Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Toa е дел од балканска култура да со пукање поминуваат свечености и радости. Ако за ова не реагираше дипломатскиот кор, зошто пак да коментираме за Села

Овие барем не се во населено место, инаку ист менталитет, се согласувам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Прво да се разбериме, не дека се сјајни, но дечките прв пат се осврнуваат на суштинска левичарска проблематика, СДСМ бе со Муратовски се осврна на работничите права? Или овој сега шо мисли дека е Џими Хофа?

Која е таа реалност?
Прво тие не претендираат да бидат носители на мандат, нема да формираат Влада, меѓутоа има неколку ликови кои имаат капацитет, а тие споредено со она што се промовира во останатата политичка понуда се друга класа, повисока.
Шо има тука спорно?
Инаку имаат програма и беше промовирана, иначе може да се спореди со понудата на др партии, шо понудија жити виделото?
Сеа се ќе опрајме?
Имало мноу администрација треба рационализација? По кој критериуми бе?
Реизбор на судии? По кој критериуми?
Наши место нивни сеа готово ќе ги решиме?
Кој ќе регулира бе вработувања во јавен сектор, јавни набавки, кој понуди транспарентност целосна во овие проведури, кој нешо конкретно па да можеш врз основа на тоа да ги деградираш дечките од Левица?
Убедливоста на левицата се виде на избори.
Јас никогаш не би гласал за нив. Реформите на државата се сериозна работа. Тие нек си дозавршат факултети, нек пишат колумни или бидат наставници по историја или филозофија.[DOUBLEPOST=1494282957][/DOUBLEPOST]
Овие барем не се во населено место, инаку ист менталитет, се согласувам.
Па цело вевчани беше собрано за водици за крстот. Тука наоколу имаше сигурно стотина души.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.353
Поени од реакции
4.149
Не знам мене аналново тртење на вмро и поддржувачиве не ми делува ко фантазија,појчето гледам ја намачкаа од форуми и фејсбуци уште ти и програмеров топеничар останавте,тој со уставо ти со ребуси и гатанки:pos:
За ова ја сакам кајгана :LOL:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Убедливоста на левицата се виде на избори.
Јас никогаш не би гласал за нив. Реформите на државата се сериозна работа. Тие нек си дозавршат факултети, нек пишат колумни или бидат наставници по историја или филозофија.
Тие не сфатија дека живеат во партиско-полициска држава, каде секој шо и ѕирка во политика се става под присмотра, подметнати ликови во одреден момент да створат раздор и ред др работи, во секој случај ти кажав дека не претендираат да формираат Влада, а да водат ресор можат и тоа како.
Инаку реформите се базираат на фолозофски постулати и минати искуства-историја, баш имаше текст од World Economic Forum, препорака да се чита историја кон политичарите...како се прават реформи, ќе ги избркаме „нивните“ ќе ги пикниме „нашите“ и викај ура до следни избори...треба критериуми, треба квалитет. Не партиски војници.
Далеку сме ние, светлосни години од вистински реформи.
Ако ништо др бар имаат капацитет да напишат нешто.
Малку почит, се залагаат за нешто позитивно и ново шо е најтрагично.
Никој не се осврнал на Синдикатот како таков и работничките права досега.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ако Заев не ги пикне во затвор Гвујо и фамилијата, јас прв ќе напишам овде дека е најголемо говедо. По тоа како Гвујо мирно ги турна гаќите, и мене ми се чини дека нешто договори за себе. За жал, се ми се чини дека јабана ќе одат Гоца, Миле и двјаца тројца од покрупните риби, и повеќемина од трет и четврт ешалон како и некои "бизнисмени" од типот на Сеад Кочан, додека Гвујо ќе си го извлече газот.
Јас го потпишувам ова сценарио без око да ми трепне.
Да не се лажеме за Грујо и братучед му Саша, сигурно тежат милијарди евра, а со таа пара можат да исценираат милион глупости, во кои невин народ ќе гине од нивната платеничка паравојска.
Реално за ова наше никакво општество да одат 2-3 министри во затвор ќе биде бум во позитивна смисла. За Грујо и Саша мислам дека максимум што може да се направи е да се натераат да пребегаат и да им се заплени дел од огромното богатство. Што и не е мала работа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.173
Поени од реакции
16.304
Ова е пишано ден пред немирите у собрание. Имаше реални шанси за вакво сценарио
..можеа и требаа да апсат функционери од Дуи а и ех функционери од Сдсм, за аферата Телеком, па излезе од УСА пресуда за митодавачите 2 дена пред настаните во Собрание... настаните во Собрание беа сценарио, по настаните во Собрание се се заборави... ако не влезеше толпата во Собрание, изборот на Талат ќе беше лакрдија и ќе потраеше до регуларниот избор, посебно на регуларните седници ,можеше да се предложат и други кандидати......
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.037
http://think24.mk/2017/05/08/sela-prechekan-pukotnitsi-ke-zamizhat-li-sdsm-nuhiu-pred-ova/#
Праќаш лица од УБК/ДБК во Струга да утврдат кои се лицата што пукаат и КРИВИЧНИ, а може и нешто дополнително доколку се утврди дека немаат дозвола за поседување на ОРУЖЈЕ.
Нели се стремиме кон ЕУ, па еве можност да се делува европски :)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Не знам само кој мисли дека Балканфилм продукција може да му продава на Холивуд :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
http://think24.mk/2017/05/08/sela-prechekan-pukotnitsi-ke-zamizhat-li-sdsm-nuhiu-pred-ova/#
Праќаш лица од УБК/ДБК во Струга да утврдат кои се лицата што пукаат и КРИВИЧНИ, а може и нешто дополнително доколку се утврди дека немаат дозвола за поседување на ОРУЖЈЕ.
Нели се стремиме кон ЕУ, па еве можност да се делува европски :)
Па ќе се утврди дека најголем број на оружја и дозволи се добиени во последни 10 години но не била одговорна министеркта за полиција, исто како шо не беше одговорна министерката за култура за пљачка на милијарди евра вредни артефакти од музјите или министер за здравсто шо не бил одговорен за смрт на деца кои не биле оперирани или не бил одговорен директор на УБК за 10 годишно прислушкување на влада министри новинари и граѓани од страна на странски служби....
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Ha овие да им дадеш едно семејство да водат ќе се изгубат.
Студенти филозофи кои читаат маркс, Пруст, Че ге вара и за се имаат решение на папиру, а се уште живеат со родителите и се гребат за цигари
Да си здрав и жив чарли,тешки случаи во најмала рака.Повеќе од пола левица ги знам,хронична мастурбација на ленин и другови,демек комунисти а сите заедно 2 недели немаат работено,јас колку сум запознат комунизам помеѓу работниците со пример се ширеше,одиш по рудници,железари работиш и живееш со сиромасите и полека ги заразуваш со црвената болест,овие мислат треба мемиња со маркс и виетнамка и вуала си станал болшевик,малце ако му се спротиставиш ко конкрит на форумов се,ти си слепец слуга на империјалистичките мрачни сили и нема шо да се дискутира со тебе...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
..не може бе, сјо е октроисана неуставна категорија ....дури ни американскиот амбасадор не може да ја ракоположи. Има ограничена задача , ако може да ја сврши нека ја врши , ако не нека си одат дома , многу бе пари лапаат за џабе...:cool:
Сериозно сакаш да зборуваш за уставност? На секој агол во просториите на СЈО имаш неуставност, кривични дела, кршење на човековите рава и слободи и кршење на уставот преку злоупотреба на слоубената должност. Нормално зборувам за документите кои ги поседуваат и кои се поврзани со разговорите кои потекнуваат од нашите тајни служби, кои пак се креирани со цел крадење на туѓи бизниси и служење како уцена за крадење на што повеќе пари од страна на партијата која паѓа од власт. Се’ што предвидовме се оствари, како на пример дека Груевски ќе даде оставка, дека никогаш повеќе нема да биде премиер и дека вмро конечно ќе падне од власта која моментално ја узурпира. Сето тоа се негираше пред изборите каде предвидувавте победа 2-1 за вмро, или некој рече дека вмро ќе има 20 пратеници повеќе! Каде е тука грешката?

За СЈО гласаа 103 пратеници, многу повеќе од било што изгласано во Собранието последниве 10 г. :)
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
"САД и ЕУ со новo сценарио за Македонија"

И кога очекуваш да почнат камења да почнат да паѓаат од небо, поточно, вест дека упаднале 800 терористи на македонска територија спремни да ја одбранат фотељата на Заев добиваш ладен туш:

"Возможно ли е стравот од разгорување на политичката криза во Македонија и опасноста тоа да продуцира нестабилност на Балканот да го забрза членството на нашата земја во НАТО и во ЕУ."

Сценарија и теории колку сакаш, нема кој да го сними филмот.
Mene mi ima logika ovoj article od nova makedonija i grckite analizi. Zavisi od nas kako ke se odnesuvame i sorabotuvame. Ako ideme so glava u dzid, kako do sega, nema da ne bide.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Можам само да го повторам она што го напишав. Секој треба да си одговара за свој престап, а СЈО нема ингеренции за ваков тип на дела.
Во ред, но моето прашање имаше продолжеток. Ако добијат простории во ЈО, што е едно од сценаријата затоа што имаат временски рок за вршење на својата работа (што пак е нехумано затоа што ЈО речиси ништо и да не сработи, а има апсолутно одврзани раце во секој домен пропишан со законот, нема временски ограничен рок и повторно губи во искажаната доверба од СЈО!), дали би било фер да го земат и овој случај затоа што повторно ќе се соочиме со плагијат судења, како што беше она брзо-брзо со лажниот сведок околу тоа дека разговорите биле набавени од странски тајни служби! Ако се прашувам, јас би го прочечкал и тој случај затоа што на моја страна имам документи и сведоци кои го негираат тоа, а од другата страна ја имам алката која недостасува за тоа дел власта директно е одговорна за разговорите и обидот да се скрие тоа со еден лажен сведок кој лежи, веројатно, за еден тон пари. Јас мислам дека би било фер, во вакво сценарио, кое е повеќе од очегледно. :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сериозно сакаш да зборуваш за уставност? На секој агол во просториите на СЈО имаш неуставност, кривични дела, кршење на човековите рава и слободи и кршење на уставот преку злоупотреба на слоубената должност. Нормално зборувам за документите кои ги поседуваат и кои се поврзани со разговорите кои потекнуваат од нашите тајни служби, кои пак се креирани со цел крадење на туѓи бизниси и служење како уцена за крадење на што повеќе пари од страна на партијата која паѓа од власт. Се’ што предвидовме се оствари, како на пример дека Груевски ќе даде оставка, дека никогаш повеќе нема да биде премиер и дека вмро конечно ќе падне од власта која моментално ја узурпира. Сето тоа се негираше пред изборите каде предвидувавте победа 2-1 за вмро, или некој рече дека вмро ќе има 20 пратеници повеќе! Каде е тука грешката?

За СЈО гласаа 103 пратеници, многу повеќе од било што изгласано во Собранието последниве 10 г. :)
:facepalm::facepalm::facepalm:..не ме растажувај посабајле ваков мутав и глуп, кобајаги за некаква иднина те продаваат....американскине преварантски џукели... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom