во обид со своите медиуми да ни докаже дека Русија, а не европските држави, ни е "пријател". Така да, паднати сме и на тој план. Внатрешната политика? Ги вовлекоа буквално сите граѓани во политиката, како патриоти и предавници, антички и словени, хунзи и соросиди...не знам зашто мислиш дека сшто е исто.
Ниту едните, ниту другите ги гонеа криминалците кои се збогатија во 1990-те години и од почетокот на 2000-те години.

Ниту едните, ниту другите ги намалија невработеноста и сиромаштијата.

Ниту едните, ниту другите ги подобрија условите во македонското здравство.

Ниту едните, ниту другите ги подобрија условите во македонското образование.

Ниту едните, ниту другите ставија крај на организираниот криминал и корупцијата.

Колку сакаш теши се со визната либерализација, кандидатскиот статус на Македонија за полноправно членство во ЕУ, поделбите на предавници и патвиоти, антички и словени, соросоиди и што уште не, реалноста на секојдневниот Македонец е се` полоша и посурова со секој поминат ден, а тука вината и одговорноста заедно ги сносат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои се две различни страни на една иста паричка - паричката на организираниот криминал, корупцијата и профитерството.

Патем, биди искрен кон себеси пред се, а потоа и кон останатите, визната либерализација беше воведена во 2009 година, а стапи на сила во 2010 година, бајаги подолг временски период после шеќерната и нејзините ЕУ трудови, а истото важи и за ИПАРД фондовите.

Истовремено, биди искрен и околу приказната за ЕУ, која има и своја неубава страна - од 2009 година па наваму, Македонија никако да добие датум за преговори за полноправно членство во ЕУ, и сето тоа за задоволување на хировите на Грција. Индиректно од Брисел ни` ставаат до знаење да го смениме името на државата за да ги задоволиме гејските хирови, а за возврат би добиле датум за преговори за полноправно членство во ЕУ.

Можеби сега во 2017 не ги исполнуваме сите услови за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, но факт е тоа дека во периодот од 2009 до 2011 година кога ја затворија А1 Телевизија и започна цензурата во македонските медиуми, сепак Македонија ги исполнуваше сите услови за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ, но тие преговори никако да започнат бидејќи не се задоволени хировите на Гејлада.

Иронично е тоа што треба да им бидеме благодарни на гејците бидејќи не` блокираат во ЕУ, бидејќи сега кога почнува да излегува на виделина големината на цехот кој треба да се плати за членство во ЕУ, плаво-жолтите реки од мед и млеко одеднаш почнуваат да имаат горчлив вкус.

А кога сме кај Русија, само будалите би верувале дека пастирот на пвеводбениците воопшто се обидува да ни` ја продаде приказната дека Русија е наш пријател и деловен партнер.

За почеток, ниту една досегашна влада на Македонија - вклучувајќи ја и владата на пастирот и на пвеводбениците - не се обидела на ама баш никаков начин да ги зближи односите помеѓу Македонија и Русија - една од првите светски велесили која ја има признаено Македонија под уставното име без никакви задни намери, за разлика од САД, кои онака темпирано пред одржувањето на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004, ја признаа Македонија под уставното име во замена за неуспешна реализација на референдумот.

За разлика од САД - на кои секоја досегашна влада на Македонија им се има умилкувано, а од кои немаме добиено ништо за возврат, Русија воопшто не не` ни регистрира бидејќи ни` ние не ја регистрираме, па од тука приказната за умилкувањето на Македонија кон Русија никогаш досега не држела вода, а уште помалку би држела вода во иднина, бидејќи Македонија досега нема направено ништо за да ги привлече пријателските односи и интересите на Русија, а повеќе од сигурно е дека ни од сега па понатаму нема ништо такво да направиме.
 
V

viktora

Гостин
Леле искина бато!

Брат ти и уше двајца, толку паѓате на фолот со шипариве, сеа јасно ти е до кај си?
Од шестмина присутни на координацијата,петмина албанци и Оливер Спасовски.

http://puls24.mk/mk/vesti/makedonsko-sobranie-albanska-koordinacija-od-sestmina-prisutni-na-koordinacijata-petmina-albanci-i-oliver-spasovski

Мене ми е јасно до каде сум,него брат вие не знаете до каде сме.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
http://plusinfo.mk/vest/114909/jana-stanisavljeva-bila-angazirana-i-vo-agencijata-za-stranski-investicii

Оваа курвештијата и опајдурата земала од МПМ 25 000 евра месечна плата. Значи, ДВЕСЕТ И ПЕТ ИЛЈАДИ евра месечна плата. За операцијата на Тамара на која и се виткаше кичмата и која умре во болки требаа 50 000 евра, или две месечни плати на една преценета курва.

Секогаш, ама баш секогаш кога ќе напишете пост за неуставноста на СЈО, за тиранската платформа, за турскиот тек, за Мајдан, сетете се на овој едноставен факт.
Сигурно многу добар секс партии прави оваа, па порно звезди од А категорија прават толку пари
 
S

silmarillion

Гостин
Од шестмина присутни на координацијата,петмина албанци и Оливер Спасовски.

http://puls24.mk/mk/vesti/makedonsko-sobranie-albanska-koordinacija-od-sestmina-prisutni-na-koordinacijata-petmina-albanci-i-oliver-spasovski

Мене ми е јасно до каде сум,него брат вие не знаете до каде сме.
Брат ја сум на дупла просечна плата од швајцарец...ти?
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Сигурно многу добар секс партии прави оваа, па порно звезди од А категорија прават толку пари
pa ne bash
preku nea se vadeni pari od MPM. 1500 za nea, drugite nazad kaj kamcev.
kamcev ne e budala da plakja 25k na nekoja si drolja
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ниту едните, ниту другите ги гонеа криминалците кои се збогатија во 1990-те години и од почетокот на 2000-те години.
.
можеше барем некаков ефект да се види од сјо. Кој го блокираше сјо?
Колку сакаш теши се со визната либерализација, кандидатскиот статус на Македонија за полноправно членство во ЕУ
нема јас што да се тешам. Фактите, податоците за извозот, економските и други преселби во тие држави, говорат дека бевме на добар пат. Сега не е. Сшто не е исто.
Патем, биди искрен кон себеси пред се, а потоа и кон останатите, визната либерализација беше воведена во 2009 година, а стапи на сила во 2010 година, бајаги подолг временски период после шеќерната и нејзините ЕУ трудови, а истото важи и за ИПАРД фондовите.
по заслуги на вмро, те сфаќам. Напишав дека до 2008-2009 одеше некако со некои реформи. За потоа наеднаш да не треснат од земја. Ако знаеш како одат тие работи, нема да те чуди дека уште пред 2005та се работеше напорно за да ти го забележиш тоа во 2009та. Не е исто.
од 2009 година па наваму, Македонија никако да добие датум за преговори за полноправно членство во ЕУ, и сето тоа за задоволување на хировите на Грција. Индиректно од Брисел ни` ставаат до знаење да го смениме името на државата за да ги задоволиме гејските хирови, а за возврат би добиле датум за преговори за полноправно членство во ЕУ.
треба да ги прочиташ прво извештаите, да видиш каде Македонија имаше проблеми. Вака напамет не ми се збори.
А кога сме кај Русија, само будалите би верувале дека пастирот на пвеводбениците воопшто се обидува да ни` ја продаде приказната дека Русија е наш пријател и деловен партнер.
не тој, неговите на платна листа и медиумите.
За разлика од САД - на кои секоја досегашна влада на Македонија им се има умилкувано, а од кои немаме добиено ништо за возврат, Русија воопшто не не` ни регистрира бидејќи ни` ние не ја регистрираме, па од тука приказната за умилкувањето на Македонија кон Русија никогаш досега не држела вода, а уште помалку би држела вода во иднина, бидејќи Македонија досега нема направено ништо за да ги привлече пријателските односи и интересите на Русија, а повеќе од сигурно е дека ни од сега па понатаму нема ништо такво да направиме.
пак вртиш кругови за нешто кое е пишувано многу страни наназад. Едноставно е, власта изигруваше русофил последно време, копирајќи го однесувањето на мастер Путин. Театар за деца ама за Македонија не баш наивно. А за тотална партизација на институциите, контрапротестите на администрацијата (која не е платена за тоа), долговите на Македонија, реалните плати, блокираните сметки, ловот на соросоиди, хунзите и словените...нападот на собранието и пратениците, никому ништо. Се е демек тоа так нормално. Епа не е нормално, не поделија по сите можни параметри. Абе ти реков дека пак истото ќе го вртиш од пред стотина страни. Дека е исто само некој поред турски серии на Сител може да констатира такво нешто.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Значи во основа, ти велиш дека можело да биде подобро наместо бетер.

И јас го велам истото.

Но за жал, и со едните и со другите одиме кон бетер, потребно е описменување на рајава и изгласување доверба на трета опција на избори за да ни` се случи вистинско подобрување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Но за жал, и со едните и со другите одиме кон бетер.
реков не знам, не сум видовит. Тие уште не направиле ни влада за да знаеме накаде ќе одиме.
велиш дека можело да биде подобро наместо бетер.
можеше, ако од 2015та сјо работеше непречено, со повеќепартиска комисија од потписниците. Наместо тоа, целосно се минираше работата на сјо. Мајдан, ножот, народот, ќосиња, шамари, багер, човечиња, федерализација...има доволно индикатори за кризата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
реков не знам, не сум видовит. Тие уште не направиле ни влада за да знаеме накаде ќе одиме.

можеше како почеток, ако од 2015та сјо работеше непречено, со повеќепартиска комисија (непристрасно, без разлика на партија, како што беше и потпишано). Наместо тоа, целосно се минираше работата на сјо. Мајдан, ножот, народот, ќосиња, шамари, багер, човечиња, федерализација...има доволно индикатори за кризата.
И јас спомнав дека не сум видовит, но бидејќи не ги разликувам едната од другата страна на паричката, еве ти го моето мислење - ќе продолжиме во ист или полош правец. Токму ова што го спомна со федерализацијата го има коренот во националистичко-шовинистичката Тиранска платформа која и едната и другата страна на паричката ја прифатија. Доволно е само зајковците-кукурајковците отворено и јавно да ја отфрлат националистичко-шовинистичката платформа на нивните потенцијални коалициски партнери, и со таквото отфрлање паѓа во вода и приказната за федерализација, која се темели токму врз прифаќањето на таа националистичко-шовинистичка платформа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
И јас спомнав дека не сум видовит, но бидејќи не ги разликувам едната од другата страна на паричката, еве ти го моето мислење - ќе продолжиме во ист или полош правец. Токму ова што го спомна со федерализацијата го има коренот во националистичко-шовинистичката Тиранска платформа која и едната и другата страна на паричката ја прифатија. Доволно е само зајковците-кукурајковците отворено и јавно да ја отфрлат националистичко-шовинистичката платформа на нивните потенцијални коалициски партнери, и со таквото отфрлање паѓа и приказната за федерализација, која се темели токму врз прифаќањето на таа националистичко-шовинистичка платформа.
од сите криминали се фати за некоја платформа? И велиш дека сшто е исто? Врти, врти, пак истото од 2000 страни. Несериозно, како да си отсуствувал од Македонија последниов месец-два.
Бтв, зошто ме цитираше за Кочан, сјо и криминалот ако ми споменуваш од сите можни криминали и спинови, некојаси платформа? Ами ајда не редам ред криминали тебе не те загрижија ами платформата? Која патем ниту знам кој ја прифатил.
Алас, на твојата воденица. Ајде сега и за Џемал Биједиќ
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom