Додај:
Спектакл: Заев го реализира ветеното, поднесува оставка![DOUBLEPOST=1494417901][/DOUBLEPOST]
Оди види, WC-то е затнато... прочепкај внатре, да го „отнеш“.
А ти нешто се закануваш? Или така ми се чини? Па види, стапот има 2 краја.
Дали јас чистам вециња или не тоа да не ти е гајле, бидејќи јас не се правам мангуп тука со нешто што не сум. Ти јадеше гомна откако почна да пишуваш по темиве дека си програмер, па уствари ти затоа и си на форумов за да ја браниш поранешната власт, да бараш докази, да оправдуваш криминал, и целиот тој муабет кога ќе ти го плеснат и ќе ти дадат докази ти се фаќаш за печатните грешки. Тоа доволно говори каков програмер си ти. Јас не ти се заканувам туку ти кажувам што те чека, сите тие бенефиции што си ги имал досега, сите тие глупости со кои се расфрлаше минатата власт ќе ги нема. Ако малку разбираш економија тогаш ќе знаеш дека првава година од новата влада ќе ни биде најтешка досега, заради тоа што претходната расипничка власт трошеше на чоколади а немаше за леб, сами така си викаа нели. Градеше споменици и барок, исплаќаше субвенции само на нивни членови и со тоа ги придобиваше гласовите, кратеше социјална помош за да може да се украде нешто, трошеше на глупости со кои ги задоволуваше лудите фантазии. Портрети, театри, споменици, барок, златни маси, и уште милион лудории. Тие пари се фрлени во вода, и никако не придонесуваат за развитокот на државата. Ќе придонесеа ако се изградеа фабрики, со тоа ќе се отвореа работни места и колку толку немаше да има над 150.000 луѓе што живеат без покрив над глава, ќе се зголемеше производството, со тоа ќе можеа да се враќаат земените кредити. А со барок и споменици кредити не се враќаат.
Поранешната власт остави хаос, дупка, и тоа е оставено намерно бидејќи и тие си знаеа дека така не можат вечно да владеат. Новата влада ја има најтешката задача, а тоа е да изгура една година без да касни со плати и пензии, а истовремено и да враќа кредити.
Тоа што реков дека не си свесен што те чека не беше закана од мене за тебе, туку беше предупредување бидејќи чистката ќе почне од администрацијата. Тоа што ти постојано спомнуваш за чистење вециња мене не ме засега ниту навредува, минималната плата во нашата држава е 200 евра ако клатиш врата во некое министерство, во приватна фирма има луѓе што земаат и 9000 па и 8000. Тие сите треба да бидат исмејувани нели?
Ама сепак, не ми е гајле, ти си еден обичен сендвич кој не може да ме навреди ни мене ни никој на форумов па и пошироко. Сети се на ова кога ќе седиш пред ГТЦ.
Мора да се има ред, или ќе бидеме држава или не. Затоа лај си уште за уставот, деловникот, Талат итн... Никој не те ебе програмеру.