Дечки, важна новост за сите што имавте или ќе имате интервју блискиов период:
1. Има нова декларација за пополнување. Тоа е оној документот од 4 страници што се поднесува при аплицирање за државјанство. Скоро ист е како досегашниот, со некој мал додаток. Сѐ уште не можам да ја најдам никаде на страницата на Правосудие, овластените преведувачи се информирани за ова, обратете се кај некој од нив. Ако јас ја најдам во меѓувреме ќе ја ставам тука достапна за сите.
2. Правосудие веќе ги бара сите документи врз основа на кои сте го добиле произходот, и сите документи врз основа на кои ви била издадена потврдата од БККС или од МБП. Во превод, тоа значи сите изводи/умреници што сте ги поднеле во ДАБЧ, преку кои сте се поврзале со ваш предок или роднина, сега ги бараат и од Правосудие. Правилата за тие документи се исти, повторно ги преведувате на бугарски и ги легализирате.
3. Тие што сте поднеле потврда од БККС или МБП, треба да извадите нов примерок, ДУБЛИКАТ од истата и него да го доставите во МП. Во случајот со БККС, еднаш веќе сте платиле 30 евра или 1800 денари, тоа е членарина и се плаќа само еднаш. Значи кратко и јасно: Се бара ДУБЛИКАТ кој НЕ СЕ ПЛАЌА.
4. Без разлика дали аплицирате во Скопје, Битола или Софија:
Не е важно колку се стари изводите и умрениците. Ако имате изводи што сте ги извадиле пред 10 месеци, 1 или 2 години, не мора да вадите нови.