Лондон
1. Транспорт
1.1. Метро
Лондонското метро е наiстаро во светот (1863) и прво со возови на електричен погон (1890). Мрежата iа сочинуваат 200 километри тунели (од вкупната должина 400 км) и 11 линии со вкупно 287 метро станици, користени од без малку 5 милиони патници дневно.
Целата мрежа се простира низ 6 зони и цената на билетот зависи низ колку зони поминувате и кој период од денот е. Така на пример, за време на rush hour 7-9 am и 4-7pm, билетот за прва и втора зона чини £2.7, додека во останатиот дел од денот и во недела е £2.2.
Oyster картичката функционира од 2003 година (£5 refundable картичка и £5 кредит, може да се надополни преку вебсаiт, кеш и банкарска картичка). Ја купувате од машина, можат да iа користат неограничен број на патници (не во исто време) и не содржи фотографиiа во било каков формат или некаков личен податок (за разлика од кражбата на столетието наречена "Скопска" со коiа имав краiно негативно искуство пред месец дена кога бев во Македониiа).
Сontactless плаќањето со банкарска картичка и телефон е воведено од 2014. Купувањето хартиен билет е поскапо за 10-20 пени.
Интернет проваiдерот Virgin media обезбедува бесплатен брз и стабилен интернет за сите корисници на метрото низ скоро сите станици, така што останувате конектирани со надземниот свет (вклучително и GPS) во текот на целото патување.
Од другите интересни работи за лондонското метро: Oxford Circus е раi за туристи и ноќна мора за оние кои се враќаат од работа.
Hampsted е најдлабока станица (60м), бидејќи се наоѓа под рид на шумата Hampsted Heath.
Возовите на Метрополитен линиiата се наiбрзи (90 до 100 км на час), за разлика од просечната брзина на сите линии што е околу 60 (33 ако се земе и времето на запирање). Наiблиското растојание меѓу две станици е 260 метри меѓу Лестер Скуер и Ковн Гарден - 15-20 секунди, а најдолгото трае околу 3 мин и 20 секунди меѓу Каледониан Роуд и Кингс Крос (6.3), и двете на Пикадили линиiа.
Инаку од искуство, лондонското метро е преполно со прегласни туристи и е краiно непријатно за патување за време на шпицот. Камери за препознавање на лица снимаат од секој агол, платформите се небезбедни (за разлика од оние кај Канари Ворф), а навечер врие од глувци
Од друга страна, честото присуство на вооружените единици на Метрополитенската полициiа со кучиња за детекција на експлозив делува по малку смирувачки во целиот тоi хаос. Инаку Лондон има посебна полициска единица за транспорт, која носи само палка и лисици :/ а iавна таiна е дека влезните и излезни врати имаат рентгенски систем за детекциiа на ладно и огнено оружiе и експлозив (по настаните од 2005).
Кога ќе имам повеќе време, ќе постирам мои слики од метрото.
И да, добро ве наiдов!