Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Еве Рада Шеќерова ќе ни раскаже како се одговара за криминалите, како млада партизанска која беше во ЦК на СДС од 93та !!! УПССС :cautious:
Партизанството е сега во мода кај ВМРО вците, почнуваат да вадат од визби книги “Тито - сабрана дела“ и да ги пеглаат пионерските шамии:

“Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.

Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок!“

http://republika.mk/771552
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Кој ќе биде изборот е многу тешко да се каже. Очекувам да е некој тотално од втор, трет ред, како кога го најде оној анонимус од Радовиш за премиер што никако да се сетам како се вика - ова важи ако уште и се дозволи на фамилијата да си игра ку**т со партијата и да ја злоупотребува. Од друга страна, во длабоки г***а влегоа и пониски ешалони од партијата, така да сега треба стварно некој непознат лик да се најде.
Нешто имаше шушкање за министерон за надворешни, Поповски, затоа што за него реално не се откриени некои криминали и дури дека и тој се обидел да се повлече мирно, ама бил уценуван внатре од мафијата. Може тоа да им е најсоодветно решение.
За кичевскиот врховист за кој збориш скоро сигурен сум дека ќе нае** јако, пошо е нафатиран и глуми лудило, а немаше вода у очи пред да стане пратеник.
Нема бе свест у тоа дпне-то, да раздига на клоци ова копуциве и да си отворат пат за нови луѓе меѓу другото - за нивна корист, а и за државава.
Баш по таа врховистичка линија Милошевски е германски играч. Милошевски е дете на Доста а таа беше главната линија на дпмне со бугарија а од таму линијата со конард и цду. Сите во дпмне го знаат дека е врховист но за подршка од германија и фондацијата од која цицаа пари сите му го дудлаа.... Абе, како хефтов во центар звучам...:oops::)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

КАС и дпне раскинаа љубов. Има една работа што на запад ја има, а кај нас не. Штом и глас се пушти дека си направил некој криминал ти ставаат крст и се опростуеш од политика. Нема таму образ ѓон ко паторот. Тие му вадат прљав веш, 25% од жутите, шамари, плацови - со такви у нормален свет нема веќе преговарање, договарање - маркирани се за век и веков и дружба со нив и тебе ти го прља името.
Затоа мислам дека ќе се попретпазливи во изборот сега, а тонка фашистот ми личи дека не е баш сооветен.
 
|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Ви пишав пред некој ден. Антонио не го интересира местото на Грујо, сега за сега. Но оставам простор ова да се смени.
Инаку вистина е дека Грујо се дистанцираше од него, за на последниве избори да моли за помош.
А тој што ја поставил бомбата ќе си одговара, сега сѐ е во рацете на МВР да го најде сторителот.[DOUBLEPOST=1494792563][/DOUBLEPOST]
Така де, не зборам на памет. Чоекот додека беше министер за надворешни си бркаше постдипломски или кој к***ц у Германија и користеше керозин од македонски даночни обврзници - абдали да иде да си врши приватни работи таму. Може им зборел у партија дека иде со Меркел на пиво, ама реално паторот у свој прајм немаше шанси да припари повеќе од еднаш годишно до канцеларот, меѓу другото и затоа што еднаш и закаснил пола саат на официјален прием, а го чекала наредена гарда пред влезот. Меркел си влегла после неколку минути внатре и после тоа специјално само за него е укината процедурата - копук неизживеан.
Врската на дпне со Германија воопшто не е со државата туку се тешки милиони спиздани во Конрад Аденауер Штифтунг - за инжинеринг за пропаганда и популизам. И тоа се пари што ние будали сме ги истурале во УЈП за потребите на дпне. А што се однесува до државната политика, амбасадорката Алтхаузер е една од најангажираните и најгласните во отстранувањето на овој тумор од македонското општество наречен „фамилијата“. Нема прилика во која не зборува афирмативно за спроведување правда и барање одговорност од највисоките функционери.
Штета е што имам впечаток дека Германија сака и може да има многу попријателска политика кон државава да не ги имавме овие токмаци од политичари, од свои некои причини. Убеден сум дека не би инвестирале веќе во пријателство со некој што е барем малку компромитиран или понатаму да поддржуваат политичари од калибарот на Орбан, како што беше нашево „фирерче“.
Он магистрираше во Германија, едно време беше и професор или нешто слично на факултет, за во 2006, да се врати во МКД. Приватни бизниси во Германија нема.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тврдокорните ги снема, оти на грујо му се закани од запад и ги пушти низ вода, а и они не се до толку будали.
Никој, ама баш никој нема да одработува за грујо само ако мениците ги прогласат за неважечки.
Да не постоеја тие меници, грујо до сега ќе ја одработуваше првата затворска казна и уште после првата бомба цел цк на вмро ќе се дистанцираше од него.
Колку побрзо собранието го изгласа тој закон, толку подобро за вмро, за сите што се врзани за меница и толку побрзо ќе го видиме груевски у затвор.
Таков закон имаше на предлог на сдсм, но вмровците не го изгласаа (нормално бидејќи сите имаа потпишано бланко оставки).
Друже, некогаш меница е и ако и ти си напраил криминал или си соучесник. Не секогаш можеш на судот да му се понудиш како заштитен сведок. Факт е дека мениците функционираат само во суд во кој е метастазиран груевизмот, а реално судовиве уште се такви, штом вадат ослободување од притвор на кочо бегалецот. Да е реструктурирано судството, може и да може нешто да се направи со тие меници. Инаку ако се сдс кадарни треба, поточно мора да поведат иницијатива оваа пракса да се забрани со закон, затоа што функцијата пратеник е тотално омаловажена и место тие луѓе да настапуваат со личен интегритет во име на гласачите, тие се претворени во обични поданици и извршители на паторот.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Така де, не зборам на памет. Чоекот додека беше министер за надворешни си бркаше постдипломски или кој к***ц у Германија и користеше керозин од македонски даночни обврзници - абдали да иде да си врши приватни работи таму. Може им зборел у партија дека иде со Меркел на пиво, ама реално паторот у свој прајм немаше шанси да припари повеќе од еднаш годишно до канцеларот, меѓу другото и затоа што еднаш и закаснил пола саат на официјален прием, а го чекала наредена гарда пред влезот. Меркел си влегла после неколку минути внатре и после тоа специјално само за него е укината процедурата - копук неизживеан.
Врската на дпне со Германија воопшто не е со државата туку се тешки милиони спиздани во Конрад Аденауер Штифтунг - за инжинеринг за пропаганда и популизам. И тоа се пари што ние будали сме ги истурале во УЈП за потребите на дпне. А што се однесува до државната политика, амбасадорката Алтхаузер е една од најангажираните и најгласните во отстранувањето на овој тумор од македонското општество наречен „фамилијата“. Нема прилика во која не зборува афирмативно за спроведување правда и барање одговорност од највисоките функционери.
Штета е што имам впечаток дека Германија сака и може да има многу попријателска политика кон државава да не ги имавме овие токмаци од политичари, од свои некои причини. Убеден сум дека не би инвестирале веќе во пријателство со некој што е барем малку компромитиран или понатаму да поддржуваат политичари од калибарот на Орбан, како што беше нашево „фирерче“.
Реално, да не беше Конрад Аденауер фондацијата ВМРО-ДПМНЕ немаше до сега да владее. Големи пари и голем труд се вложени во ВМРО-ДПМНЕ која себеси се декларира како конзервативна партија (а не е судеќи по политиките). Но и тука сетија дека ВМРО-ДПМНЕ односно владата не шири конзерватизам туку го користи тој вентил само за свој потреби. Јебига, не си конзервативец само со одење во црква. Жалосно е што на крај се изгуби голема шанса и потенцијал со за џабе вложениот труд на фондацијата. Таа де факто е фондацијата на ЦДУ и тесно поврзана со партијата.

Иначе политиката на Германија е да се форсира трговијата затоа што Германија најмногу експортира низ светот. Затоа стабилноста е над се. Иначе немаме некоје значење за Германија за да бидеме големи пријатели. Едноставно не ги интересира Македонија многу.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Инаку вистина е дека Грујо се дистанцираше од него, за на последниве избори да моли за помош.
А тој што ја поставил бомбата ќе си одговара, сега сѐ е во рацете на МВР да го најде сторителот.
За дистанцирањево не знам, може да е така, ама дека паторот молел некого - тешка работа. Повеќе е веројатно да го уценувал со некакви докази кои ги има за него.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Баш по таа врховистичка линија Милошевски е германски играч. Милошевски е дете на Доста а таа беше главната линија на дпмне со бугарија а од таму линијата со конард и цду. Сите во дпмне го знаат дека е врховист но за подршка од германија и фондацијата од која цицаа пари сите му го дудлаа.... Абе, како хефтов во центар звучам...:oops::)
Милошоски во времето беше мрсулко, уба работа моќна фондација како КАС да ја базира политиката во Македонија на него. Не бидете смешни со овие муабети.[DOUBLEPOST=1494793678][/DOUBLEPOST]
Ви пишав пред некој ден. Антонио не го интересира местото на Грујо, сега за сега. Но оставам простор ова да се смени.
Инаку вистина е дека Грујо се дистанцираше од него, за на последниве избори да моли за помош.
А тој што ја поставил бомбата ќе си одговара, сега сѐ е во рацете на МВР да го најде сторителот.[DOUBLEPOST=1494792563][/DOUBLEPOST]
Он магистрираше во Германија, едно време беше и професор или нешто слично на факултет, за во 2006, да се врати во МКД. Приватни бизниси во Германија нема.
Колку што знам почна докторат ама не го заврши. Каков професор. Ама се вртат добри муабети за тоа Милошоски што не правел низ Германијава.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Милошоски во времето беше мрсулко, уба работа моќна фондација како КАС да ја базира политиката во Македонија на него. Не бидете смешни со овие муабети.
Штом родителите уште у село му се, што да кажам повеќе.

Иначе немаме некоје значење за Германија за да бидеме големи пријатели. Едноставно не ги интересира Македонија многу.
Германците се прагматични. Иако немаат голема корист од нас, градат имиџ и влијание. Целта им е да се број 1 во ЕУ и економски се, па сакаат да се присутни секаде на континентов. Балканов е дел од него (за нивна жал), а тука негде сме и ние. Знаат што праат....ако ништо друго, да им задржиме пола милион сиријци овде има у дупе да не пољубат.
 
|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Милошоски во времето беше мрсулко, уба работа моќна фондација како КАС да ја базира политиката во Македонија на него. Не бидете смешни со овие муабети.[DOUBLEPOST=1494793678][/DOUBLEPOST]
Колку што знам почна докторат ама не го заврши. Каков професор. Ама се вртат добри муабети за тоа Милошоски што не правел низ Германијава.
Остај ти рекла казала муабети. Не верувај на се што ќе слушнеш.
Штом родителите уште у село му се, што да кажам повеќе.

Германците се прагматични. Иако немаат голема корист од нас, градат имиџ и влијание. Целта им е да се број 1 во ЕУ и економски се, па сакаат да се присутни секаде на континентов. Балканов е дел од него (за нивна жал), а тука негде сме и ние. Знаат што праат....ако ништо друго, да им задржиме пола милион сиријци овде има у дупе да не пољубат.
Не му се во село. Во Кичево живеат. Преку викенд одат во село во родната куќа на татко му.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не му се во село. Во Кичево живеат. Преку викенд одат во село во родната куќа на татко му.
Како и да е. Не делува култивирано. Посебно имам проблем со неговиот лик и дело. Уште кога глумеа со филип п по шаторине, па не почекаа ни две години да влезат у собрание како пратеници. Отворен бугарофил, го навредуваше Блаже Конески, може и Рацин (или цветин мајмунот беше тоа)...па уште кога му го чув гласот у преговорине "Горна Самостојна Независна Демократска Македонија (Скопје)" - една одвратна политичка појава. 100% работи за бугарска тајна служба и има нивни документи.
 
|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Како и да е. Не делува култивирано. Посебно имам проблем со неговиот лик и дело. Уште кога глумеа со филип п по шаторине, па не почекаа ни две години да влезат у собрание како пратеници. Отворен бугарофил, го навредуваше Блаже Конески, може и Рацин (или цветин мајмунот беше тоа)...па уште кога му го чув гласот у преговорине "Горна Самостојна Независна Демократска Македонија (Скопје)" - една одвратна политичка појава. 100% работи за бугарска тајна служба и има нивни документи.
Абе твое право е да не го сакаш, ама не треси зелени дека работи за бугарска тајна служба :pos::pos::facepalm:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
2.443
НЕБАЊАНИТЕ работеле на тоа да се формира широка коалиција.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Абе твое право е да не го сакаш, ама не треси зелени дека работи за бугарска тајна служба :pos::pos::facepalm:
И тој ли за "волјата на народот" се бори? Гратис, без пари? :lolzz:

Само да те потсетам дека против илче халкидики има и таква истражна постапка, а може веќе и обвинение.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Друже, некогаш меница е и ако и ти си напраил криминал или си соучесник. Не секогаш можеш на судот да му се понудиш како заштитен сведок. Факт е дека мениците функционираат само во суд во кој е метастазиран груевизмот, а реално судовиве уште се такви, штом вадат ослободување од притвор на кочо бегалецот. Да е реструктурирано судството, може и да може нешто да се направи со тие меници. Инаку ако се сдс кадарни треба, поточно мора да поведат иницијатива оваа пракса да се забрани со закон, затоа што функцијата пратеник е тотално омаловажена и место тие луѓе да настапуваат со личен интегритет во име на гласачите, тие се претворени во обични поданици и извршители на паторот.
Па и тоа пишав, имаше закон за забрана на такви меници, но не се донесе, со образложение дека не е потребен т.е дека пратениците се многу морални луѓе и нема потреба од такво нешто (ова е објаснување на Бонева т.е парафразирано).
За судовите си во право, но не можеш да менуваш судство т.е да менуваш судии или со други зборови да ги смениш луѓето со мениците, бидејќи за тоа треба многу време и ќе биде многу тешко за имплементација.
Ама ако донесеш закон самите луѓе што биле обврзани со меници и се на функции ќе им ебат матер на нивните уценувачи, дури тогаш ќе почне да функционира законот и тоа до најситни детали.
Менувањето на луѓе нема да придонесе многу бидејќи не се мотивирани, ама укинувањето на мениците ќе даде многу поголем мотив за лична одмазда на уценуваните согласно законите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom