Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Пази кое елементарно непознавање на економија. Државата живеела од ДДВто кое произлегува од трошењата чиј извор е кредит со лихварска камата :)))) да утрне човек од смеење. Кога викаа луѓево дека ќе ни се деси Грчка со тоа што ние немаме барем по една соба на море да ја рентаме (црн кеш), вие народни песни и ора си игравте. Ајде сеа полека разбудете се од сонот и со памет за другпат.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
По закон обвинителство МОРА да превземе сите материјали за можен криминал. Било тоа некој да им пријави дали граѓанин дали полиција дали пример доктор да пријави дека му дошол пациент со рана од оружје, дали човек кој слушнал или видел, дали самиот обвинител ако дознал од медиуми или други извори.
Проблем беше што до сега јавниот обвинител седел затворен в канцеларија, заклучен без пристап на интернет без телевизија, смс, радио, весници.,.. и кутриот не знаел шо се случува во државата.
Така да сега од ко се ослободи Македонија без никакви дополнителни закони ЈО ќе си ги тера случаевите а веројатно тимот на СЈО ќе превземе некои од обвинителски места во ЈО
СЈО е единствено надлежен за прислушуваните разговори, со оглед на тоа што мандатот им истекува постојат две варијанти, едната е пак со некоја финта да им се продолжи мандатот без подршка од сите партии а втората варијанти е јавното обвинителство да продолжи со отворање случаи по истекот на рокот на СЈО
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
slovencite se beter mrzi i lezacista. da ne se ljockite i bosancite tamu nema da ima koj da raboti. imaat duplo povece lezaci u javen sektor nego nie.
Абее седиииии, Босанците да не им ги управуваат Телеком Словенија, тие да не се грижат за Блед, Бохињ, Постојна, Крањска Гора итн што сјае за разлика од нашиве?

Пази сега, ете Босанци имале другиве нации, ние ни тоа немаме. Гледате менталитетов, пак не е до нас кривицата, друга земја се снашла, Босанци увезла.

Уствари ти беше тој што лупаше дека Љубљана е позагадена од Скопје, така да не ни заслужуваш аргументиран одговор, пошо подалеку од плац за аута тешко дека нешто имаш видено.
 
Последно уредено:

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744
:vozbud::vozbud::vozbud::pos::pos::pos:, само кај нас работници, посебно тие партиските, рак да фатиш додека да пројдеш низ администрацијана...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
:vozbud::vozbud::vozbud::pos::pos::pos:, само кај нас работници, посебно тие партиските, рак да фатиш додека да пројдеш низ администрацијана...
Видиш што било рецептот, Босанци да увезеш. Ние цело време невести од Албанија, како не не опомена некој до време...?

Па ако така збориме од Албанците поработлив народ тешко, на скелиња се по 15 саата, баш ние требаше аир да видиме на таа тема.
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744
Видиш што било рецептот, Босанци да увезеш. Ние цело време невести од Албанија, како не не опомена некој до време...?
Епа ајде меcто кинезите, босанците да ни прават патишта. а? Конечно ќе имаме патишта ко државите од ЕУ, па нека пукнат душмани!

Па и Швајцарија никаква земја, се неработници, да не се Албанците и екс Ју работници масоните ќе ги тргнат од неутрална зона за чување на пари, и ќе дојдат тука.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Доаѓа посветла иднина?

Пишува: Здравко Савески

Ако се успиеме по промената на власта, многу лесно може да дојде до тоа, повторно да живееме онака како што живеевме до 2006 година. Затоа, да не се успиеме! Ако новата власт работи правилно, да ја пофалиме за тоа. Но, ако тоа не е случај, да не заборавиме да ја критикуваме.

Што се случи во Собранието? Оној ден кога сите очи беа вперени во него. Кога одненадеж таму се одигра кулминацијата на политичката криза. Сите втренчено го пратевме развојот на настаните. И „знаеме“ што се случи. Иако, она што точно се случуваше позади сцената можеби уште подолго време нема да го дознаеме. Дали развојот на настаните таа долга вечер беше унилинеарен? Односно, дали од почеток можеше да се предвиди како ќе заврши или беше можен и сосема поинаков крај?

Она што може со голема доза на веројатност да се претпостави е дека и едните и другите, барем начелно, знаеја што планира другата страна. ВМРО-ДПМНЕ знаеше дека набрзо ќе се направи обид да се избере претседател на Собранието, СДСМ и албанските партии знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши обид за насилно спречување на тој избор, веројатно преку упад на „народот“ во Собранието.

Кога ќе се увиди дека планот нема да успее, тогаш тој се менува. Но, таква проценка не направија ниту едните ниту другите. Очигледно, зашто и едните и другите на почетокот сметаа дека токму нивниот план ќе биде успешен. На крајот се покажа дека планот на парламентарното мнозинство успеа. Иако првично се чинеше дека токму нивниот план пропадна. Наспроти тоа, иако првично се чинеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, на крајот капитулира. Бидејќи планот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа, интересно е околу него да се постават некои прашања. Прво, дали нивниот план беше очајнички обид за кого од старт тие сметаа дека е осуден на пропаст или тоа што го видовме беше план кој во одредена временска точка тргнал наопаку? Второ, ако планот тргнал наопаку, кој беше изворниот план на ВМРО-ДПМНЕ? Дали можеби изворниот план предвидуваше прес-конференција на т.н. претседател на РМ со сосема поинаква содржина? Трето, ако планот тргнал наопаку, тогаш поради која причина дошло до тоа? Дали можеби ретерирањето на Никола Груевски се должи на некој разговор, далеку од очите на јавноста? Што кажале неговите соговорници за еден толку ригиден човек како него да отстапи и тоа при наизглед добиена ситуација? Дил ли е во прашање, конфискација на паричните средства на странски сметки, закана можеби, нешто четврто?

Што и да се случило зад сцената, она што е поважно во моментов е она што ќе следи. Добрите познавачи на македонската политичка сцена веќе од прес-конференцијата на Груевски сфатија дека тоа беше неговата капитулација. При таа капитулација тој дури и „пушти низ вода“ едни од своите најверни следбеници кои за неговите криминали беа подготвени да вршат кривични дела таа вечер во Собранието (патем, замислете како се чувствуваат сега тие лица, во притвор, изневерени од својот пастир). Иако Груевски и претходно знаел да се врати од изгубени ситуации, се чини дека сега ја изгуби војната. И СДСМ, по повеќе од една деценија, повторно ќе биде на власт.

Како ќе владее СДСМ? Дали извлече поуки од своето еднодецениско опозиционерство? Или, горе-долу, ќе владее онака како што владееше до 2006 година? Би сакал да грешам, но мислам дека СДСМ се нема суштински променето во однос на периодот кога беше на власт. И дека борбата против режимот повеќе ја сфаќаа како борба за власт отколку како борба за слобода. Кажувајќи големи зборови и… постапувајќи сосема поинаку. Еве само неколку индиции во таа насока.

Како функционираа режимските медиуми добро знаеме. Но, дали од другата страна имавме објективни и независни медиуми или медиуми потчинети на СДСМ? Длабока почит до оние медиуми и новинари кои останаа до крај посветени на објективното и независно новинарство, но голем дел од оние што се китат со атрибутот независни и критички медиуми никогаш или речиси никогаш не излегле со критичка анализа на СДСМ во последните години. Како тоа? Можеби бидејќи СДСМ се совршени и зашто ниту еден погрешен потег не направиле? Ако вака СДСМ ги подјармил својот дел од медиумите додека беше во опозиција, дали ќе дозволи ослободување од јаремот кога ќе биде на власт? Дали медиумите критички кон власта, ќе бидат критички кон власта и понатаму, или ќе се родат нови Сители?

Загрижуваше и односот на СДСМ кон сите оние што одбија да го признаат неговиот монопол во борбата против злоупотребите на власта. Пиштолџиски, „на прва“, се прогласуваше за одработувач за режимот секој оној што имаше различно видување на работите од СДСМ, па дури и кога бодеше очи фактот дека во никој случај не можеше да се претпостави соработка со режимот. Нему му секнуваше пристапот до медиумите контролирани од СДСМ, а по потреба почнуваа да се шират и лаги и клевети против него. „Малку за Хитлер, малку за Евреите“ – тоа беше синтагмата преку која се бараше апсолутно отсуство на секаква критика и тоа од луѓе кои наводно веруваат во толеранцијата и почитувањето на различното мислење. Ако некој не е подготвен да прифати критика кога не е на власт, како ќе се однесува кога ќе биде на власт, имајќи предвид дека власта знае да расипува, а не да облагородува?

А што да кажеме за маките на работниците? Нас во Левица многу индикативен ни беше еден случај. Работниците од МЗТ Леарница штрајкуваа и протестираа повеќе од два месеци. Како партија на страна на работниците, ние веднаш ги поддржавме и се трудевме да им помогнеме колку што можеме. СДСМ во текот на тие два месеци одржа неброен број прес-конференции, но ниту еден прес не одржаа на кој би им дале барем вербална поддршка на работниците од Леарница. Почнаа да се вртат прашања, дали можеби тоа е поради уделот што Комерцијална банка го има во случајот со Леарница? Ако треба да се земаат предвид интересите на „своите“ бизнисмени, тогаш што останува од залагањето за правата на работниците? Да не заборавиме, СДСМ за себе тврди дека е партија со социјалдемократска ориентација, а за партија со наводно таква ориентација премногу лесно поминува преку работничките права. Или, можеби определбата, искажана во изборната кампања, Стопанската комора, капиталистите, да делегираат потпретседател на владата за економски прашања е индиција дека ќе се води економска политика во корист на работниците и обичниот народ? Ах, да, газдите и работниците имаат исти интереси, заборавив, мои драги „социјалдемократи“.



На последните избори за СДСМ гласаа не само граѓани кои ги сметаа за „помало зло“, туку и граѓани кои веруваа дека тие би владееле суштински поразлично од ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе стават крај на корупцијата и клиентелизмот, дека ќе ја вратат демократијата и ќе го подигнат животниот стандард. И токму овие граѓани ќе бидат доста разочарани ако СДСМ не ги исполни своите изборни ветувања. А ако владеат онака како што владееја до 2006 година, тоа сигурно ќе го направат. Зашто во Македонија не живеевме лошо само во последните 11 години, туку и претходно, кога на власт беше СДСМ. Тоа, пак, што СДСМ никогаш не се има произнесено дека го оценува своето владеење до 2006 година како погрешно или барем со одредени грешки не дава охрабрување дека и сега ќе биде нешто многу поразлично.



Да, новата влада на СДСМ ќе има можност на почетокот со два-три лесни потези (како укинување на екстерното тестирање) да создаде впечаток дека ќе владее суштински поинаку. И, да, ќе го употребува типичниот вмро-овски трик на обвинување на претходната власт за сопствените потфрлања. И, да, ќе има медиуми кои ќе знаат да спинуваат дека се’ е во ред и дека секој ден напредуваме во секој поглед. Но, така не се подобрува животот на обичниот народ.

Повторно ќе нагласам, би сакал да грешам, но мое мислење е дека со новата влада нема да настане ситуација кога ќе биде поразлична од онаа што ја имавме пред 2006 година. Да, за време на ВМРО-ДПМНЕ стана уште полошо, но тоа не го менува фактот дека и до 2006 година не се живееше прифатливо. Ако се успиеме по промената на власта, многу лесно може да дојде до тоа, повторно да живееме онака како што живеевме до 2006 година. Затоа, да не се успиеме! Ако новата власт работи правилно, да ја пофалиме за тоа. Но, ако тоа не е случај, да не заборавиме да ја критикуваме.
Добра колумна, начнува интересно прашање за што навистина се случуваше...и се случува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Епа ајде меcто кинезите, босанците да ни прават патишта. а? Конечно ќе имаме патишта ко државите од ЕУ, па нека пукнат душмани!

Па и Швајцарија никаква земја, се неработници, да не се Албанците и екс Ју работници масоните ќе ги тргнат од неутрална зона за чување на пари, и ќе дојдат тука.
Мене само ме фрапира фактот што мислат дека има луѓе што најдалеку што прошетале е Деве Баир. Исто така, нема шанси некој да работи за странска фирма и да соработува со други европски фирми па да има инфо што како се работи таму. Мислам ок е вакви муабети на коперација да правиш ама не е во ред по форуми, чуда..
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Абее седиииии, Босанците да не им ги управуваат Телеком Словенија, тие да не се грижат за Блед, Бохињ, Постојна, Крањска Гора итн што сјае за разлика од нашиве?

Пази сега, ете Босанци имале другиве нации, ние ни тоа немаме. Гледате менталитетов, пак не е до нас кривицата, друга земја се снашла, Босанци увезла.

Уствари ти беше тој што лупаше дека Љубљана е позагадена од Скопје, така да не ни заслужуваш аргументиран одговор, пошо подалеку од плац за аута тешко дека нешто имаш видено.
А пази Љубљана прогласена за зелена престолница во 2016.:pos:
Овде полен нема во воздухот , не можам алергија ко човек да фатам, не па нешто друго :ROFLMAO:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А пази Љубљана прогласена за зелена престолница во 2016.:pos:
Овде полен нема во воздухот , не можам алергија ко човек да фатам, не па нешто друго :ROFLMAO:
повеќе од пола форум ако ништо друго на екскурзија е отиден натака, знае какво е :icon_mrgr:
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744
Мене само ме фрапира фактот што мислат дека има луѓе што најдалеку што прошетале е Деве Баир. Исто така, нема шанси некој да работи за странска фирма и да соработува со други европски фирми па да има инфо што како се работи таму. Мислам ок е вакви муабети на коперација да правиш ама не е во ред по форуми, чуда..
Се сложувам комплетно, баш би ме интересирало овие од администрација да ги пратиме на 6 месечен гурбет во странство, со истата професија.. да видиме дали ќе издржат такво темпо, значи парите треба да ги заслужиш а не овде нишај врата земи плата, или земаш повеќе пари да лепиш плакати, него некој што умира од работа му даваат 150 евра плата.

Леле бе шта речи коју послуту порати...
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Така е. Освен што работлив народ како нив ќе ги искористеше овие сончеви денови што ги имаме во годината и ќе си направеа сметка за струја да им е 250 денари, меѓу другото. Исто така тешко дека Матка ќе пливаше во ѓубришта, тешко дека ски центарон Кожуф ќе доживееше стечај, дека Демир Капија Смоквица 12 км ќе се градеа од 2011 итн итн. Паметен народ може многу да направи само да искористи што Е75 му проаѓа низ државата.

Се некој нас лошо ни мисли, се некој нас не` опструира, за чудење е ова.
Pa od raspadot na YU sve ubavini ne snajdoa, koj stigne shamari ni mava.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
slovencite se beter mrzi i lezacista. da ne se ljockite i bosancite tamu nema da ima koj da raboti. imaat duplo povece lezaci u javen sektor nego nie.
И јас така сум слушнал. Викаат дека и од Црногорците биле поголеми мрзи.
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.866
Поени од реакции
2.744
Никој не не сака бидејќи сме деца на сонцето... ама нека не мразат уште малку, за неколку децении кога ќе се вратат ВМРО на власт, со добро скован план, со правење на деца низ канцеларии, кои што ќе растат по ровови, неколку стотици увезени усташи/четници челичени со една и единствена мисла - Da gi pofratime deloite od Aleksandrovada Makedonija, ќе видиме дали ќе ви биде смешно. А до тогаш не верувам ни Сорос жив да е, ама Клинтоновци се живи па ќе се најде некој што ќе биде на удар, креативноста секогаш ни била јака страна.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сендвичу, зарем на Македонија и се потребни 180.000 административци? Зошто вака со сила правите да ве навредува човек. Мисли малку со тоа главата.
Секој што оправдува толкава бројка на администрација е луд, нема друг збор за тоа освен дека е луд. Таа администрација и тоа трупање по канцеларии луѓе кои врска си немаат од животот не донесе до тука, до држава која е најсиромашна во Европа. Верувај си ти уште на тоа дека најдобра економија имаме.
Вупивиршло , до тука не донесе глупата идеа на Австрија да измислуе албанци и албанска држава од шипатарски ќерпич, да ја имавме бе ние Италија на запад до сега ќе бевме Словенија и ќе бевме раат со 220.000 администрација...., ако под тоа се подразбира секој вработен кој е платен од Буџет......, колку реално ни требаат, а не тука да се распрааме без веза со самоходни комплекси пуни чувство на мала вредност..и големи лични желби .:cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom