concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Dumbledore...чекам превоз за на пат, па можеме малку да преиме муабет..Да видиме каде ти грешиш.
1. Дел од правдата е и казната. Казната на вмро и на Груевски беше тоа што паднаа од власт и ја изгубија сета моќ и влијание кои ги креираа сиве овие години. Можеби ќе добијат, можеби нема да добијат затворска казна, но ова секако спаѓа во таа казна која опозицијата ја започна, а народот и ја нанесе на таа политичка партија.
2. Повторно. Американскиот амбасадор беше јака фигура во политиките на вмро неколку години. Моментот на пресекот на тие односи многу убаво ти го посочив. И јас да би бил амбасадор, не би сакал да застанам зад одредени криминалци. И не, амбасадата служи за шамарање, а не за повлекување и донесување на одлуки. Патем, тоа беше и сцеариото на дмне, а сега веќе тоа е и глобален политички феномен, па така Ле Пен изјави дека ако Мак’ро победи, тоа ќе биде победа на Меркел, брегзит- победа на Русија, Трамп- победа на Путин......тоа се општи политички игри на кој народот одново и одново наседнува. Целта е политички поени, ништо повеќе, ништо помалку.
3. Твојот најголем проблем е што не можеш да се соочиш со фактите. Ти го шкрташ минатото, прерипнуваш одредени факти, потенцираш нешто кое е ирелевантно и поентираш на банални ствари. Во една дискурија, многу е битно да се почитува соговорникот и да се почитуваат фактите, без разлика која страна си ја фатил. Можеби не ги се допаѓа работата на СЈО, и тоа е во ред, но дел од тој став треба да ти биде и образложението. Јас не можам да те натерам на веруваш во нешто или пак да ти го променам ставот, како што не можам да те натерам да престанеш да ме навредуваш, нели? Оваа 3-та точка е главниот елемент на фалинката во твоите дискусии. Јасно е дека си за една политичка партија и имаш селективни ставови, но ако сакаш да ја цениш вистинската дикусија треба да поминеш преку нив и да започнеш со аргументите.
Казната никогаш не е дел од правдата, таа е само освета , а казни само Бог или она што ние тоа го нарекуваме ...досудува.
И јас ко оној ебиветерот ќе кажам...десет пути викам дека Грујо е минлива појава. Штом дошол , кога тогаш ќе си оди. Проблемот со кој не се слагам и во што никој не може да ме убеди дека е некаква правда, е процедурата по која проба тоа прекутрупа да се изведе, очигледно при што некаквата правда е последна дупка на кавалот.. Исто како сега ова со Талат Џафери.. Насилно се спроведува процес кој , кој што сака нека каже... не е ни легален ни легалистички..и свесно е правен со задна намера да биде камен на препнување уште мнооогу долго време и причина на само Бог знае кои последици.
Американскиор амбасадор си е американски амбасадор и има свои господари и задачи. Неговото овдешно однесување иритира. Методологијата на неговите господари .. прво е срамно нечовчка и понижувачка за жртвите, а второ исклучително себична и без никаков респект за интересите на другите. А кој како и колку со нив мешетарел и зошто ..тоа е веќе политичка и лична одлука и последиците си ги сноси донесувачот на таквите во полн износ.
Соочување со нешто што не се факти незнам како да го дефинирам.. Соговорникот го почитувам секако повеќе од тоа колку тој ме почитува , што е последица на моето воспитание. Дај пример каде овде сум покажал непочитување без да има причина за тоа.
СЈО не ми се допаѓа како идеа од повеќе причини. Прво е несутавна категорија и одлука донесена од неколку десперадоси кои треба да се обесат групно а не да се дискутира за нивните намери и цели. Второ очигледно е американско масло бидејќи смрди на нивните методи. Трето , ако заради некоја умислена вонредната ситуација и се прифати нешто такво, тоа мора да е времена институција која ќе се скоцка од личности со општоприфатени доблести и чии одлуки нема да генерираат никаков, дури ни изнасилен сомнеж. Ако треба и странци. Такво нешто не се прави со три-четири гуски што е голема намерна увреда и понижување за Македонскиот народ и народностите овде.
Нормално, ако се испушти од вид она што и од авион се гледа , а што тебе очигледно ти годи.
Уништувањето на Р Македонија и бришење на Македонскиот народ од списокот на живи народи.
Добар даље....